Ги пратам и ќе ги пратам
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Годинава имам голем проблем со наоѓање стримови. Сегунда даваат преноси на јутјуб, ама ние сме блокирани ради тоа што Спортклуб ги има правата, а уствари даваат по 1 натпррвар неделно.
Депортиво лани беше на праг да влезе во Примера, но немаа среќа на реваншот со Мајорка. Ситуацијата со финансиите стана полоша и мораа да се ослободат скоро од сите подобри играчи. Беше направен целосен ремонт. Остана само Бергантињос од старите волци.
Клубот беше во катастрофална атмосфера ради проблемите во раководството, лошата работа со школата и начинот на раководење со клубот во кој место да се форсираат играчи од академијата, се носат играчи на позајмици кои кур ги заболе за клубот. Иако тимот на хартија е добар и може да се бори и за прва лига, за жал стартот на сезоната беше очаен. Депортиво беше убедливо последен до полусезона, пред да се врати Васкез на кормилото. До пред три кола, бевме најдобар тим во последните 25 натпревари.
И место лесно да се приведе сезоната до крајот, си дозволија распад.
Пораз на домашен терен од отпишаната Екстрамадура, пораз во Малага без шут кон гол и пораз од Мирандес минатото коло. Како за беља, Луго со десет играчи, успеа да слави кај Тенерифе на гости со гол во 96та минута и Депортиво влегува во последното коло од опасната зона.
Да напоменам дека судењето во лигата е катастрофално, какви само пенали се судеа против Депортиво...
Раздорот во тимот е голем. Беше вратен Емре Чолак како големо засилување, али типчето е тежок карактер и константно прави проблеми. На последниве средби беше изоставен од тимот. Имавме некои повреди кај дефанзивците, а замените не се соодветни.
Сега треба да се победи Фуенлабрада која се бори за прва лига и да се чека кикс на Луго или Албасете. Албасете игра со Кадиз кој веќе си обезбеди Примера. Тешко дека ќе играат сериозно.
Јас не верувам ни дека Депортиво ќе тепа вечер, така што шансите за отпаѓање се 99%. Клубот е во катастрофална финансиска положба, но склучи договори со АБАНКА за долгорочно исплаќање на долгот. Сепак, со тонење низ лигите, тоа ќе стане невозможно.
Практично, вечер се решава судбината на клубот.