Пошто на Ставро му е тешко да сфати што е тоа идентитет и како сме го изгубиле да му појаснам дека со тој договор ние кон Грција, а и кон светот, потврдивме дека ние како ентитет постоиме од 91.
Со самото тоа признавме или еве се оставивме да ни ја негираат цела историја и културолошко наследство пред 91 (што Србите и Бугарите веќе на големо почнаа да го искористуваат)
Дури ни "Славо-Македонското" наследство не е чисто.
Ќе испадни дека 500 години под Турско, на оваа територија живееле Албанци и Бугари, Охридска архиепскопија била ентитет на Бугари или Грци, Кирил и Методиј немале ништо допирно со Македонија и таа националност, Крушевска република биле терористи, прогонот во Егејска никогаш не се случил, свесното делење на историската територија на Македонија после војните (покрај тоа што имала своја, поинаква популација со изразена национална и културна свест) е избришана итн итн.
Веќе не одам кон Марко, Самоил, Византија, Рим или "Антички Македонци" затоа што знам дека ќе ти направи чир во мозочната клетка.
Де факто, со тој договор, ние како народ, постоиме од 91. Од 91ва па наваму, ради разно разни договори и права, ние сме ФЕДЕРАЦИЈА НА НАРОДИ, барем така покажува последниот попис пред 20 години.
Со тој договор, ти Ставро, роден во Југославија не си Македонец, по националност, ниту по идентитет. Ти си човек, што по распадот на Македонија си решил да живееш во Македонија, без идентитет.
Што е најтрагично кај тебе е, без разлика во која од 6те држави ќе си завршел да живееш после тој распад, ти пак ќе беше без идентитет, пошто за тебе, се што било пред тебе, не постои. Не ти е гајле.