Јас сум еден од оние кои на форумот мислат дека енма потрева од паника, хистерија и преземените мерки ( забрана за јавни собири, школи и дистанцирање подржувам)... после некое врме се инфицирам и сум позитивен на корона, колку и да размислуваш со мозок искрено кажувам веднаш инстиктивно помислуваш на твоите дома ( барем мене тоа ми се случи), јас буквално работам со таткоми во една канцеларија, секој ден сум со него минимум 7-8 часа, а истиот има здравствени проблеми и свашта во тиј моемнт ти проаѓа во глава, следно ти се јавува епидемиолог и редовна таа процедура, потполно се изолираш од твоите дома ( секако си во изолација од останатиот свет) јадам во моја соба, заеднички користиме само кујна во која што кога влегувам дезинфицирам раце секогаш, во паника се и моите но после 2-3 дена се враќаат во нормала.
На секој се јавив со кој сум бил во контакт и искрено првите два три дена минимум по 2-3 часа на телефон проаѓав бидејќи зворував со луѓето кои биле во контакт си мене, се интересираа ( со право )...но како проаѓа време еве 11 дена без симптом без ништо само дремеш дома, таткоми толку се опушта што доаѓа со мене сака пиво да пиеме заедно, при тоа никогаш во живот пиво немаме испиено заедно, но истиот вртел на заболени што го прелеажале вирусот и од нивни искуство дека е лававо сега е опуштен сто посто ...
Како и да е муабетот ми беше после 11 дена без никакви симптом си затворен и почнува психа да ти работи ( ваљда од причина што дома сум престојувал само за спиење), со две раце потпишувам оовака и да остане, но психа што прави затворен тоа е луда работа, толку пасивен не се сеќавам никогаш да сум бил, се осеќам тотално некорисен како некој паразит, но кога ке размислам добро и од искуство штп имам разговарамо со излечени ( кои биле со минимални тегоби), да не се јавев на матична ова ке продјеше без да знам, луѓето повише ги тепа психа од непознато што е нормално... така да мислам дека доста луѓе ова го прелегуваат на нозе без да осетат и паниката е тотално без везе, ниту пак преносливоста е толку голема колку што се направи паника, имено на 27.06 со другар искачуваме титов врв, со што од куманово до попова шапка и назад бевме во исто авто, јас кога се тестирав на 02.07 и биднав позитивен тој за два три дена се тестираше и беше негативен, така да преносливоста не е така како што се претставува, така да врз основа на се и ако остане како што е ( зашто молам бога), ке излезе на крај дека Вело Марковски иако тука беше плукан и омаловажаван ке испадне тотално во право, пак напоменувам од мое лично искуство, овде на форум што читам имале луѓе со за жал полошо искуство.