Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
да ли некој слуша: Рита Ора
Биби Рекса
Ера Истрефи
Дуа Липа
На радио имам слушнато дека ја викаат Бебе Реџа. Произволново преведување на името ме потсеќа на времето како наместо Сиара сите викаа Кјара.
Инаку освен Ера Истрефи, ниедна од другиве три не е типична албанка нити може да се нарече таква. Ора и Реџа ти се Американизирани до даска, ако веќе градиме слика за идентитет, тоа е американски повеќе од албански. Дуа Липа исто така, само што она е повеќе Британка него ли албанка. Растена со музичка елита од Лондон & co. и не гледам да испаднала поинаку. Сите три се одлични вокали, ги имам слушано во живо. Секоја со свој стил, и посебни уникатни карактеристики како изведувач.
Истрефи ми е онака ок, просек at best, премногу autotune користи и други вештачки корекции на гласот во сигнловите, и премногу звучи како Ријана, дури и во природна форма. Лошо е кога те споредуваат со некој друг наместо да се истакнеш со своја уникатна боја и текстура на глас. Нејзиниот најпознат сингл (т.е. англиската верзија од него) - Бонбон еден добар период се мислеше дека е некој нов хит на Ријана која го тестира како сингл преку некој си алијас/псевдоним (дур не излезе спотот каде се прикажува Истрефи).