Сакам јагнешко, конкретно ја демонстрирав способноста да изедам енормни количини од истото во изминативе неколку дена. Според мене јагнешкото е едно од највкусните меса, за полезно незнам и не ни се обидувам да дознаaм
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Спанаќот е супер ако е добро приготвен, да бидам искрен со нетрпение го очекувам кога се затекнувам во Македонија.
Пача е бљак, бозата е одлична, од Апче, фала богу или некое слично добро место, гравот е прекрасен, со исклучок на чорбестиот.
Обожавам сарми, лозова, од расол или дроб, обожавам пилешко припремено на било кој начин, сакам и грашок, боранија, од магдонос понастрана се држам.
Зелена салата,марула или карфиол со задоволство ги мљацкам, како и морковчиња, со посебен акцент млад кромид и лук, цвеклото е мерак од тегла, како и кисели краставички.
Ќофтиња, скари, па и мусака, се што е од мелено месо е прифатливо.
за поегзотичните другпат.
Всушност, се си има своја убавина, до мајсторот е како ќе ги приготви.