Дечки Docsis 3.1 заборавете, тоа нека замине во историја.
Во новава зграда што треба да се селам A1 имаат стриктно нивна коаксијална и оптикча поврзаност.
Значи имаат црева низ кои што поминуваат и оптички кабли, и коаксијални.
На одредени места A1 сеуште може да нудат хибриден коаксијален со оптика, каде што корисникот добива коаксијален интернет до неговиот дом, но оптика до одредена локација.
Па така да изгледа, после нивните реформи во A1 оптика ќе си имаат преку Телеком, а на места каде што ќе имаат нивна оптичка мрежа ќе се користи лично нивната оптичка мрежа.
Па во новата зграда што треба да се селам, ако некој сака да се поврзе на A1 ќе може или коаксијален интернет, или оптички интернет. Со тоа што, за коаксијален интернет пак ќе се оди само оптика до одредено место (најверојатно кутија / ормар кој што ќе биде поставен кај подземната гаража од каде што и почнува мрежното поврзување), па после од кутијата / ормарот ќе се оди со коаксијален кабел. А за оптика директно поврзување до одредениот стан, лично на нивна мрежа.
Визуелно ова вака би му дошло.
Значи црвената линија е надворешна конекција (само светловод), гледате доаѓа од самата улица, и низ црево е протната баш кај гаражата (улицата има еден дел ископано за каблите), и после оди во еден ормар ( овде само Телекабел имаат ваков ормар поставено, Телеком има еден помал пластичен каде што се спојуваат само каблите, и продолжува низ спратовите, па на секој спрат си има ормар). После од тој ормар, може да се дели интернетот на оптика (жолто), и коаксијален (кафеаво).
На секој спрат гледате црното обележано се ормари, и после тоа се спојува мрежата со внатрешната мрежа во секој стан.
Интересно нешто што во мојот нов стан приметив, е што инсталацијата е од A1.
Значи најверојатно изведувачот ги исконтактирал сите интернет провајдери, и A1 пројавиле интерес и за внатрешната инсталација да ја наместат.
Па затоа во мојот стан имам цевка за оптички кабел, и другите две се за коаксијален кабел.
По истиот принцип мислам и дека Телекабел работат. На нивниот ормар долу во - 1 гаража јасно се гледа знакот за светловод (оптички кабел / интернет), и после тоа, од 4 спрат па се до -1 мрежата ја имаат споено со самиот ормар кај гаражата. ама самиот ормар сеуште го немаат врзано со надворешната мрежа.
ПА така да, секој оператор, барем во мојот случај ќе направи поврзување преку светловод (оптика) до одреден дел од станот, па после од самиот тој одреден дел може да врзува и да спојува што сака, дали оптика, дали коаксијален, дали ADSL, итн итн...
Да ги сузбиеме теориите, A1 функционираат баш како што функционира Неотел.
Ако нема од нивната мрежа, може преку онаа на Телеком, зборам само за оптика.
Нивните коаксијални мрежи што ги гледаме по бандерите, се всушност оптика, ама до одредено место, а тоа го прават така за да си заштедат.
На пример во Радовиш, немаат оптика до дом, но имаат до одредено место на самата бандера, или самиот стан.
Ако направат измени A1, ќе треба само да постават соодветна инсталација по становите во Радовиш за оптички интернет, и после таа инсталација да ја врзат со онаа со бандерата, ама се џабе кога АЕК мислам дека им забрани на сите интернет провајдери да местат мрежни поврзувања преку бандери.
Колку тоа се почитува, или не јас нема да навлегувам.
Но ете, тоа е тоа A1 си нуди и оптика до дом, после нивните потајни реформи, и ако не нуди се оди преку мрежата на Телеком, и се од рутери, инсталација, ормари се си е тоа во надлежност на Телеком, а интернетот од A1, преку мрежата на Телеком.
Е сега, ако некој има тука 1 во 1,000,000 да има оптика од А1 а да е тоа од лично нивна мрежа, како што е во мојот случај со Неотел тогаш уште подобро.
Пратете опрема, да видиме дали ги користат истите Huawei рутери, како оние кај Телеком.
А во мојов случај, Телеком и Неотел единствено нудат само оптика до дом, во нова зграда не ни се замараат ADSL и такви глупости преку оптика.
Едноставно од A1 можат да направат само оптика до дом, стриктно преку оптика, а да се има опција брзини како на коаксијален пр. 100 / 3 како што мислам сега нудат, ама пак после ќе има корисници што ќе се побунат, им ја сфаќам јас финтата на A1, вака барем кога ќе биде некој на Коаксијален нема да има за што да се буни бидејќи добива несиметрични брзини, а ако си плаќа оптика ќе добива симетрични брзини (40 / 40)
A1 едино што можат да изменат се брзините на нивните пакети со коаксијален интернет, на пр. да стават 200 / 5, или нешто слично.
Во иднина како ќе им се развива лично нивната оптичка мрежа ќе треба да се гледа и да се понудат повеќе паќети освен 40 / 40.
Ама мислам сега дека со коаксијалните пакети, задоволитено е, само да додатат уште неколку оптички паќети, пр 80 / 80 или 100 / 100 и по можност гигабитни брзини. И да поработат да не имаат смешен 700GB лимит за интернет.