Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Дали постои лабораторија за тестирање на приватно во друг град, освен во Скопје, на пр. Охрид или Струга?
 
(y)

... да додадам, дека таква настинка која индивидуата не покажува симптоми наречена е и субклиничка инфекција го има патогенот во себе и е носител на истиот, а не е свесен од што нема никакви или сосема благи симптоми, така да истиот може да го пренесе на пример кај домашните, а тие да немале контакт со никој друг од домашните и да се чудат „од каде настинале“!
...еве пример на една клиничка студија на асимптоматска риновирус инфекција кај студенти кои не пријавиле никакви симптоми, а вирусот го имале во себе и го пренеле кај своите колеги студенти кои веќе клинички пријавиле симптоми!
Девојки многу убаво објаснувате ама се тоа на погрешна врата. Членот многу полесно ќе ве разбере ако му кажете дека целата ова работа околу вирусот е наместена или некоја теорија на заговор да му презентирате.
Ние обичните луѓе во меѓувреме ќе веруваме во вирусот и нема да се замараме во тоа кој го подметнал и дали го подметнал пошто сме (здравствени работници) се фатиле за орото веќе
 
Не знам кој е по ретардиран Вучич шо пред две недели се кикотеше и дозволи да се отворат дискотеки,граници, утакмици, турнири а сега плачи како путе и ги затвори пак или овие кои протестираат и се тепаат со полицијата оти ги ставаат во карантин, хелп ми
Од старт појма немаш
Автоматски споено мислење:

Во Србија се организираат протести големи од луѓе што се против Вичиќ, а кога иде време за избори истите тие го гласаат пак Вичиќ, а опозицијата губи со големи разлики и ај објасни ситуацијава? Убаво си пиша Саша, протестиве си имаат политичка позадина. Имаше вакви протести и минатата година само сега што се охрабрија да излезат и во ваква ситуација. Ќе ги задушат за 1-2 недели и откако ќе им помине еуфоријата и ќе ги нема 1-2 години пак и така во круг. Мислам дека повеќе е да покажат сила на инстаграм и фб ништо др
Седи кец, такоѓе појма немаш.
 
Да не отиде темава во погрешна насока ама едно надополнување...До пред еден месец имаше слики од Нови Пазар како градот турбо работи, слики од полни кафани и улици. Сега се очајни?
Политизирано е? Е сега врие корона и има паника.
 
Here we go...

Важно ЕУ ја стави Србија на БЕЛА листа, а на пример Албанија не е
 
Важно ЕУ ја стави Србија на БЕЛА листа, а на пример Албанија не е
По големите кластери во Германија со муслимански малцинства тоа им беше првата мерка. Не значи дека набрзо и Србија нема да ја додадат на листата со брзорастечкиот број на заболени.
 
По големите кластери во Германија со муслимански малцинства тоа им беше првата мерка. Не значи дека набрзо и Србија нема да ја додадат на листата со брзорастечкиот број на заболени.
сите овие листи се политичка заебанција...посебно Австрија се мангупира и блокира други држави со МНОГУ ПОМАЛКУ ковид од нив !!!!
а пази сега, еве и ние рогови да покажеме:

Влез во земјава само со ПСР тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора – препорача Комисијата за заразни болести


а како сега да дојдат оа Косово да гласат ??
Автоматски споено мислење:

туку ако ова е точно, значи ширење по воздух и до 10 метра :confused:
го ебахме ежот
 
сите овие листи се политичка заебанција...посебно Австрија се мангупира и блокира други држави со МНОГУ ПОМАЛКУ ковид од нив !!!!
а пази сега, еве и ние рогови да покажеме:

Влез во земјава само со ПСР тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора – препорача Комисијата за заразни болести


а како сега да дојдат оа Косово да гласат ??
Одамна научивме дека препорака на Комисијата ретко се усвојува :)
Ако помине ова искрено ќе бидам шокирана :) Веројатност: 0.00000001 :)
Да беа изборите во септември, можеби... Кога ќе поминат изборите исто можеби...

Инаку, сите ЕУ земји си имаат внатрешни игранки. Австрија беше една од првите земји што не дозволуваше отворена граница кон Хрватска иако Хрватска имаше минимален број на заболени и ги повикуваше граѓаните да посетуваат туристички центри во Австрија.
Задржување на сопствен капитал како економска мерка.

п.с. Ако помине мерката, значи дефинитивно ДУИ се пазарел со ВМРО и ќе го намалуваат бројот на гласачите....
 
Последно уредено:
Значи у цел Свет ги враќаат мерките, дури и кај корона хејтерот Трамп, само кај нас удри бригу на весеље. Топ (y) значи како само фантастично се бориме и справуваме против корона со филипче и караџовски партиските лепотани
 
Ќе ни здрват и кај нас карантин бе, само се чека 15 Јули да помине...
Во Србија е застрашувачка ситуацијата. И нормално кога ќе имаш преполни болници и пандемија во ек логичен настан е протест на илјадници без маски.... Балкан...
 
Во Србија е застрашувачка ситуацијата. И нормално кога ќе имаш преполни болници и пандемија во ек логичен настан е протест на илјадници без маски.... Балкан...
Такоѓе кец, седи доле... дај бе малку читајте што се дешава не само да тропате глупости.
 
Здраво дечки,

Не знам дали е најсоодветна тема бидеќи прекинав да читам вести по форумов за Коронава(што не значи и дека престанав да верувам дека постои,нели). Нвм, денес се разбудив утрово со чудно чувство,вртоглавица итн. Пиев Бруфен, се вратив у нормала, излегов еден круг низ град и се вратив. Ме фати попладневна дремка околу 45 минути и кога станав имав 38.5 температура проследена со вибрации у стомакот(одма ме фати дијареја). Од тогаш(5 саатот) до сеа(6:30) отидов уште 3 пати у вц. Не сакам да паничам, веднаш се јавив на матичната, она ми рече демек почекај 1-2 дена па ако не ти се симне температурата тогаш ќе правиме тест. Прашањето ми е, дали некој од вас имал симптоми слични на горенаведените? Болки у градите неам, исто неам и отежнато дишење, чувствувам мало скокотање,ама мислам дека тоа ми е повеќе резултат на плацебо-то шо ми се дешава. Иначе последнава недела(од понеденикот), само синоќа бев кратко излезен во ресторан и петокот во кафиќ (помалце од саат време се задржав и на двете место имено), цела работна недела возев точак сам или сам пешачев, ги почитувам мерките на заштита, редовно носам маска и мијам/дезинфицирам раце, и на работа и кога шетам со друштво во град (најчесто не повеќе од 2-3 другари), доаѓам од Кавадарци кај шо нема некој кластер и бројот на заразени е доста мал(сум немал контакт со ниту еден од нив, ниту директен, ниту индиректен). Поздрав
Да се самоцитирам..

Во понеделникот сабајле матичната ми закажа веднаш брис да ми земаат, понеделникот имав исто доста висока температура(38.5-39), вечерта ми спадна температурата. Вчера немав цел ден, стомакот само ми вибрираше(и денеска иста состојба,не сум јаден ништо освен 2 двопека вчера и малце супа). Преѓеска ми се јавија дека тестот ми е НЕГАТИВЕН. Веројатно само некој стомачен вирус сум закачил. Фала на сите за репликите, чувајте се сите и останете во добро здравје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom