Прашањето со Палестина/Израел се водат по надворешната политика на СФРЈ, поради неврзаните Тито ги чуваше на мраз односите со Израел, Шпанија/Баскија пак воглавно поради тоа што беше засолниште за усташи, четници и недиќевци поствоено исто така немаше кој знае какви односи со Југославија, настрана фашистичката традиција на Франко која е актуелна и денсе таму итн...е сеа сето ова е ирелевантно или комлетно маргинално тематски, а ти го покренуваш од позиција на вонпарламентарна партија, дури не си ни саглам партија т.е имаш фигуративна политичка структура, од идеолошки аспект во ред, меѓутоа малку рацио треба и прагма. Балкан е ова, не Скандинавија.
Казината и кладилниците доволно е да ги задолжат при секоја уплата да бараат лична карта и да се знае кој колку и каде уплаќа, па секој месец да се должни да го достават до УЈП/ФП, па да видиме кој од каде кеш, доста е перење на валкани живи пари, кај нас сеуште веруваат дека приходите им се од по 50ден уплати или 1000ден на слот машини...
Религијата исто, па во МПЦ и ИВЗ има повеќе политика од сите помали партии заедно кај нас, и тоа влијание со пари поткрепено, и пак тука р`чкаат...убаво е да се доследни на идеалите, меѓутоа прво нека скокнат после нека викаат јуриш ако сакаат, не опа.
Пак да речам, ако одиграат отворено со жмро, толку, ќе има плукање до немај каде, и брм-брм-па-па Левица. А сигурен сум дека постизборно ќе доживеат препади затоа шо со гаранција им имаат подметнато одредени ликови, и зависи како ќе ги активираат од изборните резултати.