Левица - Политичка партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack NolanProf.19
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Оваа Мојсовска битолчанка е?
Струга.

Иначе Левица со двава спота постави нови стандарди за спотови. Ептен во срце гаѓаат.
Иначе, Хрватската верзија на Левица влезе во Парламент со 7 пратеници. Еј, хрватине се опаметили ние тешко. Само 500 километри не делат, но и 500 години понапредно размислување и неограничување на мозокот!

Здрави, прави, млади, учени и неучени, гласате за СДС и ДПНЕ. Еј... Што ви дадоа? Зарем не мислите дека е доста? Зарем грам на достоинство немате? Став, збор, свое јас, образ?????? Им лижите газ за едно "ветено"работно место за 16 илјади и договор на определено.

Дејди ди младино наша...
 
Не сум упатен во партииве... овие од Левица имаат врска со Шарената револуција?
Да, директни учесници на Шарена револуција и соучесници во носењето на Заев на власт.
 
Нема зошто да одат во предизборна коалиција, кога левица во моментов зема гласови од сдс. Доколку отидеа во коалиција со вмро ни пола немаше да добијат од тоа што ќе добијат на избориве. А тоа ни на вмро не му одговара.
Еве прашај ги нивните членови тука, дали ке гласаа за левица, ако отидеа во предизборна коалција со вмро.
Прва работа Левица е против било какви предизборни коалиции.
Второ викавте дека Левица е сателит на СДСМ дур беше ДПМНЕ на власт, сега обратно!
Работата е во тоа што слушате чаршиски муабети и без да проверите верувате во нив.
 
Струга.

Иначе Левица со двава спота постави нови стандарди за спотови. Ептен во срце гаѓаат.
Иначе, Хрватската верзија на Левица влезе во Парламент со 7 пратеници. Еј, хрватине се опаметили ние тешко. Само 500 километри не делат, но и 500 години понапредно размислување и неограничување на мозокот!

Здрави, прави, млади, учени и неучени, гласате за СДС и ДПНЕ. Еј... Што ви дадоа? Зарем не мислите дека е доста? Зарем грам на достоинство немате? Став, збор, свое јас, образ?????? Им лижите газ за едно "ветено"работно место за 16 илјади и договор на определено.

Дејди ди младино наша...
Од програмата на Левица, мои несогласувања, груб осврт:
- исплата на превоз и храна - тоа постои но се оданочува и се плаќаат придонеси, односно влегува во основица за пензија
- намалување на работно време од 8 на 6 часа дневно - и јас сум за, ама фабриките кои работат во 3 смени ќе треба да отворат и 4-та смена со работници. Кој ќе ги плати? Или да се намалат платите на сите?
- мажи на 62, жени на 60 г. в пензија - супер, а кој ќе го плати тоа? Не е ова 1970 г. кога сите имаа барем по 2-3 деца, стапуваа во брак до 25 г. Сега нема кој да го полни буџетот од придонеси.
- прогресивни стапки на даноци - дискриминаторски. Данокот се плаќа по процент, па секако поголем износ повлекува поголем данок.
- отпис на стари долгови на граѓаните - ние будали сме што плаќаме????
 
Да, директни учесници на Шарена револуција и соучесници во носењето на Заев на власт.
Секој кој дал придонес да се тргне гомноно Груевски од власт (а со тоа и од партија), треба да добие признание од нормалните луѓе. Особено од членовите на ВМРО.
 
Секој кој дал придонес да се тргне гомноно Груевски од власт (а со тоа и од партија), треба да добие признание од нормалните луѓе. Особено од членовите на ВМРО.

Не им пишувај така, срцеклоцање добиваат кога ќе се спомене Пастирот :icon_lol:
 
Секој кој дал придонес да се тргне гомноно Груевски од власт (а со тоа и од партија), треба да добие признание од нормалните луѓе. Особено од членовите на ВМРО.

А секој кој дал придонес гомноно заев да дојде на власт, треба признание во некоја верзија на Голи Оток да добие.
 
глупости. тие избркани што ги именуваш беа баш тоа, полтрони на СДС на Нашата Земја чија цел беше претворање на Левица во сателит партија на лажните социјалдемократи. не успеаја затоа што Апасиев ги искорени сите и ја исчисти партијата.
Лол. Сите се полтрони, само Кеба е чист. Интересно е вака кога сите ликови кои се релевантни во македонските левичарски кругови (колку и да се тие маргинални) ги дискредитирате, а само ванаби кеба е чист. Нејсе, димче нема ништо со левичарските вредности, ликот е национал социјалист. Тоа е јасно и од профилот на луѓе кои го поддржуваат, не знам зошто не се ребрендира и да расчисти веќе со лажното левичарење.
 
Иначе, Хрватската верзија на Левица влезе во Парламент со 7 пратеници. Еј, хрватине се опаметили ние тешко. Само 500 километри не делат, но и 500 години понапредно размислување и неограничување на мозокот!
Пернар и Вилибор беа во парламент уште одамна, а имаат и европратеник мислам, е сега тоа што забегаа и се сторија пуздер меѓусебе бетер од Левица е друго. Исто и Јуричан царот го извадија трет на претседателски, 100 илјади гласови ми се чини дека собра. Но, од друга страна пак и на Шкоро му дадоа 10-тина пратеници.

Во многу погледи сме исти, се уште има премногу ХДЗ Рвацка ликови, особено од старите генерации, ама пак во уште повеќе погледи се Норвешка за нас, на моменти ќе помислиш дека не си во екс-ЈУ, ами некаде на север/запад.
 
А секој кој дал придонес гомноно заев да дојде на власт, треба признание во некоја верзија на Голи Оток да добие.
Рамуш Харадинај да беше премиер наместо Груевски, помалку штета на партијата и народот ќе напраеше.
 
1. Аман веќе со тој Груевски од уста не го вадите, нели гледате дека ако останат Комуњариве на власт дека федерализација ни се спрема ?
2. Коалиција ВМРО-Левица ќе ни биде најдобро , македонштина, македонски политичари кои ќе не одбранат од комуњариве и дуи.
 
Јас ке гласам за партијата Никогаш северна само Македонија...Јове Кекеновски мислам дека е единствен најумен, најинтелигнетен, најспособен човек без валкана позадина.
 
Јас ке гласам за партијата Никогаш северна само Македонија...Јове Кекеновски мислам дека е единствен најумен, најинтелигнетен, најспособен човек без валкана позадина.
Нели рече не излегуваш, оти даваш лажна информација? Може кандидатот има кајгана профил ќе добие некоја лажна надеж
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom