Колку само не си во право тоа е чудо... Грујо владееше до пред четири години, не пред 30, па да немаме меморија. Таков медиумски мрак, шиканирање на политички опоненти и цензура се без преседан. Можеш да ја споредуваш оваа власт со претходната во многу сегменти ама во слобода на медиумите не. Тоа што се случуваше во грујово време е за во учебници.
Каде беа објавувани бомбите на Заев? На почетокот за првите бомби имаше штама во куртонските медиуми. Убаво се сеќавам, кога беше објавена бомбата со Мијалков и Латас за Љубе Бошкоски на Сител цела вечер одеше кајрон со најава за екслузивна вест - „Кочанчанец си го отсекол пенисот“. Ни збор ни ништо за она за што збори цела држава...
Грујо владееше пред 4, Заев сеуште владее.
На која телевизија одат сега бомбите за Заев и 6те милиона освен по јутјуб канали? Ако тоа претходно беше режим ова е диктатура у права смисла на зборот. Ни еден закон не се почитува, се прекршува устав, се прекршува деловник у собрание, закони се носат со 56 гласа. Со политички монтирани процеси се уценуваат пратеници да гласаат промена на устав, јазик, историја, идентитет, државјанство. Тотален медиумски мрак. Никој не збори што ветил Заев а што исполнил. Никој не збори за гаранциите што му ги даде на Иванов. Никој не збори како се богатеше сам и тие околу него.
Замисли да имаше бомби за Грујо во 2016 како бара 6 милиони? На улица жив ќе го задавеа со голи раце. Или да паднеше серверот за време на пребројување гласови во ДИК? Или да се десеше корона во негово време и да имаше по 200 заболени на ден? Или неговиот најдобар соработник да биде фатен како рекетира бизнисмен и носи торба пуна пари?
Еден протест не е направен против Заев наназад 3 години. У време на Грујо, Брнко секој ден праеше протести и блокираше улици, кај него пред зграда у К. Вода, пред Суд, пред МТВ. Јас сум протестирал пред против Грујо како средношколец против државна матура. Влакно не ни фалело. Исто и на тие од шарена револуција.
Иди протестирај сега ако си маж да те видам.