Денес праевме чаршијарски муабет уз кафе со вмровци и ездеесовци од кадешто муабетот се сведе на тоа дали народот во иднина ќе сака ЕУ интеграции со западњачки идеи или домашна економија со домашни фирми кадешто повеќе би биле свртени кон социјалистичкиот модел на управување, кадешто би ги отфрлиле сите договори и би се декларирале како Македонци па на кој му чиниме чиниме.
ЕУ интерграциите се лага, ако сакаат да не внесат за 1-2 години ќе влеземе чисто дека има доста административни работи кои би требало да се сретнат. Ако не сакаат да влеземе, ете ви ја Турција за пример. Како што кажа Турскиот министер за надворешни работи: Човекот од ЕУ што ги започна преговорите со нас беше млад амбициозен и полн со живот, сега тој е мртов. 40 години едно поглавје немаат отворено.
Од друга страна ја имаш Бугарија, Романија и ред други кои кога беа примани не знаеја кај се. И ја имаш Црна Гора мафијашка држава без ниту една државна институција како затвара поглавја.
На кратко ЕУ интеграциите се лага, ние таму не влагаме. Во НАТО не бутнаа зошто Америка инсистира целиот регион да го има под контрола и со тоа е завршено. Од НАТО не можат да не исфрлат што и да направиме, зошто немаат процедура за тоа. А глупости како излегување од НАТО се претерано висока политика за нас и не гледам зошто би правеле такви глупости. Едноставно како многу НАТО членки, викај да, ќути си и гледај што помалце да мораш да им дадеш.
Денес праевме чаршијарски муабет уз кафе со вмровци и ездеесовци од кадешто муабетот се сведе на тоа дали народот во иднина ќе сака ЕУ интеграции со западњачки идеи или домашна економија со домашни фирми кадешто повеќе би биле свртени кон социјалистичкиот модел на управување, кадешто би ги отфрлиле сите договори и би се декларирале како Македонци па на кој му чиниме чиниме.
Ова ќе мора да го дообјасниш зошто не разбирам што се западњачки идеи. Македонското општество го изеде од внатре политичкиот клиентелизам. Ние немаме назадни општествени идеи ( во најголем сегмент од општеството). Ниту сме расисти, ниту сме фашисти, ниту анти-научно и анти-цивилизациски настроени/
Необразованоста и немањето свест за некој работи се во главно последица повторно на партиите кои не срозаа во многу сегменти. Али нашите идеи воопшто не се разликуваат од западњачките.
Денес праевме чаршијарски муабет уз кафе со вмровци и ездеесовци од кадешто муабетот се сведе на тоа дали народот во иднина ќе сака ЕУ интеграции со западњачки идеи или домашна економија со домашни фирми кадешто повеќе би биле свртени кон социјалистичкиот модел на управување, кадешто би ги отфрлиле сите договори и би се декларирале како Македонци па на кој му чиниме чиниме.
Мислам дека дискутирање за системи на економија кога немаме суверена власт која сака да владее со државата а не да управува со нејзе за туѓи интереси е едноставно прерано.
Али во секој случај по мене какво било прерано правење на големи економски промени во економијата може да не руинира комплетно. Државата да се концентрира на владеење на правото, функционирање на институциите, ФУНКЦИОНАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ и постепени мерки за доброволно приклучување кон домашни проекти е по мене најдобриот пристап.
Да очекуваш дека некој од надвор ќе дојде и да те среди е смешно. Се што ќе се случи е да ни отворат некоја фабрика за кабли кај што носталгичните ќе ринтаат како робови, ЛИДЛ и АЛДИ да ни продаваат нивни производи и ќе не исцицаат и од последните капки на професионален кадар.
Македонскиот народ мора да научи да соработува на доброволна база. Мора да се прекине ширењето на недовербата и да се искорени "снајдувањето".
Денес праевме чаршијарски муабет уз кафе со вмровци и ездеесовци од кадешто муабетот се сведе на тоа дали народот во иднина ќе сака ЕУ интеграции со западњачки идеи или домашна економија со домашни фирми кадешто повеќе би биле свртени кон социјалистичкиот модел на управување, кадешто би ги отфрлиле сите договори и би се декларирале како Македонци па на кој му чиниме чиниме.
Ова е митот кој го шират водачите на СДС и ДПНЕ зошто не се водачи туку се полтрони и управувачи ( слично на управувачите од робовските плантажи).
Европа на ниво на ЕУ никогаш не би не блокирала на ниво на санкции и ембарго поради нашите спорови со Грција и Бугарија посебно кога Грчките и Бугарските барања се чисто фашистички. Значи ЕУ колку и да е курва мора да се преправа дека има барем некакви стандарди. Пред секој Европски суд би им паднале одлуките кога ќе се види за што не условуваат Грците и Бугарите. Смешно е.
Искрено Бугарија не верувам и дека премногу би реагирала. Нивните сегашни барања се зошто после Преспанскиот договор видоа дека си имаат работа со бескичмењаци и пробуваат и они да ќарат нешто, Ова е како женската од маало што на сите вика да, може не си бил баш заинтересиран али кога веќе гледаш дека е тука ај што и ти да не. Бугарите секогаш биле опуртунисти на прво, второ и последно место.
Додека си седиме во НАТО, не пробуваме да правиме глупости како занимавање со виша политика ( делот од платформата на Левица околу Палестина, Јужна Кореја, Каталонија и Неврзаните треба да го избришат одма по мене). Да првичната реакција на Грција ќе биде многу бурна, али очекувам за неколку години да се нормализираат економските односи а после некоја декада и сите односи. Сепак патиштата од Солун накај Србија,Унгарија и понатаму сеуште водат преку нас а они имаат и еден тон фирми кај нас кои можат да бидат национализирани додека ние кај нив немаме ништо. Без одење на море во Грчка мислам дека ќе преживеееме некако.
Европа сепак од чисто геополитички причини не верувам дека би си дозволиле да си направат Палестина во Европа. Зошто да се разбереме ако ни лупнат комплетно ембарго на нас ќе ни остане криминал, дрога и шверц.