Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Нашите ракометарки во квалификациите кои водат до бараж за СП ќе играат во група со Исланд, Литванија и Грција. Првите две екипи ќе се пласираат во баражот за СП. Со Исланд игравме на прошлите квалификации за СП и нашите победија со 8 разлика ако не се лажам. Со Литванија сме играле квалификации порано и имаме 4 победи и 1 реми. Со Грција сме играле пред 10 години негде и ги имаме победено на нивен терен.
Домаќин на овој турнир би требало да биде Грција, но ако откаже тогаш Македонија ќе биде домаќин. Реално е да се очекува дека ќе бидат меѓу првите две, па останува да се види на терен тоа во декември (или крајот на ноември).
 
До бараж стигнуваат нашите... како потоа е проблемот...
Јас мислам дека имаат капацитет барем со екипи како Полска, Чешка и слични да се носат. Нашите потфрлија комплетно со Чешка дома во октомври и примија 37 гола (29-37 беше, а на полувреме 14-14). Мислам дека фали добра одбрана и добар голман, а вака даваат од 25-26 голови па нагоре така да ефикасноста не е некој проблем. Ајде нека стигнат до бараж, па после да видиме што ќе бидне и кој ќе падне.
 
Грција откажа да биде домаќин на турнирот, па турнирот есеноска ќе се игра во Македонија. Патот до бараж сега треба да е само формалност.
 

Против no-name екипа од Лвов, Украина... ЛШ ќе играа, yeah, right. (y)
Време е женскиот ракомет у држаава да се забрани.
 

Против no-name екипа од Лвов, Украина... ЛШ ќе играа, yeah, right. (y)
Тоа сакав и јас да го пишам. Амбиции имаа за ЛШ, па после читам 2 гостувања во Украина (наместо Лвов два пати да игра во Куманово). Еве денес -16 разлика. :toe: Треба некој да им ги вади изјавите и да им ги плеска во фаца.
 
Имавме неколку добри ракометарки во генерациите од 1983-1986, но факт е дека ни тие не покажаа големи резултати со оглед на условите кои ги имаа. Не знам дали е до менталитетот, дали е до лоша инфраструктура, но едноставно женските целосно потфрлаат кога станува збор за спорт во последниве десеттина години. Сега гледам дека сме биле ко-домаќини на ЕП 2022 година, се надевам барем ќе склопат екипа која ќе прикаже храбра игра.
 
Квалификациите за бараж почнуваат утре
Петок 17:00 МАКЕДОНИЈА - Исланд
Сабота 17:00 МАКЕДОНИЈА - Литванија
Недела 17:00 МАКЕДОНИЈА - Грција

Две екипи одат во бараж за СП во Шпанија.
 
Си го бараат службено! Гад од држава. :pov:

 
Ги гледав последниве 20 минути. Фина победа против Исланд.

Него едно прашање, на последниот тајм аут кога Ѓорѓиевска даваше некоја идеја, селекторов ја фати за дојка и рече не, вака ќе правиме. Дали ова е harassment или пошто Ѓорѓиевска е ко маж, нема ништо спорно? :D
 
Океј, не одиграа нешто добро според мене денес и бајаги беа во грч. Ама па +7 е супер против најсериозниот ривал во групата. Чекам да ја скантаме Грција, ако треба и таа Цакалу од паркет нека ја треснат.
А Симевски како ја фати 5-ката кога даде гол. Ја мислев градите ќе и ги откорне како ја грабна..
 
Сара има многу поголем капацитет и од ова. Гледам фрлила некое килце, не знам дали е подобро или полошо тоа со оглед на фактот што ми делува како Дибиров тип на крило
 
Да, се гледа дека и годи ЦСКА на Сара, голем напредок има.

Ги гледав денеска, навистина добра одбрана изигравме ама нападон ни е за греота. 17 од 24 гола беа дело на Ристовска и Ѓорѓиевска. Не знам дали ни е толку квалитетот или едноставно нерви беа у прашање бидејќи ни беше прв меч, се надевам на второто. Сеуште не сфаќам како Ливриниќ игра веќе петта година во првенство како романското. Не памтам една партија добра да имала кога сум ја гледал репкава. Гичевска што е четири години помлада, што има далеку по скромно играчко искуство и игра во послабо првенство па има поголем придонес од неа.
 
Последно уредено:
Ливриниќ беше катастрофа вчера, ама па мене баш таа изминатите години ми фаќаше око, како можен трет поквалитетен играч покрај Ристовска и Георгиевска, но долго време не ни добиваше позначајна улога додека ја играа Штериева.

Во секој случај пак сме тука некаде како и минатите 2-3 години додека некоја млада не експлодира и да оди на ниво погоре не сум сигурен дека ќе можеме да мрденеме напред...

Со кој се паѓа да играме во бараж ако сме први во групата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom