Инаку зошто го преновија пеналот на Реал против Виљареал? Што се криви од Виљареал што се глупираа овие од Реал и што Бензема влезе 17 метра во 16ник пред Рамос да го изведе пеналот? Искрено според мене мора да се менува ова правило во иднина, у стилу ако се деси екипата што шутира пенал да направи прекршок, односно нивни играч да влезе порано во 16ник а притоа го дадат пеналот автоматски да им се поништи истиот, а ако некој од екипата против која е свирен пенал влезе порано и притоа промашат другите тогаш да се повтори пеналот. Нешто слично како во ракомет, ако напраиш престап поздрав, ако промашиш а влезе некој од другата екипа порано во дозволениот простор тогаш повторување и тоа е тоа.
Гледам во сите лиги има повторување на пенали од типот пуца некој пенал, дава гол, а притоа од екипата против која е свирен пенал некој влегол порано во 16ник. Зошто? Зошто да се пренови пеналот? Никаква логика нема, исто како ова на Бензема и Рамос.