- Член од
- 13 септември 2015
- Мислења
- 1.056
- Поени од реакции
- 2.550
Еве ти над мене човек што ти потврди,така да пред да изедеш гомна распрашај се малце и ти и тие што ти лајкналеА бе не трескај глупости.
Еве ти над мене човек што ти потврди,така да пред да изедеш гомна распрашај се малце и ти и тие што ти лајкналеА бе не трескај глупости.
Би рекол и дека има една огромна маса на ДПНЕ гласачи кои гледаат на него како маченичка фигура која ете беше протерана во Будимпешта само зошто не сакаше да го продаде името. Мијалков, 8 те одметнати пратеници, министрите и тој градоначалникот на Кавадарци кои што се приближија на СДС се гледаат како вистинските предавници кои цело време ја копале партијата од внатре додека Груевски се борел за Македонија.Има тука доста вистина, тоа е таа фракција квази патриоти кои што во времето на Грујо уживаа разно разни привилегии и сега со носталгија гледа на таа владавина, ја поима како општонародна. Грујо во суштина успешно оперираше со онаа група на граѓанство лесно подложна на манипулации. Во руралните средини посебно е силен овој култ. Ова беше купена доверба, навистина немаше ништо со некава национална кауза и патриотизам, туку чист опортунизам во обете насоки.
Сепак мислам дека има една група што го негува култот исклучиво кон симболиката на кратенката ВМРО и се чувствува предадено од ноншалантноста на актуелното раководство, очекувајќи некаков порадикален пристап.
Во реалноста факт е дека ВМРО имаше огромен простор да гради база на гласачи доволно голема за да сега Заев и неговата владавина завршат на политичката депонија.
Традиционалните гласачи на ВМРО последниве години се потиснати од политиките на СДС кон руралните области. Голем дел од нив се иселија, оставија имот позади. Нивните потомства не паѓаат на фори од типот субвенции, млад земјоделец, работа во ф-ка за кабли, метач во комуналец...
Лојалноста на јавната администрација е променлива варијабла и од тој аспект СДС создаде солидна база на гласачки ботови.
На ова ВМРО нема да му биде толку лесно во вакви едни околности да манипулира со истите фори како што правеше Грујо. Тие сега кога не успеаа да победат, се прашувам каде ќе бидат за четири години ако останат во опозиција а притоа не сменат ништо драстично во нивните сегашни политики.
Ќе знаев дека лажете како и секој пат ако ветевте дека ќе го вратите името. Али вие ја немавте смелоста дури и да ветите и да ме излажете. Од мене повеќе глас никогаш нема да видите.
Ептен си грешка тука. Баш тие гласачи им фалат, тие најхардкор кои гласаат само поради името ВМРО, за кои ЕУ е се најлошо, екстремно десничарски настроени. А тие не беа малце како што гледаме, 100к отприлика, сега или не гласаат или гласаат за помали партии. За нив Грујо е херој, го гласаа до последно. Политиките на Грујо никогаш не беа поразени, немаше потреба да ги менуваат, само требаше да продолжат по нив и да внесат уште подесничарски работи, сигурен сум дека ќе победуваа од шала. Ако не се сменат работите и остане ова раководство, се повеќе гласови ќе им се одлеваат по помалите партии, пред се во Левица. Ќе останат само тие што имале директна корист и тие што се надеваат на корист во иднина, 250 000 полна капа.Имаше што да го убедува народот, посебно кога ВМРО на грб се уште го носи багажот од дивеењата на Грујо. Тие овие три години требаше да го убедат народот дека ВМРО не е веќе истата партија од тоа време. Народот веќе еднаш се изгоре со СДС сега нормално е да има изгубена доверба во било која партија и пред да одлучи да гласа ќе дува и на јогурт. Од овој аспект задача на ВМРО беше да ја врати изгубената доверба, да се реформира. Потоа да оформи став околу националните прашања, во суштина да му покаже на електоратот зошто го носи името ВМРО. Видете само колку поени собра преку Мизрахи. Требаше на таа карта да игра, макар тоа било и псевдо патриотизам.
Под овие околности мислам дека СДС немаше да има никави шанси, независно кој стоел зад нив, дали полнеле кутии. Пример референдумот. Цел Запад стоеше зад тој проект, Меркел дојде, Меј...на денот на гласање се полнеа кутии, шипците гласаа, ромите...и пак имаа неуспешен референдум, народот си остана дома.
ВМРО не му даде повод, причина на народот зошто би ги гласал. Излегоја на предизборна трка со смешен кадар, делуваа очајно. Таргетираа погрешна група на граѓани, заборавајќи на своите традиционални гласачи во македонските средини, руралните области, малите градови и нивната периферија.
Не негирам дека се уште сме незрели граѓани кои не гледа подалеку од сопствениот двор, но во последниве неколку години покажавме малку од малку политичка зрелост. На референдумот кој се не дојде да не убедува да гласаме за промена на името, на целиот тој медиумски мрак и на целиот тој притисок и од владата и од меѓународната заедница сепак референдумот беше неуспешен. Еве и сега на овие избори СДСМ и ДПМНЕ имаа многу малку гласови, ни членството не им излезе на гласање, повеќе гласови имале кога доживувале тешки изборни порази од сега. Луѓето не гласаа за СДСМ (320 000 гласови се мизерно остварување), а тоа што победи на изборите е тоа што во ДПМНЕ не видоа реална опција која што ќе се залага за нив посебно кога премолчеа се што се случуваше во државава изминативе години. Од друга страна Апасиев кој најгласно зборуваше и за Преспански договор и за Тиранска платформа сега е пратеник и покрај сите притисоци против него и Левица плус донтоновиот модел кој од старт ги масакрира помалите партии.Затоа што живееме во Северен Фиромистан, каде што ДПМНЕ легитимно победи после сите гомна, прикирвање на убиство и криминали кои им ги извадија, а СДСМ (најверојатно легитимно останува да видиме) после давање се на тацна на грците, бугарите и шиптaрите. Покрај нели фактот што САД и Кралството за нас се Стивен Хокинг за Иснифарис Џемаили.
Мислиш ни гласал некој за Мицко во таква анкета, освен самиот тој, мада не сум и за него сигуренTука мислам дека имаш мала утка. Традиционалните гласачи на ВМРО не го гледаат Груевски како негативен лик, напротив . Да има внатрепартиска анкета Груевски ќе биде пред Мицковски и тоа јако, Груевски дури можеше и да им помогне во кампањава можам да кажам. Голем дел од тие разочарани од ВМРО се всушност Груевисти што Мицковски не го гледаат за достоен.
Темата Груевизам он ја загриза и ја лапна под притисок на СДС и нивните медиуими и мораше да покажува секој ден како он е различен, без да сфати дека колку и да се труди, за нив секогаш ќе биде Груевист.
Да излезеше на некој митинг со слика од Груевски од лево и од Андон Ќосето од десно, поубаво ќе поминеше него што помина со импотентноста на Тимчо и Николовски.
Тој проевропски дискурс во кој сакаше срамежливо да цапа, а во исто време да е патриотска опција му се опна од глава. Работите се многу јасни, нема и кур у гз и душа во рај.
ВМРО не подразбира конформизам функции и швалерки, подразбира глава во торба... и швалерки, добро.
Вронг !! ...ΣΔΣΗΜ организираше уште пред 10+ години протест против тогашна наша наводно бугарашка власт и блгарските фашисти !!! ...имаше убав видео на ЈуТјуб, можно е да го ТРГНАА.. Додека Грујо, и цела таа багра што беше пред него назад се до Екс-Југославија, урлаше, умрете татари и фашисти, не мислеа дека еден ден Бугарија ќе биде во позиција да им наплати за се. Ова е нешто што македончето само си го бараше, а немораше да биде така.
Реално никогаш немаше да ги надгласаме да излезевме, дури и без да ги наполнат кутиите ќе беа повеќе од нас. Еве си се докажа дека мнозинството во државава е за сменатото име, не им пречи, нема шѕо да се буниме.Не негирам дека се уште сме незрели граѓани кои не гледа подалеку од сопствениот двор, но во последниве неколку години покажавме малку од малку политичка зрелост. На референдумот кој се не дојде да не убедува да гласаме за промена на името, на целиот тој медиумски мрак и на целиот тој притисок и од владата и од меѓународната заедница сепак референдумот беше неуспешен. Еве и сега на овие избори СДСМ и ДПМНЕ имаа многу малку гласови, ни членството не им излезе на гласање, повеќе гласови имале кога доживувале тешки изборни порази од сега. Луѓето не гласаа за СДСМ (320 000 гласови се мизерно остварување), а тоа што победи на изборите е тоа што во ДПМНЕ не видоа реална опција која што ќе се залага за нив посебно кога премолчеа се што се случуваше во државава изминативе години. Од друга страна Апасиев кој најгласно зборуваше и за Преспански договор и за Тиранска платформа сега е пратеник и покрај сите притисоци против него и Левица плус донтоновиот модел кој од старт ги масакрира помалите партии.
Пак ќе кажам последниве неколку години покажавме малце зрелост, е лошо е тоа што времето работи против нас.
види, ако биде пата пата или не може Зајко 61 да собере, може да тера техничка влада уште. ама не Зибери туку проливер...Глејте го Грубиов.
Кога можел Емил Димитриев година дена да биде технички премиер, Оливер 6 месеци, зошто не може Зибери?
Широка Влада со Зибери технички премиер до локални, не попуштаат овие под тоа.
Абе не заебавај ние не сме способни канализација да направиме со Белгија ќе се рамњаме.види, ако биде пата пата или не може Зајко 61 да собере, може да тера техничка влада уште. ама не Зибери туку проливер...
Пишав, Белгија повеќе од година не успеа да изгласа влада, а имаше Парламент !!!
Тоа е уште една причина зошто СДС требаше да изгуби навелико, ама по се изгледа и кадрите на ВМРО не се нешто вау, што ја прави работата уште потрагична према нас народот.Те молам смешно е да зборуваш за кадри јер, ако некој нема кадри, не слаби, туку нема кадри тоа е сдс. Тоа не е причина за ваква излезност.
Би рекол по раштимано ВМРО од ова не можеше да излезе. Заев лично да им го бираше членството од што е глуп немаше да му текне вака да го реформира. Гарнитурата на Грујо не е, ама затоа на нивно место имаш нивни клонови поглупи х2 од нив, што изгубија на избори од градоначалникот на Глупервил Зоран Заев. Гледај ги само носителите на изборни листи на ВМРО и после кажи дали тоа ти личи на реформирана партија.По реформирано ВМРО од ова не ни можеше да излезе, јер сите кадри на Сашо и Грујо веќе не се дел од вмро. Впрочем и самиот Сашо е против вмро и се во отворена војна, Миле не е, Горде не е, Ставрески не е, Иван ивановски не е, Попоски не е, Протуѓер не е, Тодоров не е, Ивица не е, 8те предавници не се, а не се како порано Илија Димовски, Ѓорчев и уште можам да ти ги редам ама поентата ја сваќаш.
Договорот со Грција е тема која што ВМРО требаше одново и одново да ја обработува и преобработува. Не е само името, никој не збори за содржината. Заев се лупа во гради дека потпишал супер договор, урамнотежен и не знам шо, ваму се брусаат шахти со симболот на Вергина по улици, Мицко ќути, договорот бил супер.Договорот со Грција е завршена работа. Странците нема да дозволат да се врати името, односно нема да дозволат било која партија да дојде во позиција да мисли да го враќа името, без разлика дали е вмро или сдс. Нема улога тука Мицковски, без разлика кој и да беше лидер, горе долу истата реторика ќе ја држеше. Јасно им е стаено до знаење на сите лидери дека таму не смеат да чепкаат јер државата ке се соочи со санкции и изолација. Очигледно само на Апасиеф не му го кажале тоа