Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.016
Не е на арно штом Италија така вели......
Коронавирусот што циркулира во Србија е поагресивен од тој што е познат во Италија
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.337
Поени од реакции
21.679

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.016

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.016
Сите можни портали пренесоа дека учката е позитивна.....него кај смее да го удри срам пред неговите.....кога нивниот епидемиолог го прогласи вирусов за мртов.
Гарант е асимптоматски или со благи симптоми.....ќе си се шета таму со неговите и онака сите се позитивни....нема на кого плус да наштети.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.492
Поени од реакции
16.683

значи од Ковид умреле 471585 а од Маларија 466800, но сепак треба да земеме во обзир дека К19 е релативно нова болест , задниве месеци е повирулентен, е сега кога и дали ќе ја достигна бројката на починати од АИДС е друго прашање..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.720
Поени од реакции
115.516
@Stefan-kobe

Kako si? Kako ste so brat ti? Koj den vi e?
Добри сме сите, и мајка ми и татко ми се позитивни инаку, само они без симптоми се. 6ти ден ни е денес, треба 14 дена да поминат па да се тестираме и слободни ќе бидеме со два последователни негативни тестови.

Малце им е хаотично организирано сево ова ама јебига, Македонија и се е можно. Решение за самоизолација добивме на вибер, а до сега никој не нема проверено. Ни се јавија од ИЈЗ за да извршат епидемиолошка анкета, и тоа не ми се свиѓаше зашо можеш да ги искинеш од лажење и никому ништо. Јас 55 пати и кажувам бев во контакт со девојка ми и брат и, таа не ни ме рецна за на крај да ме праша дали имам жена/девојка и пак да и го кажам истото. И ми зема податоци само од девојка ми, од брат и не, и на крај видов не видов се откажав, посекако детето не оди нигде и свесно е за ситуацијата. И викам од работа кај мене се тестираа, сите се негативни, сакате број од директорот, или меил, да ви ги покажат резултатите, женава ми вика не не таман работа, ако се негативни нема потреба. Епа у случајов се, ама замислете колку има што лажат и не знам како може вака на збор да веруваат, без потврда без ништо, може не се тестирале сите од работа, може никој не се тестирал...

Така да не се чудете многу зошто е раширен вирусов, покрај неодговорниот народ тука се и мизерните институции кои допринесуваат подеднакво за истото.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.457
Поени од реакции
18.456
Ангела Меркел
"As we are experiencing firsthand, you cannot fight the pandemic with lies and disinformation any more than you can fight it with hate or incitement to hatred," Merkel said. "The limits of populism and denial of basic truths are being laid bare."

Ова кажаново од Меркел, важи од Трамп до рандом ебиветар на темава :)

1 милион нови случаи во цел свет само за 5 дена.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.438
Поени од реакции
5.485
Хаха лелеееее Пази сега:
Вработена во странска компанија е Ковид позитивна.
Менаџментов ја вика групава со која што работела инфициранава и ги прашува дали се придржувавте до мерките за заштита и дали носевте маски за време на пауза/ручек и слично?
Групава плашејќи се од откази лаже дека се придржувале иако со заразенава биле во директен непосреден контакт, на одмор, менза и слично. Само еден од нејзините колеги ја кажува вистината. Тој едниот добива решение за самоизолација.
Менаџментот е убеден дека лаже за да ескивира од работа.
Хахаха. Македонија! - Ќе бидеш правичен ќе ја кажеш вистината и ќе те издупат в газ! Тие лажовите ќе продолжат да шират корона и ќе бидат наградени како вредни работници.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.057
Поени од реакции
2.067
Ангела Меркел
"As we are experiencing firsthand, you cannot fight the pandemic with lies and disinformation any more than you can fight it with hate or incitement to hatred," Merkel said. "The limits of populism and denial of basic truths are being laid bare."

Ова кажаново од Меркел, важи од Трамп до рандом ебиветар на темава :)

1 милион нови случаи во цел свет само за 5 дена.
Си прочитал нешто, и одма си убеден дека нешто си сфатил.
Оваа изјава на Меркел е висока политика и е вперена најмногу баш против Трамп.
Меркел беше многу блиска со Обама, а уопште не го мириса Трамп.
Се ближат избори во САД и се користи ситуацијата со короната да го срушат.
Би рекол дека е можно и цела оваа завера со короната да е најмногу и за тоа, Трамп да падне по секоја цена, затоа уште и трае.
Скоро сите медиуми во САД како СНН, Бломберг и други се на демократи, нонстоп се креираат стории за починати, демек ете денес не веруваше, утре умре, постојано ударни вести се наводната пандемија и колку е Трамп неспособен да се справи со неа.
Блек лајвс метер, протестите што се направија,кампањата што се направи интернационална, се дел од истата агенда, да се собори Трамп.
Целта на медиумите е да го омаловажуваат Трамп кај сопственото гласчко тело кое ги изненади сите бидејќи се планираше победа на Хилари Клинтон.
Изјава на Трамп од 2016
"I could stand in the middle of Fifth Avenue and shoot somebody and I wouldn't lose voters," Trump claimed in 2016.
Трамп е републиканец, ја победи Хилари Клинтон на големо изненадување на сите, најверојатно како резултат на големото неопределено гласачко тело кое се покажа како конзервативно и кое тешко го менува ставот, но сега со толкаво пљуење по Трамп веќе е можда сменета ситуацијата.
 
Колку многу текст, претпоставувам затоа што многу се разбираш, туку не кажа ништо за Трамп и Коронава?!
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.057
Поени од реакции
2.067
Колку многу текст, претпоставувам затоа што многу се разбираш, туку не кажа ништо за Трамп и Коронава?!
Стварно бе не може да споиш 2 реченици, легенда си.
Трамп веќе знае дека нема ништо од корона, ама немоќен е, затоа е и во дуел со Фаучи кој излезе најголема гнида и петоколонаш, затоа и ги откачи СЗО бидејќи и тие учествуваат во заверата против него, затоа и Меркел трола против него.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.309
Поени од реакции
15.470
Кичево се прости од единствениот оџачар Алија....работеше плус и како уредувач на паркови и зеленило во кичевски Комуналец. Во петокот го видов го уредуваше Булеварот....косеше трева. Иако имаше близу 60 години, се качуваше по оџаци како атлета. починал во амбулантната кола на пат за клиника....

РИП...лесна му земја
 
Kajgana Shop

На врв Bottom