Македонските гласачи дадоа мала поддршка на македонските партии. Спротивно на нив, албнаците дадоа максимална поддршка на албанските партии. Затоа бројот на албански пратеници е многу голем во сооднос со пратениците од македонскиот блок.
Тоа ги става и Заев и Мицко во подредена улога во преговорите за влада.
Се слагам.
Само една реплика у врска со ова. Да, албанците излегоа масовно да гласаат зашто нив партиите ги штитат и се борат за нив, 2000 дома им седат и плата од 20.000 ден им земаат х 4/5 у семејство ете ти 10.000 сигурица од тие лежечите дома гласови. Плус Али у интервју неќни рече имале 25.000 албанци вработени у администрација удри и на нив математиката, па ќе видиш скоро секој албанец има член од семејството со сигурна плата, а сега ете и ветија за жените што немаат работен ден ќе зимаат пари од државата. Затоа искочија масовно да гласаат, зашто пак ќе кажам партиите нивни се грижат за нив.
И да, македонците не искочија да гласаат зашто никој не ги ферма од нашите партии, и углавном како што имам и мн пати пишано овде кај нас за овие избори и сите следни избори- ќе искачат се помалку македонци да гласаат, т.е. само оние што ќе имаат корист од едната или другата партија. А имаат релативно помалку од албанците, зашто сепак администрацијата колку и да ни е голема у државава споредбено со останатите нормални држави, е мала за да ги вработи сите нели.
Денес се гласа за џебот и за ќарот. Пошто пример зимаме од политичарите. Како голтари доаѓаат на власт, со 20 кила поише искачаат и со 5 стана, куќи и викендички.