Не знам, грешна претстава имаш за луѓето што се сериозни на темава.
Нормално си функционирам. Откако се тргнаа мерките, скоро секој ден сум излезен навечер (90% на отворено, ама сум бил неколку пати и до ресторан или кафулињава), а на работа одиме преку еден ден, другите од дома. Четири пати бев надвор од Скопје на викенд, се возев и со воз
Тоа не ме спречува да се пазам колку можам, но и да бидам свесен дека секаде може да се заразам. И уште понормално, да бидам загрижрн ако се заболам, особено што имам родители пензионери, со дополнителни ризични болести.
Не се пресмевам на болеста, затоа што имам познаници со починати роднини, како и познаници кои ја прележаа со најразлични симптоми. Дел од овие што го дрват на темава, барем ги знаеме дека се поим за антисоцијала. И јас на нивно место, со мал број на контакти и седење дома, воопшто не би бил загрижен за вирусот.
Нема никаква поента и причина таквите да тераат мајтап со дечкото кој си има мака и е под стрес чекајќи резултати.