Значи вака, за куќа од 70 квадрати (еден спрат) ти требаат околу 10к евра да ја направиш карабина со солидни материјали со твоја работна рака, проекти имаше бесплатни од владата, па и таму заштеда, комуналиите варираат од општина до општина, Аеродром, Центар сигурно е изгор, ама во Илинден колку што знам беше 2 евра за квадрат, а пред некоја година кога имаше акуции за населбата Јака (мислам дека така се викаше) имаше и цени од 120+ денари за квадрат, во Р'жаничино на аукциите цените одеа уште помалку 61 денар +10 качување, во Кисела Вода имам видено аукција од 210 денари за парцела на која треба/ло да се гради ПР+2+ПК, начекаш аукција на која нема други и ќе лапнеш ефтино.
Да не ме прашувате што и како, на постарата верзија се гледаше постигнатата цена
http://www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx
на оваа поновата изгледа имаат некаков проблем гледам ставиле тест ама не се гледаше колку е последната цена.
http://www.test.gradezno-zemjiste.mk/eauctions/ListaNaAukcii.aspx
Исто така плаќаш и приклучок за струја кој е 400 евра и приклучок за вода кој сигурно е повеќе од 100-200 евра, тоа дека многу ќе си потрошел за ограда, визби и сл. не држи вода, можеш да ставеш ограда од 50 денари/метар, можеш и ковано железо ако ти се фрлат при за да ги нервираш комшиите, гража или шупа да направиш ти е поефтино од терасата на некој стан.
За 70к евра без проблем можеш да направиш двоспратна куќа без да мрднеш со прст (иако јас би снашол и за помалку од 50), мебелот во станот да си знаеш дека мораш ти да си го купиш не го дават гратис со станот (добро во некој стар може и со мебел да ти го продадат).
Се на се за 30к евра без проблем се прави еден спрат на куќа, кумуналиите се различни во Илинден 140 евра, некаде дека се 70е, 4900 евра ќе те фати, за приклучоци, одобрение за градба помалку од 1000е, за проект како ќе се снајдеш, познавам еден имаше проект 700 евра за двоспратна куќа, тие владата шо ги беше објавила имаше еден 80 и нешто квадрати што ми се допадна на мене,
најголемиот трошок всушност може да ти биде купувањето на плацот, во центарот на Скопје сигурно е изгор, на периферијата можеби ќе се најде нешто поефтино, а ако купуваш на аукција можеби ќе имаш среќа и поефтино.
За далечината не може на сите да се угоди, ама па излегува дека сите работите во влада и собрание па сакате работата да ви е преку патот и да одете на кафе секој ден на плоштад, е нема мораш да се откажеш од нешто, дали да ти е поефтино и далеку или скапо и блуску.