Се додека не се донеси данок на луксуз што ние го викаме а го има низ цела Европа ситуацијата нема да се смени.
Овде во Холандија е вака. Ако имаш повеќе од една недвижнина, првата ти е регистрирана недвижнина на која што живееш, секоја друга е инвестиција. За првата недвижнина имаш некои субвенции за купување ама за секоја наредна те бричат на суво.
На екстра недвижнина има претпоставена сума за издавање, годишно ти даночат 13% од таа сума без разлика дали си го издавал или не

. Ова 13% е плус од сите нормални даноци како данок за ѓубре, земиште, вода, осигурања итн итн. Башка што имаат месечен придонес за одржување на зграда. Месечно за секој екстра стан се дава сува пара за даноци + 13% годишно од годишната сума за изнајмување. Ова прави да на никој не му се исплати да чува станови празни без да ги издава или продава.
Кај нас во Македонија нема ништо вакво, па на сите им е поисплатливо да трупаат по 2,3 станови без да ги издаваат или продаваат. Не е само Скопје, и Прилеп е така. „Најелитната“ населба (типските) - градена во 90 ти, сите куќи ги изнакупија уште во градба австралјанци и канаѓани за аманет од мајка македонија да им стојат така. Не пуштаат па и цена, ако тогаш ги купиле за 100к марки сеа бараат 100к евра.

Во Прилеп

. Во дотраени куќи во кој никој не влегол последниве 20 години

. Никој не им ги купува и истите огласи стојат еве веќе 4-5 години.
Можам и да кажам дека тоа беше една од причината што си заминав од Мк. За обичен 2 собен стан во Ск, во обична населба како Кисела вода се бараат 80к евра. Тоа се 160 ок македонски плати. Во Холандија исто обчен 2 собен стан во голем град во обична населба се бараат 200к, што се 80 ок холаднски плати.
Кај нас во Мк е и проблем што нема некое движење во пазарот на подавање и купување оти како народ сне такви што сне врзани за родното огниште, тешко ни се напушта (а не пак продава) татковата куќа. Неверојатно е да слушниш како млад брачен пар наместо да купат друг стан куќа земаат ја креваат татковата куќа со плус еден спрат иако инвестицијата на крај е скоро слична.