Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Па на старо го земав точакот така да...стара е сигурно. Не некој места е излижана. Ќе ја проверам утре. Големината е точна.
Случајно да не е потенка во ѕидовите кај вентилот и тука да е лабава па затоа да осеќаш како да не се пумпа тука. Пробај да ја ротираш.
 
Ќе пробам утре, фала.
 
Дечки, прашав пред некој месец за точаков, висина сум 191 цм
Се ми одговараше, можев да го земам за околу 18.000 мкд, ама го немаа на залиха. Сега ги донесоа пак, ама и цените се поскапи, 20.000 мкд - и претходно ми беше надвор од буџет, ама сега веќе ми е скоро 100 еур+.

Ме интересира дали овој го бидува за цена од околу 11.500
Гледам тркалата се различна димензија но не ми е јасно што треба тоа да значи, последен пат точак возев пред 15 години.

Намена: Возење во град (до работа, на кеј).
И јас приметив дека ги зголемиле цените у бајк центар и тоа по мое мислење драстично затоа што за бајк од 300 евра 50 евра да накачиш без причина е многу не знам само по која логика така одеднаш сменети се цените и јас планирав да си купам точак кој беше 50€ поевтин од сегашната сума но не гледам причина зашто да ги частим со плус 50€ а баш проверив и во Србија дан се секаде случајно покачени цените но не таму си стои иста цена, кај нас накачена.
 
Ваљда дек е сезона за возење и купување точаци, нели на есен ги намалуваат цените, ама не знам, онака само давам одговор. :D
 
Поради коронава имаше одреден период застој во набавката на велосипеди од надвор, а и реално со ситуацијава има некој хајп за возење велосипеди. Се живо и диво почна да вози, да ми кажеше некој за одредени ликови пред ова дека ќе ги видам да возат велосипед немаше да верувам. Веројатно останува некој денар повеќе од избегавањето кафани, плус избегаваат теретани ради гужва па велосипедов испадна алтернативна опција и побарувачката сега е значително поголема :)
 
И јас приметив дека ги зголемиле цените у бајк центар и тоа по мое мислење драстично затоа што за бајк од 300 евра 50 евра да накачиш без причина е многу не знам само по која логика така одеднаш сменети се цените и јас планирав да си купам точак кој беше 50€ поевтин од сегашната сума но не гледам причина зашто да ги частим со плус 50€ а баш проверив и во Србија дан се секаде случајно покачени цените но не таму си стои иста цена, кај нас накачена.

Ваљда дек е сезона за возење и купување точаци, нели на есен ги намалуваат цените, ама не знам, онака само давам одговор. :D
Стана тренд да земеш точак и на водно да одиш.

Да не ја трујам темава, вчера околу 9-9 и пол баш многу имаше горе на врвот, а и доле на Средно имало многу ваљда бидејќи претекнав 15-20 души горе после Клинички.
 
Ваљда дек е сезона за возење и купување точаци, нели на есен ги намалуваат цените, ама не знам, онака само давам одговор. :D
Ако е за тоа и во Србија е сезона таму исти цените се останати и не беше на попуст пред месец дена кога го гледав цената беше фиксна, сега е накачена.
 
Ваљда дек е сезона за возење и купување точаци, нели на есен ги намалуваат цените, ама не знам, онака само давам одговор. :D

Да не ја трујам темава, вчера околу 9-9 и пол баш многу имаше горе на врвот, а и доле на Средно имало многу ваљда бидејќи претекнав 15-20 души горе после Клинички.
Водно стана хаос од кога почна коронава, не само од велосипедисти туки општо од луѓе. Поготово средно водно, оти жичарата не работи и сите таму седат.

Порано се знаеше сабота недела е хаос, сега е секој ден. Средношколците и студентите се слободни и киснат таму, голем дел останаа без работа и тие киснат таму.

Ја прекинав да возам натаму уште пред 2 месеца, сметаат на пат луѓе, посебно за спуштање.
 
Пак да не трујам, за спуст вчера раце ме болеа од кочење, ем она кривините, ем луѓе одат на сред пат, ем дупкине. Значи не е хумано како се однесуваат. Инаку пробај иди на Козјак, Матка, гледам многу велосипедисти кои ги пратам на Страва одат таму. А нормално дека сите ке одат на Водно кога е блиску до градот. :D
 
Дечки едно прашање, овие навлаките за седиште со гел бркаат ли работа?

Sent from my iPhone using Tapatalk

Па делумно брка работа , јас го имам , купив кај Џамбо за 500 ден ама пак барем не ме боли газот . Не ми е јасно зошто такви седишта толку се неудобни за посилниот пол ,а за понежниот пол е тоа големо задоволство и ќе бега од сопрузи само да вози точак [emoji23][emoji51]

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Пак да не трујам, за спуст вчера раце ме болеа од кочење, ем она кривините, ем луѓе одат на сред пат, ем дупкине. Значи не е хумано како се однесуваат. Инаку пробај иди на Козјак, Матка, гледам многу велосипедисти кои ги пратам на Страва одат таму. А нормално дека сите ке одат на Водно кога е блиску до градот. :D
Идам и натака, Матка ми е моментално замена за Водно.
Козјак идам некогаш ама не често, 90км имам во двата правца. Пола ден треба да го изгубам.
 
Здраво на сите,

добив на поклон "валиспет" TRINX м139 , многу убав црн со зелено и портокалово,

шала на страна, немам искуство од ко бев дете со точак, ама ми падна чудно шо како прво ко че кочам некако ми квичи кочницата, друго брзини не ми менува баш ко шо треба - блокира синџир, па треба да вратам назад брзина и сл.

дали е ова проблем оти е нов неразработен или? треба да одам кавга да фајчам?

демек има гаранција 1 година

фала,

поздрав
 
Предлог за добра кацига до кај 2к плус минус?
 
Вакви гуми на кој притисок треба да се пумпаат? За стандардна гума од ваков пони точак.

IMG_0158.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom