Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.537
Поени од реакции
2.712
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Доктор сум по дентална медицина и не сум соодветен да коментирам на ситуацијата со која се справуваме ама ете така чисто се произнесев.
Да те прашам, дали ти се согласуваш со твојот колега стоматолог, @gigovit, дека маските го предизвикуваат синдромот Ковид-19, а вирусот има маргинална улога?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.297
Поени од реакции
16.444
Направен е така "совршен" што ништо не му смета и никој крајот не може да му го најде.....
еве во Белград полицијата фрли солзавец, кој знае, може ли солзавецот да го убие коронавирусот :eek:
 
Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
Tolku dozdovi, veter,...zarem na ovoj virus ne mu preci nisto!?
Nitu sonce, nitu sneg!?
Очекувано беше да се повлече природно со летните температури а во прилог на тоа да оди и фактот што истите две епизоди малата на МЕРС која траеше кратко 2012 година и онаа од 2003-2004 на САРС која исто се појави во ВУхан случајно или не...траеја 3 до 3 ипол месеци. Се работи за вирус кој припаѓа во групата бета коронавируси и причинител на САРС, МЕРС и сега оваа нова состојба. Штом не се повлекува (вирулентноста му е опадната тоа е факт), можеме да збориме за многу теории итн...


Битното е што никој надлежен од СЗО која нели е светска здравствена не изглегува со ставови и тврдења кои се проверени конечно да му се соопшти на светот што се случува. Ако стане сезонска болест тогаш ок ако имаат такви заклучоци итн.. нека кажат нека соопштат за да се продолжи со животот и да продолжеме да живееме. До кога со рестриктивни мерки без групирања итн.. Сега да но до кога ке продолжиш така кога од нивна страна баш спротивно без никакви сознанија те уверуваат за можен втор бран, па за трет. КОга на веќе создадената паника долеваат уште. Што од на есен повторно карантини. Не. Едноставно немаат модел да соопштат дека се справуваме со пандемијата и на крај краева да соопштат крај.


Многу пати кажав состојбата со оваа пандемија како и онаа со 2009 каде исто наметнуваа идеи а притоа не ги користеа карактеристиките на грипот во однос на негово појавување, номенклатура итн.. доведе до паника која сега а и во иднина на некоја наредна наметната пандемија ќе биде стравично уште поголема. Нема спорење во постоење вирус, постоење на болест итн.. Проблемот е што помина предолго време а не се соопштуваат карактеристиките на заболувањето. Патогенезата на вирусот, други карактеристики туку само си играат со бројки и драстично значи драстично менување на ставот и на кажаното од вчера. А притоа не уверуваат дека пикот сеуште не е достигнат, дека ќе има втор бран. Многу парадокси кои самата болест предизикува и кои се нејасни за медицината па уште згора на тоа СЗО дополнителен парадокс во однос на нивното искаѓување. Јас неможам да ги разберам. Излгегуваат со цврсти ставови за пикови, бранови на нови надоаѓања на случаи итн.. а не изглеуваат со факти за заболувањето дали бојот на заболени се намалува, не на позитивни, како се понаша вирусот врз основа на изведени студии и бројни други работи кои треба да се соопштат.
Автоматски споено мислење:

Да те прашам, дали ти се согласуваш со твојот колега стоматолог, @gigovit, дека маските го предизвикуваат синдромот Ковид-19, а вирусот има маргинална улога?
Не маските од наша страна стоматолошка дејност не штитат нас а и пациентите. Во оваа ситуација иако во состојба на пандемија стоматолошката континуирана работа треба да си продолжи како што се работеше и пред прогласувањето на пандемијата. Ние сме заштитени и пред ова и сега како лекари. Тоа е за маските и нашата работа.

Во однос на ова дека маските го предизвикуваат синдромот ковид. Нејасно ми е. Не е така неможе да биде така. Видете ние до кој степен одиме да се напаѓаме едни со други за вакви работи. Како може маска да предизвика болест не сфаќам како е изјавено овде во темава ако така сфатив јас. Вирусот е присутен дали природно дали вештачки тоа никогаш нема да допре до нас не е ниважно. Уствари важно е ама што сега можеш да промениш нешто што се одигрува во светот веќе многу години наназад неможеш да влијаеш.Така да вирусот неможе да има маргинална улога тој си е тука и неминовно предизикува болест која е предизвик за научниците и за науката. Многу нелогичности се поврзани со ковид. Ќе видиме како ке оди работава. Маските како такви и надвор од оваа пандемија треба да си се користат. АКо не се чувствуваш добро киваш, кашлаш стави маска ако неизбежно мораш да одиш пример до банка,пошта или не знам каде. Или ако немораш не оди. Во овој момент мерките кои се сега на сила се сосема доволни.

Маски на отворено не. За ракавици не сакам да зборам пто штитат тие рацете. Па само дополнителни проблеми со уништување на бактериската флора моѓат да се направат итн.. Значи маски во затворен простор со повеќе луѓе. Во лифт, на шалтери кога зад грб ти дишат стари луѓе а чекат исто за да дојдат на ред еве во банка кога си итн... Маската подолго време може да биде штетна ама во која смисла во влијаението на диѓењето кислородна сатурација малку пооптоварување на бели дробови во та насока. Ама зборам цел ден со маска да седиш и кога си сам дома на тереса.


Тогаш во таа смисла. Неможам да го поврзам кажаното на членот кој го тагиравте со појавата на маските т.е. допринесувањето на синдромот ковид. Не сфаќам. Прво болеста е не позната. Вирусот. Не знаеме дали провоцира некаква друга интернистичка состојба во телото па да ни влегуваат оние мал број луѓе во онаа критична маса што развиваат тешки симптоми. Ама ете и од ниш со такви тешки наоди на масовно билатерално белодробно зафаќање повеќето оздравуваат.


А многу ни немаат симптоми. Тука и во други работи лежат нелогичностите што досега во современта медицина не беа случај. А не да одиме до екстреми дека сега маските се за нешто виновни. Се носат само тогаш кога мора и кога има прилика за тоа. Надвор е сонце што повеќе на отворено и со лесно на сите. Нормално без групирање како што е истакнато. Двапати досега и тоа на големо не изненадуваат коронавирусите. Премногу присутни и веќе ќе мора дапочнеме да живееме со оваа болест или новонастаната ситуаиција.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
16.658
Поени од реакции
18.912
Јас па мислев бројки штелуваат пред избори :icon_lol:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Што мислеше искрено, дека луѓето ќе прекинат да се дружат а притоа ќе продолжат да трошат пари по кафичи?
На кафичите требаше да мислите кога јавно ги сатананизираше цел народ како извор на заразата во државата, никој не е будала да седи сега. Ја искачам секој ден низ мало, ама не сум седнал у кафич до сега. Дури и да сакам, никој од моите пријатели не сака да седне.
Искрено што мислам? Дека во време на вака раширена пандемија дружење во групи воопшто не треба да има.
Имам многу другари, но од почеток на пандемијата дружењето ни се претвори на скајп конверзации....исто и со роднини.
Далеку од тоа дека така е убаво и нормално.....но јбг сега така треба.
Исто имам и некои другари што и покрај се си се дружат, си се групираат и не применуваат никакви мерки за заштита.
Но знаеш, тие кои го игнорираат, односно забораваат дека вирусот постои така се однесуваат и ќе се однесуваат, се до оној момент додека мечката не им заигра во дворот.
 
Член од
27 јуни 2014
Мислења
51
Поени од реакции
67
Штом не се повлекува (вирулентноста му е опадната тоа е факт), можеме да збориме за многу теории итн...
Не сфаќам од каде ова дека ако не се повлекува дека е намалена вирулентноста? Што е вирулентност? До сега имаше некои вакви изјави ама подоцна се демантирани од СЗО па и од министерствата за здравство на некои земји дека напротив вирусот е по вирулентен (наводно мутиран) а дека смртноста и сериозноста на симптомите е иста или слична. Па така ми нема логика во тоа дека ако не се повлекува вирулентноста е во пад+
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.057
„Се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не се грижат за политичките разлики ниту оние меѓу здравството и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата на COVID-19 ги избриша сите“, рече Гебрејесус.

Кунта Кинте да дое и ова да им го каже лично на нашиве Албанци.
 
Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
Не сфаќам од каде ова дека ако не се повлекува дека е намалена вирулентноста? Што е вирулентност? До сега имаше некои вакви изјави ама подоцна се демантирани од СЗО па и од министерствата за здравство на некои земји дека напротив вирусот е по вирулентен (наводно мутиран) а дека смртноста и сериозноста на симптомите е иста или слична. Па така ми нема логика во тоа дека ако не се повлекува вирулентноста е во пад+
Вирулентноста на вирусот во светот веќе е намалена тоа е факт. Терминот вирулетност е различен поим од поимите индекс на контагиозност и од патогеност односно способност да предизвика заболување. Вирулетностста на некој вирус е голема кога тој вирус причинува односно предизвикува големи оштетувања во организмот често препратени со смрт. Од почетокот на пандемијата развивањето на тешки случаи беше 5% сега веќе е намален процентот на 1-2% во поголемиот број држави кои влегуваат во онаа терминална тешка фаза. Во прилог оди и се почестите случаи на т.н. асимтоматски случаи или оние кои развиаат едвај видлива клиничка слика т.е. развиваат симптоми па се категоризираат како заболени. Во тој контекст е прилигот на намалената вирулетност на вирусот coronaviridae предизвикувач на САРС-КОВ-2.
 
C

CoolIris

Гостин
. Штом не се повлекува (вирулентноста му е опадната тоа е факт), можеме да збориме за многу теории итн...
Ова не е точно!
Вируленција е степен на патогеност на микроорганизмот (во случај вирусот), односно способноста на микроорганизмот да навлезе во домаќинот и да предизвика болест. Вируленцијата е стекната особина на микроорганизмот, значи не е константна и може да варира.

Од друга страна, патогеноста е вродена особина на микроорганизмот и ја претставува неговата потенцијална способност за да предизвика болест.

Значи, вируленцијата и патогеноста имаат голема улога во тоа дали ќе настане болест и со каква тежина ќе биде истата, но освен тоа, секако голема улога има и отпорноста на организмот. Тоа е особина на домаќинот, способност со различни одбранбени механизми да се одбрани од микроорганизмот.

Значи, штом не се повлекува вирулентноста не му е опадната!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom