Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
D

Deleted member 12196

Гостин
Се посрамотија овие од ДИК. Страната им е УЖАС!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
Дечки, на избориве изгубивме најмногу ние Македонците.
Албанските партии со горе доле исти гласови +- 20.000 гласа ќе си добијат +8 пратеници од претходните избори.
За македонските партии резултатите се уште повеќе поразителни, посебно за СДС:
-СДС има помалце од 100.000 гласови споредено со локалните избори од 2017 година,
-ВМРО нема поголеми промени после изборите во 2016 година, но и за нив е поразително да имаат околу 320-330.000 гласови.
Тоа е доказ дека двете партии потфрлиле со своите програми/исполнувања кај обичниот човек и имаат поддршка само од своето членство +-10.000 гласови (ВМРО нема целосна поддршка ни од своето членство).
Ако се точни пресметките на ДИК, голема е веројатноста на крај повторно да завршиме со техничка влада.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.455
Коронава заеба работа, иначе Левица ќе имаше повеќе пратеници, а можеби и Интегра ќе имаше еден пратеник.

Видовме колку му е дојдено на народов и до име и до презиме.

И то :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.969
Поени од реакции
73.948
Префрлање на Дебар и Зајаз во петка. Враќање на албанските гласови во кец и двојка на нивно конто. Плус тактичко гласање на некои Македонци за ДУИ.
Ги купија циганите :D
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.870
Ако се одземат гласовите на БЕСА, СДСМ ги загуби изборите, само тоа ќе се обидат да го продадат на база на анационална платформа, таков им е и ќе остане наративот. Да видиме Ванчо помладиот со шо ќе не израдува овојпат.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.483
Поени од реакции
4.317
Ахахаха 1594876455526.png
пак им се заеба системот
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
После името се случија и претседателските. На кои Силјановска со очигледен бојкот на мал дел од вмровските гласачи (ради да не се даде легитимет на северна) освои 377 илјади гласови. Добро тогаш и Левица им помогна, ама еве и без Левица, 350 ќе земеа.

Кај им беа денес 350 илјади? Со 350 илјади денес ќе водеа 4,5 пратеника. Што се промени кај Вмро од мај 2019 до денес? 50 илјади помалце освоија на избори каде што секој има поголем интерес да излезе.
Сфаќам и корона и се, ама парламентарни се у прашање.
Денес заедно со Левица, со Интегра, со Глас, со Бачев и сите други не можеа да стигнат 370 илјади.
Шо е причината?
Македонецот толку има кренато раце од политика што пре би прифатил Заев да го води и шитка, него да искочи 5 мин да гласа. Разочарани се тотално, кренаа раце од се.
Јас од референдумот 2018 на кој гласав против не излегвам на избори. Сдс се тие и се чума за државава. Дпне се лажни патриоти жално што измамија луѓе да влезат во собрание 2017та. Дуи ти е едини фикс веќе 20 г и се што ветуваат исполнуваат во национслистичкиот дел. Со 10 пратеници што направија не па сега со 15.
Како не работат албанезиве од 2001ва навака алал да им е.
Абе не ми се пишува што глуп народ испаднавме. Каков народ такви партии.

П.с. Левица пријатно изненадување. Баш ми е мило.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.778
Поени од реакции
49.630
Слаломот што Мицковски го скијаше меѓу желбите на ЕПП , НДИ и разните амбасади од една страна и желбите на тие што требаше да го гласаат од друга страна, очекувано заврши во ендек со искината заштитна ограда.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Дечки, на избориве изгубивме најмногу ние Македонците.
Албанските партии со горе доле исти гласови +- 20.000 гласа ќе си добијат +8 пратеници од претходните избори.
За македонските партии резултатите се уште повеќе поразителни, посебно за СДС:
-СДС има помалце од 100.000 гласови споредено со локалните избори од 2017 година,
-ВМРО нема поголеми промени после изборите во 2016 година, но и за нив е поразително да имаат околу 320-330.000 гласови.
Тоа е доказ дека двете партии потфрлиле со своите програми/исполнувања кај обичниот човек и имаат поддршка само од своето членство +-10.000 гласови (ВМРО нема целосна поддршка ни од своето членство).
Ако се точни пресметките на ДИК, голема е веројатноста на крај повторно да завршиме со техничка влада.
Така се поставени работите во Северна што не е битно дали Албанците ќе имаат 10 или 50 пратеници. Пак ќе бидат главни.
Грујо со 63 пратеници им се тртеше.
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.022
Поени од реакции
637
Да дозволиш по сменето име, договори со Бугарија , двојазичност, рекети, да те победи Заев постои проблем внатре во партијата..... На ВМРО му фалат негде околу 100 илјади гласа ако сака некогаш да го бутне Заев... што нема да се случи во догледно време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom