Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
Ова не е точно!
Вируленција е степен на патогеност на микроорганизмот (во случај вирусот), односно способноста на микроорганизмот да навлезе во домаќинот и да предизвика болест. Вируленцијата е стекната особина на микроорганизмот, значи не е константна и може да варира.

Од друга страна, патогеноста е вродена особина на микроорганизмот и ја претставува неговата потенцијална способност за да предизвика болест.

Значи, вируленцијата и патогеноста имаат голема улога во тоа дали ќе настане болест и со каква тежина ќе биде истата, но освен тоа, секако голема улога има и отпорноста на организмот. Тоа е особина на домаќинот, способност со различни одбранбени механизми да се одбрани од микроорганизмот.

Значи, штом не се повлекува вирулентноста не му е опадната!
Поимите вирулентност и патогеност не се исти. Патогеност на некој микроорганизамо е способноста да предизвика болест. Вирулетноста на тој ист микроорганизам е колкава штета ќе предизвика во организмот.
(Вирулентноста е висока кога еден причинител предизвикува многу големи оштетувања во организмот често пратени со смрт. Вирулентноста на корона вирусот се зголеми со мутација и добивање на САРС ков-2. Во почетокот 15 % од сите дијагностицираи развиваа тешка болест и 5 % критични состојби. Во најголемиот број на државите на крајот на бранот бројот на тешки и критични случаи е 1-2%).
Патогеноста се однесува на способноста да предизвика инфекција на организмот домаќин а вирулетноста се однесува на сериозноста на заболувањето причинето од тој микрооргганизам.
 
C

CoolIris

Гостин

Не реков дека е исто, прочитај уште еднаш. Патогеноста е вродена особина на вирусот (или еве, една компарација, тоа е генот, нешто што го добиваш и не се менува), ја претставува потенцијалната способност на вирусот да предизвика болест (колку му е капациетот?!).
Вируленцијата е стекната особина, се менува ( тоа е карактерот). Значи вирусот може да биде слабо вирулентен или многу вирулентен (до неговиот максимум). :)
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.634
Поени од реакции
7.766
Прoцена на репродуктивниот број

Репродуктивниот број е просечен број на новозаразени од еден заразен. Пресметката, што следи, ја изработи Харис Бабачиќ од Каролинска Институтот во Стокхолм, Шведска.

Тука претставениот репродуктивен број по денови (Rt) на SARS-CoV-2 вирусот во Македонија е проценет со метод на подобност преку кој се изведува временската динамика на репродуктивниот број врз основа на епидемиската крива (бројот на нови случаи по денови)1, при што генерациското време е базирано на модел на Ferretti et al. (2020)2. Процената на Rt е помалку сигурна на почетокот на епидемијата и во изминатите неколку дена.

При одржувањето на Rt одреден период над 1 епидемијата се шири и обратно - при одржувањето на Rt под 1 епидемијата стивнува. Поедноставно кажано, да се сведе репродуктивниот број на 0.7 значи дека во просек од 10 заразени седуммина заразувале уште по еден човек а тројца не би заразиле никој. И со текот на времето како што заразените ќе се опоравуваат или умираат, вкупниот број на активни случаи, т.е. индивидуи кои би можеле да заразат други, ќе опаѓа и епидемијата ќе стивнува додека и последниот човек не се опорави или почине.
Rt
График Rt. Репродуктивен број по денови (Rt) во Македонија. Точките и линиите го покажуваат движењето на проценетиот Rt во тек на време. Бледо-сините сенки ги покажуваат 95% интервалите на доверба, т.е. покажуваат од каде до каде може да е вистинскиот Rt и ја одразуваат несигурноста во проценетиот Rt.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.346
Поени од реакции
18.440
Искрено што мислам? Дека во време на вака раширена пандемија дружење во групи воопшто не треба да има.
Имам многу другари, но од почеток на пандемијата дружењето ни се претвори на скајп конверзации....исто и со роднини.
Далеку од тоа дека така е убаво и нормално.....но јбг сега така треба.
Исто имам и некои другари што и покрај се си се дружат, си се групираат и не применуваат никакви мерки за заштита.
Но знаеш, тие кои го игнорираат, односно забораваат дека вирусот постои така се однесуваат и ќе се однесуваат, се до оној момент додека мечката не им заигра во дворот.
Тоа е твое мислење, ама повеќето ко што глеаш надвор не мислат така. Гарантирам дека и 90 посто од луѓево на форумот иако ќе ти го лајкнат постот, се дружат и шетаат надвор.
Веќе пројде пола година со вирусот, ќе помине уште доста време пред истиот да го снема. Не планирам до тогаш животот да ми се сведе на скајп разговор, и на крај пак да го фатиш на работа пример. Никој не знае како и кога ќе заврши ова за да си фрлам години од живот со дремење дома.
Како и да е муабетот ми е дека ништо не се постигна освен што им се сјебаа бизнисите на луѓето.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.665
Поени од реакции
37.642
Пијам амоксиклав, парацетамол за температурата, витамин Ц, еден пробиотик за да немам пролив ама не ми текнува како се викаше,
... не знам по кој протокол ти е ординиран амоксиклав (ај види кој рок на трајност има на пакувањето?) тотално непотребно губење време со „погрешен“ антибиотик со непотребно оштетување на цревна флора, а ефект несоодветен за состојбата, кај да е пак ќе ти препишат азитромицин!
јас истото само 38.5 максимална температура.
...антипиретици се пијат кога ќе се помине границата на 38, 5 никако не смее да се пие парацетамол до 38,5 С, природниот одбранбен механизам на телото да се уништи патогенот (вирус, бактерија) е со покачување на телесната температура каде на таа висока температура вирусот не може да опстане и ќе биде уништен, вие со спуштање на вештачки начин на таа одбранбена тендеција на телото да го уништи вирусот ќе се напиете парацетамол и ќе ја спуштите температурата и вирусот опстанува и се размножува... не знам како не го знаете тоа, ако ве боли глава или „горите“ ладни облози избањајте се со ладна вода, но никако со таблети...ако температурата дојде до 39 С тоа значи дека вирусот е „посилен“ и не може да го уништиме со нашата провоцирана висока температура, па таа веќе нас ќе ни штети и тогаш се зема антипиретици (парацетамол, аспирин, андол)!
А да, кога ме прегледа матичниот ми рече дека вака клинички немам наод дека имам корона, ама малце го загрижи кога ми ја измери сатурацијата на кислород во крвните садови која ми беше 84, а требало да биде минимум 95, а за млади како мене и до 98 и затоа ми рече и јас да се тестирам, покрај брат ми нели. Ова стручниве термини ваљда ги погодив, не ми се смејте ако сум измешал нешто.
... уште еден доказ дека матичната требала да ординира азитромицин (сумамед) и предлог за РТГ на белодробието поради состојба на хипоксија!
пулси оксиметар :
„нормални вредности на кислородна сатурација е од 95-99,9 % , доколку постои срцев проблем или проблем со белодробието сатурацијата ќе биде намалена дури и во мирување, така да под 94% сатурација на кислород во крв се смета за хипоксија (намалена содржина на кислород во крвта), а под 90% треба тераписки да се корегира!

...не ми се верува дека правилно ти било измерено сатурацијата (има многу фактори кои делуваат на неточна вредност).
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
Не реков дека е исто, прочитај уште еднаш. Патогеноста е вродена особина на вирусот (или еве, една компарација, тоа е генот, нешто што го добиваш и не се менува), ја претставува потенцијалната способност на вирусот да предизвика болест (колку му е капациетот?!).
Вируленцијата е стекната особина, се менува ( тоа е карактерот). Значи вирусот може да биде слабо вирулентен или многу вирулентен (до неговиот максимум). :)
Vo red e se izvinuvam jas :)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Искрено што мислам? Дека во време на вака раширена пандемија дружење во групи воопшто не треба да има.
Имам многу другари, но од почеток на пандемијата дружењето ни се претвори на скајп конверзации....исто и со роднини.
Далеку од тоа дека така е убаво и нормално.....но јбг сега така треба.
Исто имам и некои другари што и покрај се си се дружат, си се групираат и не применуваат никакви мерки за заштита.
Но знаеш, тие кои го игнорираат, односно забораваат дека вирусот постои така се однесуваат и ќе се однесуваат, се до оној момент додека мечката не им заигра во дворот.
Другар ментално луѓето ке спобудалат ако се изолираат на година две, потоа ништо не ти значи и да не су закачил, на крај краева како тргнала работава сите ке закачат така да ако се само ти изолираш ништо не добиваш.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.743
Поени од реакции
115.559
... не знам по кој протокол ти е ординиран амоксиклав (ај види кој рок на трајност има на пакувањето?) тотално непотребно губење време со „погрешен“ антибиотик со непотребно оштетување на цревна флора, а ефект несоодветен за состојбата, кај да е пак ќе ти препишат азитромицин!

...антипиретици се пијат кога ќе се помине границата на 38, 5 никако не смее да се пие парацетамол до 38,5 С, природниот одбранбен механизам на телото да се уништи патогенот (вирус, бактерија) е со покачување на телесната температура каде на таа висока температура вирусот не може да опстане и ќе биде уништен, вие со спуштање на вештачки начин на таа одбранбена тендеција на телото да го уништи вирусот ќе се напиете парацетамол и ќе ја спуштите температурата и вирусот опстанува и се размножува... не знам како не го знаете тоа, ако ве боли глава или „горите“ ладни облози избањајте се со ладна вода, но никако со таблети...ако температурата дојде до 39 С тоа значи дека вирусот е „посилен“ и не може да го уништиме со нашата провоцирана висока температура, па таа веќе нас ќе ни штети и тогаш се зема антипиретици (парацетамол, аспирин, андол)!

... уште еден доказ дека матичната требала да ординира азитромицин (сумамед) и предлог за РТГ на белодробието поради состојба на хипоксија!
пулси оксиметар :
„нормални вредности на кислородна сатурација е од 95-99,9 % , доколку постои срцев проблем или проблем со белодробието сатурацијата ќе биде намалена дури и во мирување, така да под 94% сатурација на кислород во крв се смета за хипоксија (намалена содржина на кислород во крвта), а под 90% треба тераписки да се корегира!

...не ми се верува дека правилно ти било измерено сатурацијата (има многу фактори кои делуваат на неточна вредност).
Амоксиклав ми беше даден пред да ми биде дијагностицирана корона, затоа што имав мало воспаление на грлото и црвенило. Се чув со матичниот сабајле и ми рече дека нема да треба да се пие уште многу, можда ден-два, а дека ми помогна ми помогна и веќе се осеќам далеку подобро.

Околу сатурацијата на кислород, зборев и со Фауст вчера по ПП, најверојатно е грешка, или лошо измерено или сум гледал во пулсот, трето нема. Оти со 84 реално за хоспитализација сум, а моментално се осеќам одлично и немам никаков проблем освен дијареа. Можам по нашиве аптеки да купам такво апаратче за мерење на сатурацијата на кислород? И ако не, каде да го набавам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.042
Поени од реакции
74.499

Циркузијада во земјата на селендрите...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.665
Поени од реакции
37.642
И пак глупости, ме мрзи да ви реплицирам и на двете стално. Од гугл срч не се станува стручен, читате, преведувате на транслејт ама пак ја губите поентата бидејќи немате основа во тие работи.
...напротив не треба да те мрзи да реплицираш, посебно кога никој не те цитирал или повикал да го направиш тоа, ама кога веќе пишуваш толкав пост дај малку „визуелно папиролошки“ покриј го твоето стручно толкување „дека губиме поентата, оти сме немале основа во тие работи“... хм, доста храбро за некого што не го познаваш, а ниту не се трудиш со било каков извор да биде поубедливо твоето стручно мислење,
Она што ве мачи е дали присуството на вирусот ако се докаже без присуство на симптоми, таканаречено асимптоматско, е всушност заболување. Како што дебатирав и порано со короната, е НЕ. Доколку нема симптоми нема заболување, не постои термин во медицината како асимптоматска болест.
... види, нас не не мачи проблемот на „асимптоматска болест“, коментираме тука сите кој како знае, се дообјаснуваме или докажуваме дека е така или не е така и зошто не е така...

ice_screenshot_20200709-182418.png

и не само да постои во медицината изразот „асимптоматска болест“, туку постои асимптоматска болест на најтешка болест канцер.
...на пример :
„асимптоматски болест рак на дебело црево“ и затоа постојат скрининг методи за докажување на болеста пред да се појават симптомите.

ice_screenshot_20200709-182627.png

Настинката не е всушност заболување, туку назив за одредени симптоми.
ice_screenshot_20200709-185302.png

ice_screenshot_20200709-185357.png

Тука „латиница“
... пациентка да речеме иде на лекар поради некоја друга причина со белодробието, прави РТГ снимка и сосема случајно лекарот запазува дека има промени на дојката и со предлог туморски маркери се докажува дека има рак на дојка, а пациентката се јавила на лекар поради нешто друго, а се утврдило сосема нешто друго - асимптоматски рак на дојка!
...пациентката апсолутно немала никакви симптоми (асимптоматски) или било што да се посомнева околу тоа дека има туморски промени во дојката... сега според тебе - „ доколку пациентот нема симптоми, нема заболување“ како што е пациенткава, таа нема ни заболување т.е. нема болест, така? и лекарот треба да и’ каже : „ ...госпоѓице дојката ти е канцерогена цела, ама пошто немаш никави симптоми ти немај гајле немаш болест, ниту заболување, ако некогаш ти се појават симптоми тогаш јави се оти и ќе те лечиме, оти тогаш преку ноќ ќе постане „болест“... нормално според твое толкување!
... мислам дека некои работи станале појасни!
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.311
Поени од реакции
84.457
Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските граѓани.

Да преиспита, него како! Така е тоа, ќе барале од Албанците да покажат тест, само заради некаква си епидемија таму. Па 60% заболени од вкупно тестирани дневно, не е некој проблем. Ја не знам, цела Европа се отвара ние Косово ќе сме го блокирале. Нека блокираат таму Срби, Руси,... они се заразуваат највише.
 
M

Macedon1um

Гостин
Смртни случаи на милион, ќе се бркаме со Панама за лидерското место според кривата..

1.png

Македонското здравство и Венко Филипче успешно је менаџираат короната кризата :rolleyes:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.665
Поени од реакции
37.642
Амоксиклав ми беше даден пред да ми биде дијагностицирана корона, затоа што имав мало воспаление на грлото и црвенило. Се чув со матичниот сабајле и ми рече дека нема да треба да се пие уште многу, можда ден-два, а дека ми помогна ми помогна и веќе се осеќам далеку подобро.

Околу сатурацијата на кислород, зборев и со Фауст вчера по ПП, најверојатно е грешка, или лошо измерено или сум гледал во пулсот, трето нема. Оти со 84 реално за хоспитализација сум, а моментално се осеќам одлично и немам никаков проблем освен дијареа. Можам по нашиве аптеки да купам такво апаратче за мерење на сатурацијата на кислород? И ако не, каде да го набавам.
...види, азитромицинот не е против воспаление на грло и црвенило? и даден токму во овој период кога не се знае кој е позитивен кој не на коронавирус што би било штетно по една таблета три дена?
....апаратот е околу 2000 ден, а во Али експрес нешто 11 &, но нема потреба, оти има правила како се мери и треба токму стручни лица да го мерат, не за друго да не се испаничиш ако е помал, а всушност дадено погрешна вредност поради Х причини!
... не ми го кажа рокот на Амоксиклав што си го пиел?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom