A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Член од
26 јули 2014
Мислења
173
Поени од реакции
41
Би било убаво да видиме некоја новост во врска со интернетот на А1...истите пакети им стојат веќе долго време и откако се сменија од Вип во А1 повторно ништо ново. Се надевам оптиката ќе ги достигне очекувањата или како што рече другарот погоре да не изненадат со docsis 3.1
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.162
Поени од реакции
3.550

Da pustat 3.1 ke bide Top.!
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.390
Поени од реакции
2.710
Коска брзина...со новиот Ubee модем со дефаулт ви-фи
Џабе, со јако рутерче не ме поткупуваат. Ако ставам нешто да се прикачива со таа брзина, се друго отиде пепел поради латенцијата која ќе настане. Додека тој аплоуд не стигне барем 10-15, ништо не правиме. Оптиката ниеден ДОКСИС не ви ја заменува.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Da pustat 3.1 ke bide Top.!
Друже веќе има Доксис 4.0 технологија, уште пред 3 години е дефинирана, ти за 3.1 се радуваш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Друже веќе има Доксис 4.0 технологија, уште пред 3 години е дефинирана, ти за 3.1 се радуваш.
DOCSIS 4.0 е всушност DOCSIS 3.1 Full Duplex, го сменија името за полесно да се прави разлика помеѓу DOCSIS 3.0 и DOCSIS 3.1 Full Duplex.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.162
Поени од реакции
3.550
Друже веќе има Доксис 4.0 технологија, уште пред 3 години е дефинирана, ти за 3.1 се радуваш.
Druze citaj so pisa...... Dexter26
inaku da se raduvam na postoeckava mreza HFC od eks vip sega A1 da mi pustat 300/30mbps za 3.1 ili eve ako sakas 4.0 inaku vidi go videovo kratko e..
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
DOCSIS 4.0 е всушност DOCSIS 3.1 Full Duplex, го сменија името за полесно да се прави разлика помеѓу DOCSIS 3.0 и DOCSIS 3.1 Full Duplex.
Без разлика, кај Доксис сум приметил ретко има стабилна константна брзина, на пример еве на АДСЛ или Оптика, ако ставам некој фајл да се симнува во Таск Менаџер има права линија во Вифи/Етхернет полето, додека на Доксисот тоа варира со спајкови цело време, исто како ЕКГ да гледам.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
72
Поени од реакции
30
Дали некој знае кој е username и password на Technicolor TC7200 од А1. Пробав admin admin ама не сакаше?
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Дечки Docsis 3.1 заборавете, тоа нека замине во историја.
Во новава зграда што треба да се селам A1 имаат стриктно нивна коаксијална и оптикча поврзаност.
Значи имаат црева низ кои што поминуваат и оптички кабли, и коаксијални.
На одредени места A1 сеуште може да нудат хибриден коаксијален со оптика, каде што корисникот добива коаксијален интернет до неговиот дом, но оптика до одредена локација.

Па така да изгледа, после нивните реформи во A1 оптика ќе си имаат преку Телеком, а на места каде што ќе имаат нивна оптичка мрежа ќе се користи лично нивната оптичка мрежа.

Па во новата зграда што треба да се селам, ако некој сака да се поврзе на A1 ќе може или коаксијален интернет, или оптички интернет. Со тоа што, за коаксијален интернет пак ќе се оди само оптика до одредено место (најверојатно кутија / ормар кој што ќе биде поставен кај подземната гаража од каде што и почнува мрежното поврзување), па после од кутијата / ормарот ќе се оди со коаксијален кабел. А за оптика директно поврзување до одредениот стан, лично на нивна мрежа.

Stan Optika A1.png

Визуелно ова вака би му дошло.
Значи црвената линија е надворешна конекција (само светловод), гледате доаѓа од самата улица, и низ црево е протната баш кај гаражата (улицата има еден дел ископано за каблите), и после оди во еден ормар ( овде само Телекабел имаат ваков ормар поставено, Телеком има еден помал пластичен каде што се спојуваат само каблите, и продолжува низ спратовите, па на секој спрат си има ормар). После од тој ормар, може да се дели интернетот на оптика (жолто), и коаксијален (кафеаво).
На секој спрат гледате црното обележано се ормари, и после тоа се спојува мрежата со внатрешната мрежа во секој стан.

Интересно нешто што во мојот нов стан приметив, е што инсталацијата е од A1.
Значи најверојатно изведувачот ги исконтактирал сите интернет провајдери, и A1 пројавиле интерес и за внатрешната инсталација да ја наместат.
Па затоа во мојот стан имам цевка за оптички кабел, и другите две се за коаксијален кабел.

По истиот принцип мислам и дека Телекабел работат. На нивниот ормар долу во - 1 гаража јасно се гледа знакот за светловод (оптички кабел / интернет), и после тоа, од 4 спрат па се до -1 мрежата ја имаат споено со самиот ормар кај гаражата. ама самиот ормар сеуште го немаат врзано со надворешната мрежа.

ПА така да, секој оператор, барем во мојот случај ќе направи поврзување преку светловод (оптика) до одреден дел од станот, па после од самиот тој одреден дел може да врзува и да спојува што сака, дали оптика, дали коаксијален, дали ADSL, итн итн...

Да ги сузбиеме теориите, A1 функционираат баш како што функционира Неотел.

Ако нема од нивната мрежа, може преку онаа на Телеком, зборам само за оптика.
Нивните коаксијални мрежи што ги гледаме по бандерите, се всушност оптика, ама до одредено место, а тоа го прават така за да си заштедат.

На пример во Радовиш, немаат оптика до дом, но имаат до одредено место на самата бандера, или самиот стан.
Ако направат измени A1, ќе треба само да постават соодветна инсталација по становите во Радовиш за оптички интернет, и после таа инсталација да ја врзат со онаа со бандерата, ама се џабе кога АЕК мислам дека им забрани на сите интернет провајдери да местат мрежни поврзувања преку бандери.
Колку тоа се почитува, или не јас нема да навлегувам.

Но ете, тоа е тоа A1 си нуди и оптика до дом, после нивните потајни реформи, и ако не нуди се оди преку мрежата на Телеком, и се од рутери, инсталација, ормари се си е тоа во надлежност на Телеком, а интернетот од A1, преку мрежата на Телеком.

Е сега, ако некој има тука 1 во 1,000,000 да има оптика од А1 а да е тоа од лично нивна мрежа, како што е во мојот случај со Неотел тогаш уште подобро.
Пратете опрема, да видиме дали ги користат истите Huawei рутери, како оние кај Телеком.

А во мојов случај, Телеком и Неотел единствено нудат само оптика до дом, во нова зграда не ни се замараат ADSL и такви глупости преку оптика.

Едноставно од A1 можат да направат само оптика до дом, стриктно преку оптика, а да се има опција брзини како на коаксијален пр. 100 / 3 како што мислам сега нудат, ама пак после ќе има корисници што ќе се побунат, им ја сфаќам јас финтата на A1, вака барем кога ќе биде некој на Коаксијален нема да има за што да се буни бидејќи добива несиметрични брзини, а ако си плаќа оптика ќе добива симетрични брзини (40 / 40)

A1 едино што можат да изменат се брзините на нивните пакети со коаксијален интернет, на пр. да стават 200 / 5, или нешто слично.
Во иднина како ќе им се развива лично нивната оптичка мрежа ќе треба да се гледа и да се понудат повеќе паќети освен 40 / 40.

Ама мислам сега дека со коаксијалните пакети, задоволитено е, само да додатат уште неколку оптички паќети, пр 80 / 80 или 100 / 100 и по можност гигабитни брзини. И да поработат да не имаат смешен 700GB лимит за интернет.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Како сте задоволни од оптиката на а1? донесоа инсталација кај мене дома па се мислам дали да бегам на а1, ми понудија 100/100 пакет со 1 тб лимит.
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Како сте задоволни од оптиката на а1? донесоа инсталација кај мене дома па се мислам дали да бегам на а1, ми понудија 100/100 пакет со 1 тб лимит.
Едино што можам да ти кажам е дека ја користат опремата на Телеком, или имаат слична опрема со онаа на Телеком.

Дај сликај тоа опремата да видиме, може не е на A1.

Пакетот што ти го понудиле на хартија не е лош.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Едино што можам да ти кажам е дека ја користат опремата на Телеком, или имаат слична опрема со онаа на Телеком.

Дај сликај тоа опремата да видиме, може не е на A1.

Пакетот што ти го понудиле на хартија не е лош.
Разговарав со фирмата надворешна дека е на а1 , не се на телеком сигурно, таму раб ако беа на телеком ќе знаев. Пуштени се кабли само кај мене во двор по бандери потпишав еден лист спроведоа кабли, инаку да исто како на телеком е опремата по тоа што можам да видам, ме изненадија а1, по главна улица одеше подземно оптиката ископаа, се вратија во нормала истиот ден копа и дома асфалтираа , извадија бандери од таму влечат за куќиве околни, доста брзо работеа праевме муабет со луѓево вика знаеме кај нема телеком оптика вика и ние прво таму местиме да можеме да привлечеме корисници, иако return of investment на оптика е доста долг, секоја чест за а1 за потезиве.
 
Епа тогаш потпиши договор и стај си оптика.

Е сега, другиве викаа демек нешто краделе секој месец, ама чим нудат 1TB лимит, а и мала неразвиена е лично нивната оптичка мрежа тогаш мислам нема што да крадат, оти сакаат што повеќе корисници да привлечат.
Генерално искуството за оптика е кај секој оператор исто. Дали си на Неотел, Телеком, Телекабел или A1 оптика си е оптика, иста технологија е нема ништо различно.

Прати после резултати од speedtest па да видиме споредба со мојов на Неотел 50/50 :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom