Апасиев моментално или го припремаат да го стават во некаков „контекст“ или пак ова со кривичните стојат структури од претходната власт кои се обидуваат да зголемат тензија. Не верувам дека се толку малоумни graxanite heroi, изгледа некој виде дека тие се закануваат на Апасиев па овие ги „реализраа„ заканите.
Во секој случај ќе го стават под жесток притисок, сега дефинитивно ќе биде под микроскоп, пошто досега беше под лупа, ќе се оди на максимално валкана игра од сите страни за да го стават под контрола, под услов да не одработува за некој.
Лошо е шо поддршката ја доби од луѓе кои се анти Мурто/Курто и очекуваат да ги напаѓа двете условно речено страни, а тоа ќе биде ставано во различен контекст во дадено време, ако го нападне Мицковски, веднаш власта би отворила истрага или би започнала да го експлоатира медиумски тоа шо е цел на нападот и тука ќе се создава погрешен впечаток, или обратно, неговите напади врз СДСМ да ги експлоатира ДПМНЕ.
Треба да оди по ептен тенка црвена линија и да не премине на страна, затоа шо тогаш е готово.
Е сеа најлошото е шо има шанси да е истурен играч, па она шо не може да го каже без ракавици некоја од поголемите партии (анти НАТО, албанизација итн) го говори токму тој...
Проблемот е шо никогаш нема целосно да ја видиме сликата, или ако веќе се отскрие ќе биде премногу доцна и залудна би била реакцијата.
Во секој случај е доволно секогаш кога некој учкар се заканува со дестабилизација, отцепување итн, Апасиев во ист жаргон да противречи со спротивна реакција, еве се закануваат со дестабилизација ако ДУИ не биде дел од власта, може комотно да каже дека го загрозуваат уставниот поредок и дека ќе бидат елиминирани... да балансира малку
