Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Не се зафркавам.
Досадно е и арогантно некој да стави линк велејќи „еве како муслиманите направија кластер, стар е линкот пред 1 месец, сигурно е ставен но да се потсетиме“.

Нема поента да се повторува едно исто. Или барем не ова.
Не знам како успеа да донесеш заклучок дека тоа што мислам дека не е битно дали кластерот е оформен на крајот на Рамадан, и што се обидувам да стопирам ширење на исламофобија, значи дека мене тоа ми е поважно од мое заболување или на мој близок.
Да кажеше Владиката Стефан пример дека од Македонија ќе направи Бангладеш ти и уште 2-3ца со гаранција, ќе повторувавте со месеци.Чоече нивниот верски лидер се закани ради негови лични хирови и покажување на моќ ,јавно кажа дека ќе не прави Бангладеш.На народов веќе му е преку qr од нивните уцени и заплашувања,не знам шо не ти е јасно?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Всушност, е.
Кога се повторува цело време.
Да доеше некој да праша, да не му е јасно нешто, што-како... ајде, одговроете, пишете, дајте линк стар пред месец кој „сигурно бил постиран“.
Ама од нигде никаде да се доаѓа и упорно да се спамира со податоци кои само ја разгоруваат меѓуетничката нетрпеливост, не е во ред.

Не ми се верува дека бев приморан да ги тргнам настраната моите несимпатии кон цитираниов член^ и да му клаам лајк...

Веќе е испаднато, тие се главен проблем за луѓето кои се заразиле таму ;)
Без ова владееше мир и хармонија на меѓуетничко ниво, до спинувањето за короната е проблемот.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Да кажеше Владиката Стефан пример дека од Македонија ќе направи Бангладеш ти и уште 2-3ца со гаранција, ќе повторувавте со месеци.
Nah, тоа би го направил само во случај да избалансирам доколку би се спомнувале само муслиманите.
Чоече нивниот верски лидер се закани ради негови лични хирови и покажување на моќ ,јавно кажа дека ќе не прави Бангладеш.
Тоа го осудувам и веќе беше осудено.
не знам шо не ти е јасно?
Не ми е јасно како не може да сфатите дека спамирањето со кластерите од муслиманите не вродува никаков плод, НАПРОТИВ, разгорува меѓуетнички тензии кои и онака се доволно разгорени помеѓу просечниот полу едуциран народ. И јас сум приморан да повторувам работи кога веќе вие повторувате...
Но најмногу не ми е јасно како вашиот мозок по дифолт мисли дека ако сум рекол „не спамирајте со муслиманите“ тоа значи дека ги подржувам работите што ги прават или не се грижам за себеси и другите.
Без ова владееше мир и хармонија на меѓуетничко ниво, до спинувањето за короната е проблемот.
Да, да, сакав да пишам и тоа ама сум пропуштил, еве сеа во овој пост го дополнив.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.551
Поени од реакции
2.741
Повеќе пати се имав изјаснето дека безвезе е само да се бара кривец дека муслиманите се криви,муслиманите се криви.Добро разбравме дека ситуацијата отиде надоле после ифтарите и Бајрам.И сега што.Навистина досаден е тој муабет со реисот.Реисот к.р не го боли за своите верници и си гледа само свој интерес а и верниците реално к.р не ги боли за самиот реис а овде многу членови го декларираат како портпарол на самите верници и во овој случај албанците.Два месеци ке поминат од тогаш и во тие два месеци исти муабети се вртат.

Сега еве Курбан Бајрам доаѓа.Значи пак ке се враќаме на тие муабети.Не сакам да се контрирам со никого зошто ке испадне еве муслиманот или албанецот ги брани своите и затоа овака пишува.

Малку некој што ги чита мои постови знаат дека сум реален и дека не ме интересирало никад ни националност ни вера ни ништо кога станува збор за реални работи.Јас стоев и сеуште стојам без разлика кој што е дека во оваа ситуација сме само поради непочитување на мерките за заштита.Мене повеќе ме загрижуваат партиските собиранки во сите партии каде се собираа и сито и решето без никаква потреба доведувајќи се во голем ризик.

Се додека не се почитуваат мерките без разлика на вера и националност ке бидеме во оваа ситуација.А ако некој подобро се осеќа барајќи кривец на база на националност и вера слободно,сепак тоа нема да смени ништо.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Nah, тоа би го направил само во случај да избалансирам доколку би се спомнувале само муслиманите.

Тоа го осудувам и веќе беше осудено.

Не ми е јасно како не може да сфатите дека спамирањето со кластерите од муслиманите не вродува никаков плод, НАПРОТИВ, разгорува меѓуетнички тензии кои и онака се доволно разгорени помеѓу просечниот полу едуциран народ. И јас сум приморан да повторувам работи кога веќе вие повторувате...
Но најмногу не ми е јасно како вашиот мозок по дифолт мисли дека ако сум рекол „не спамирајте со муслиманите“ тоа значи дека ги подржувам работите што ги прават или не се грижам за себеси и другите.

Да, да, сакав да пишам и тоа ама сум пропуштил, еве сеа во овој пост го дополнив.
Разгорувањето на односите е на друг левел (политички) и овдешните спинувања се незначителни во споредба со она што се случуваше изминативе недели со политичките изјави.
Е сега фактите е добро да се памтат, оти еве после 20 години излегува дека во 2001ва тие се борци за човекови права, а не терористи, дека тие победиле и ние сме капитулирале поради воена инфериорност (не дека САД си најде наши предавници што потпишаа и НАТО дека беше спремно да не бомбардира нас се со цел да им се одвиваат во посакуваната насока плановите што еве сега се случуваат во реалност).
Така ќе биде и по 10 години, нема никаде да се напише реалноста дека пиковите на почеток рипнаа поради народската непослушност со акцент на муслиманската (попрецизно албанската) непослушност. Имаше нели една фирма (семејство) од Скопје која се правеа наудрени и неколку конфекции од Штип, али ако ги погледнеш бројките и населбите ќе ти стане јасно каде најмалку се почитувале препораките.

Првите пикови беа направени од нив, реално сега ќе бевме држава со по 10 и помалку заболени на дневно ниво ако не скокнеа бројките во тој момент, дури ние окапавме во карантини тие си правеа гозби, сега ради таквите идиоти огромни се шансите да закачиме и јас и ти дури и на одење до продавница оти вирусот е вон контрола, а да не правиме муабет за штетата врз бизнисите и здравствениот систем (кој и така беше пред колапс).
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Да да.Навистина е досадно цело време со ифтарите.Се заразиле 2-3.000 луѓе како последица на Муслиманскиот празник,умреле 50тина души чудо големо,па не е крај на светот.Само љубов љугенца,ајде да покажеме дека сме толерантни дури не се заразиме сите до еден сега за Курбан.После тие што ке преживеат ке раскажуваат како додека умирале луѓе,они се бореле за верска толеранција и соживот
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.016
Ги гледам оние настани кои предизвикале штета по општеството односно по нашето здравје. Тоа до сега беа Ифтарските вечери и Рамазан бајрам.....следува и Курбан бајрам....тоа е реалната слика. Доста се фрла се под тепих, вистината е таа.....некој сака да ја прифати, некој не....на кој како му чини изгледа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.711
Поени од реакции
115.465
А озбилно, со каква цел секој ден го повторувате истото веќе два месеци? Што сакате да постигнете? Сите знаеме од кај почна проблемот, сите сме свесни за тоа. Што ќе постигнам ако секој ден на форум замарам со истото?
Може само едно нешто да ми кажеш? Зашо вака не пишуваше кога секој ден се збореше за Цаца и Кондратенковци, на почетокот на пандемијатa?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Разгорувањето на односите е на друг левел (политички) и овдешните спинувања се незначителни во споредба со она што се случуваше изминативе недели со политичките изјави.
Е сега фактите е добро да се памтат, оти еве после 20 години излегува дека во 2001ва тие се борци за човекови права, а не терористи, дека тие победиле и ние сме капитулирале поради воена инфериорност (не дека САД си најде наши предавници што потпишаа и НАТО дека беше спремно да не бомбардира нас се со цел да им се одвиваат во посакуваната насока плановите што еве сега се случуваат во реалност).
Така ќе биде и по 10 години, нема никаде да се напише реалноста дека пиковите на почеток рипнаа поради народската непослушност со акцент на муслиманската (попрецизно албанската) непослушност. Имаше нели една фирма (семејство) од Скопје која се правеа наудрени и неколку конфекции од Штип, али ако ги погледнеш бројките и населбите ќе ти стане јасно каде најмалку се почитувале препораките.

Првите пикови беа направени од нив, реално сега ќе бевме држава со по 10 и помалку заболени на дневно ниво ако не скокнеа бројките во тој момент, дури ние окапавме во карантини тие си правеа гозби, сега ради таквите идиоти огромни се шансите да закачиме и јас и ти дури и на одење до продавница оти вирусот е вон контрола, а да не правиме муабет за штетата врз бизнисите и здравствениот систем (кој и така беше пред колапс).
Се супер, се сложувам, и не гледам како нешто од ова се спротиставува на мојот цитат, освен делумно првата реченица.
Во однос на болдираново, со спамање на форумов не гледам како би се промениле шансите јас и ти да се заразиме.
Беше пишано, се знае дека им се плашат институциите, потфрли МВР, си ги имаат така некако поставено работите Албанците во државава, тука спамање нема фајде.
Евентуално у ДК некој ако сака да си се пожали, во спротивно нека влезе у политика и нека се обиде да ги промени работите.
А со месеци дрн дрн ифтари, муслимани, тесни улички, и постирање стари линкови тука...
Може само едно нешто да ми кажеш? Зашо вака не пишуваше кога секој ден се збореше за Цаца и Кондратенковци, на почетокот на пандемијатa?
На ова прашање би требало да добиеш одговор само ако направиш (или ако се направи) некоја статистика за тоа колку се дрндало одредено време по настаните со Цаца и Кондратенковци, и колку се дрндало одредено време по ифтарите. Тоа што поради ифтарите настанале поголеми кластери не дава за право да се дрнда со месеци отпосле. Не ја користи картата дека не си ме прашал мене :)
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.725
Може само едно нешто да ми кажеш? Зашо вака не пишуваше кога секој ден се збореше за Цаца и Кондратенковци, на почетокот на пандемијатa?
Не пишувам ни сега. Не се ни мешам баш на темата освен што мора да читам ради модерирање.
Ако не бев јасен, го делам и јас мислењето за Албанците и хаосот кој го направија, само се запрашав дали со некаква цел истото се дроби секој ден цели два месеци, или онака.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.016

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.128
Поени од реакции
11.703
Да бевме нормална држава изјавите на исламскиот реис ќе беа повик и подржување на биотероризам и ќе завршеше со фацата во некој неосветлен затворски кенеф.

Ама пошо сме држава ДОО со мнозинска сопственост на ДУИ глупаво било нон стоп да се повторува за почетната експлозија на заразата, политички некоректно било
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.551
Поени од реакции
2.741
И во Мелбурн "ги молат" муслиманите да одат да се тестираат......кои сега се главно жариште таму
Со сета почит али владее една Исламофобија и те како истакната на форумот.Значи да се поврзе верата со ситуацијата со короната е но комент.И јас сум муслиман и постев цел месец и славев Бајрам во најтесното семејство и во џамија немам стапнато од кога е короната али без разлика на се осуден сум само поради фактот дека сум "муслиман" и фала богу не сум заразен ни јас а ни моето семејство.

Сега некој ке пише ифтарските собиранки итн итн и пак ке се повторам по незнам кој пат дека тоа не е причината за ширењето.Еве реално сега пак очекувам само ако не наместат нешто да се зголеми бројот на заразени поради партиските собиранки кај сите а не само кај муслиманите или другите.

Пример друг ке дадам имам пријатели кој се декларираат муслимани кој В од вера не почитуваат,ниту постат ниту слават Бајрам а се заразени.Едноставно зошто не ги почитуваат мерките.Се собираат друштво по домови,дворови седенки курци палци и се заразиле пола од нив и рашириле насекаде.Ама не дека седеле по ифтари или славеле што ти знам Бајрам туку поради собиранки кога не треба и терање инат Корона не постои.И сега тие луѓе да ги ставиш во ист кош со мене или сличните на мене не е фер и не е коректно.Значи треба да разберете од муслиманска и албанска гледна точка ви кажувам дека ифтарите и Бајрам е само плус во ситуацијата.И без тоа ке се случеше истото во тоа бидете апсолутно сигурни.И пред ифтари се собирале и после Курбан Бајрам пак ке се собираат.Еве сега се собираа ради изборите и ке се заразат поради тоа и што да правиме сега кој е крив?Муслиманите??

Едноставно има поголем дел на луѓето не ја сфаќаат ситуацијата сериозно.Корона не постои,ова е се местенка (5Г,Бил Гејтс итн итн) Еве на работа од 20 вработени само јас со маска седам од 1 ден на работа и ја немам извадено во фирма а колегите мои ни маска ни бутур немаат гајле си се шетаат во кола по 5 души.Јас сум единствен муслиман (албанец) а сите други македонци.И што правиме сега.Они се добри јас не чинам нели.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.503
Поени од реакции
18.265
Исламот значел хигиена, абдестот штител од корона, Турција немала корона енд булшит. Не знам зошто плачки сега, кога факт е дека кај Муслиманите, дали поради начинот на живот, или нешто друго, короната се шири многу повеќе, да не зборуваме за Албанците и нивното батхрт понашање за Рамазан. Ај ние сме биле такви, ама и Германците имаа слични проблеми и се жалеа на оваа тема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom