Колку само не си во право тоа е чудо... Грујо владееше до пред четири години, не пред 30, па да немаме меморија. Таков медиумски мрак, шиканирање на политички опоненти и цензура се без преседан. Можеш да ја споредуваш оваа власт со претходната во многу сегменти ама во слобода на медиумите не. Тоа што се случуваше во грујово време е за во учебници.
Каде беа објавувани бомбите на Заев? На почетокот за првите бомби имаше штама во куртонските медиуми. Убаво се сеќавам, кога беше објавена бомбата со Мијалков и Латас за Љубе Бошкоски на Сител цела вечер одеше кајрон со најава за екслузивна вест - „Кочанчанец си го отсекол пенисот“. Ни збор ни ништо за она за што збори цела држава...