Станови во Скопје, совети за купување.

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Човекот рече бетонски ѕидови и јас му одговорив за тоа! Доста од постарите градби се со голем број носечки платна кои се воедно и ѕидови. Инаку знаеме што е рам конструкција, не сме до толку :)
Добро добро, без извичници те молам :D
Се шалам, ама кај нас, дури и некои постари згради се со блокови од надвор, а внатре се како што спомнале и погоре со гипс картон. Мојава зграда е негде 80ти правена и внатрешните ѕидови се гипс картон, комшијата коа хрчи навечер како до мене да е или кога праи муабет по телефон.
Глеам на новиве згради, дур се во градба, од надвор ставаат онакви бели блокови (појма неам како стварно се викаат), што ако не се лажам не се здрави, ама тоа кај нас нели не е битно, битно е парички да ставиш у џеб :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Како каде. Една позната фирма (гради накај Аеродром) знам дека внатре има ставано гипс картон (кај што ни кажале, можда не е тоа случај сегде, ѓаол ќе го знае). Зборам за новите згради. Кај нас нема гипс него е цигла и меѓу соби. Проблемот со изолација меѓу станови странично е што се става мислам дека 12 цигла да се заштеди на простор. Е сега, близу нас, во нова зграда ставаат сендвич со камена волна помеѓу становите за звучна и термоизолација. Значи има секогаш исклучоци, треба да се праша при купување.
Прочитајте форуми каде луѓе од нови згради покрај Сити мол велат комшијата да пушти вода во веце, кај нив се слушаат Нијагарини водопади. Други велат ако соседот од приземје готви, тие на погорните спратови знаат што готви итн итн. А таму и на ред други места м2 е над 1100-1200 евра.
За изолација меѓу спратови и нови и стари згради имаат проблем. Со џамлија да тропнеш на паркет ќе се слуша.
Старите згради единствена предност е градба по некоиси стандарди на големина на ходник, остава, кујна и слично. Маана е што треба да се менува многу нешто што чини многу пари. И не е само паркет, дрвенарија, прозори и плочки (па негде кај што сме гледале и терацо во ходник и купатило). Тешко може да се заменат 50-70 годишни водоводни и електрични инсталации, веќе окапани. У ваква состојба беше една зграда на Сарафов, една од најстарите велеа згради таму.
И доколку гледате стар стан, барем гледајте со централно парно. Заради лошата топлинска изолација однадвор, најголем дел од нив.
Автоматски споено мислење:

Глеам на новиве згради, дур се во градба, од надвор ставаат онакви бели блокови (појма неам како стварно се викаат), што ако не се лажам не се здрави, ама тоа кај нас нели не е битно, битно е парички да ставиш у џеб :)
мислиш на изолацијата над циглата однадвор?
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Имам стан во нова зграда. Ги слушам комшиите кога разговараат, да не зборам за други активности. Среќа, спалната ми е повлечена, барем таму сум раат. Над мене слушам дека некое детенце непрекидно трча. Го прашувам комшијата, колку е старо, нека е живо и здраво, вели дека не е откај него, туку над него. Можам да замислам колку тој го слуша. Од друга страна, термичката изолација е одлична. Крајот е мирен и релативно чист. Па, не се кајам што дојдов тука. Со постарите станови има други проблеми. Еден куп пари ќе се дадат, темелно да се реновира. И пак живееш во стара зграда. Ќе ти протекува од кај комшијата, тешко и скапо е да промениш квалитетна електрична инсталација, греењето не е секаде добро, термо изолацијата уште помалку.
Во куќа е секако најдобро, тоа допрва ќе се покаже. Убаво е ако е во природа, блиску до Скопје. Но, и тоа си има мани, пред се заради нефункционалните општини, а башка, поскапо е.
Него, сите забегавме од темата. Човекот друго прашуваше...
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
257
Добро добро, без извичници те молам :D
Се шалам, ама кај нас, дури и некои постари згради се со блокови од надвор, а внатре се како што спомнале и погоре со гипс картон. Мојава зграда е негде 80ти правена и внатрешните ѕидови се гипс картон, комшијата коа хрчи навечер како до мене да е или кога праи муабет по телефон.
Глеам на новиве згради, дур се во градба, од надвор ставаат онакви бели блокови (појма неам како стварно се викаат), што ако не се лажам не се здрави, ама тоа кај нас нели не е битно, битно е парички да ставиш у џеб :)
Се надевам си под кирија. Треба гипс зидови со закон да се забранат. Инаку не е само во МК и на запад има згради со гипс зидови.

Имам живеено во стан под кирија со гипс зидови и ефектот на здравје е катастрофален. Не можиш како што треба да се одмориш организмот не оди во длабок сон.
Автоматски споено мислење:

Над мене слушам дека некое детенце непрекидно трча. Го прашувам комшијата, колку е старо, нека е живо и здраво, вели дека не е откај него, туку над него. Можам да замислам колку тој го слуша. .
Сигурно Хулк живее над него.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ме интересира колкава квадратура треба да е станот за да кошта олку реновирање.
Не мора да е многу и 55 м2 ќе си земе толку пари, па може и кусо да ти дојдат ако расчепкаш се од нула.
Дограма и влезна врата со подобри брендови ќе те фати и над 3000 евра (зависи колку ги има на број и што ќе вградиш).
Бањата ако ја расчепкаш со се изолации и нови плочки ќе те изгори во пари, зависи од квадратурата и што ќе вградиш ама и таа ќе ти повлечи преку 2000 евра со покавлитетни материјали и изолација (може и многу повеќе).
Паркетот ако е отиден, или ќе треба да го менуваш со нов/ламинат, а ако е здрав најверојатно и да го истругаш и лакираш, стави си и тука некоја стотка.
Кујна, мебел, бела техника рачунај 3-4 000 евра, зависи што ќе вградиш може и троа поефтино или доста поскапо.

Za tie pari ene na fb nekoj prodava kuka na dva sprata so dvor. Vidi po oglasi kolku se. Cenite se razlicni zavisi od kuka do kuka. Ocigledno nema da bide nova i sigurno ke ima nesto popravki da se sredat ali bar ne delis zidovi so komsii.
Куќа за исти пари на мин 30 мин со кола од Центар (читај Ѓорче, Геге, Кисела Јабука, Волково, Марино, Мралино, Петровец, JAKA, Драчево), блиските населби се изгор, реално во Скопје за на ок локација и барем 70тина квадрати корисен простор не те оправаат 100 000ки (само плацовите се од старт преку 20 000 (300м2 x min 70 evra po 1m2), проекти, комуналии, градба....

Втора работа куќата е скапа за одржување, едноставно нема крај тоа чудо, постојано има нешто за поправање, постојано нешто треба да се доправа, потешка за затоплување, потешка за ладење, еден куп глупости (огради, тенди, визби и тн што вака изгледаат едноставни, ама си тргаат доста пари за да ги направиш).

Инаку да, неспорно се бенефитите во поглед на приватност, мир, поголем простор и комоција во куќите, израснав во куќа, живеам неколку години по станови и за луѓе со ограничен буџет би одел на варијанта стан, за луѓе што имаат подлабок џеб куќа, за луѓе што покрај работата сакаат да чепкаат додатен бизнис од некој занает или земјоделие дефинитивно куќа.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Малите станови, тие до кај 40 квадрати држат поголема цена на квадрат. Знам стан од 30 квадрати на којшто му бараа 1300 евра квадрат а во кисела вода познаникот најде 65 квадрати стан за 700 евра квадрат. Добро плус реновирање ама минимална разлика му искочи 2-3000 евра највеќе со се по негов вкус реновирано. За изолација по старите градби во Аеродром повеќе ги фалат. Само и цената да знаеш рипната е до безсвест 1200 е ти е у просек гарсоњерата. Може и по ефтино да ти искочи 50 квадратен стан... Гледам ти предложиле и од „познативе'' фирми станови да глеаш, се е супер ако сакаш ептенски да си го одврзеш ќесето за тоа што го добиваш. Ако гледаш нова градба квалитетот може да биде по лош, звучна изолација и слично, за паркинг треба убаво да се распрашаш дали имаш гаража или место или бесплатен голем паркинг. Ако гледаш у старите згради рачунај ќе ти треба едно реновирање асално ама па може по ефтино да ти се фати а и 90% од случаевите ќе имаш боља звучна изолација... Сепак за стан не се брза, убаво разгледај и размисли си, само провери и поголемка малце квадратура што цена ќе те фати, сепак парите треба до максимум а и ти како што сакаш/ти е мерак да си ги искористиш :)

Разгледувам станови низ Скопје и на некои по ОК локации квадрат речиси да нема испод 1 000 евра (некаде и 1 200 - 1 300 што е лудило). Значи да речеме за стан од 70 квадрати испод 70 000 евра слабо.

Тоа што го зборите за куќи, тие што се разбираат малце повеќе (цел живот сум у стан, ништо не знам за куќа), колку би коштала куќа од 70 квадрати на пример (нормално со мало дворче и земјиштето да се купи плус) ?
500 квадрати плац Х50 еура = 25 000 евра.
Куќа да ја градиш ти е 250-300 евра комплет - кључ на рака.
300 Х 100 = 30 000 еура. + мебел само ти фали.
55 000 еура ќе те кошта 100 квадрати куќа со ламинати, прозори, врати, тоалети, кујна... Се фирма ако ти праи ти за ништо да не се замараш. + тука додади и 20 000 еура да треба давачки и останати ситни трошоци ќе ти дојде 100 квадрати куќа со 400 квадрати двор за 75 000 еура. А стан 70 квадрати ќе ти биде 70 000 (на добра локација)... Иако не верувам дека 20 000 ќе ти треба за додатни трошоци ама сепак, стај ги 20...
Иначе сега има плацеви на 8-9 км од Плоштад за 50 евра квадрат. Се зависи локацијата за куќа ако гледаш. Ако имаш некој од „локалците“ во „приградскиве“ населби убаво да ти каже што и како стојат работите тогаш е по исплатливо куќа да земеш, ама на ново се да праиш, пошо реновирањето кошта колку пола куќа минимум. (паталец, 15 000 евра за мењање кров и дигање на 4 цигли поткровје ми побараа, мамата лоповска.)
 
И парите ќе ги даде на превоз и нервирање по улици во следните 10 години :D

Поарно нека си земе во Куманово или Велес ако треба да се заебава, барем еден Центар ќе има на 10 минути пешки од дома и ќе стига до Скопје за 30-45 минути.
Од Радишани да се закрене до Центар ќе му требаат преку 40 минути во шпицот :)
 
во 13.45 искачам од дома во 14.05 сум на плоштад. Во работен ден. (последниве 2 недели секој ден). 20 минути пат со Чаирчанка и Бит пазар во 14.00 не е многу така ? Ова ти зборам од Двор до пред плоштад БУКВАЛНО :) Колку ќе ти треба од Ново Лисиче до истото место да стигнеш ако искочиш во 13.45 ? Имам идено, скоро исто време ми треба ако не и повеќе малце (дур да стигнеш до кола на паркинг, дур да искочиш од паркинг/да се приклучиш на булевар, па те фатил црвен брат у Аеродром итн..). Да се разбереме, во 16.00 од Центар (Пред Соравија) до Претпоследна 5ка (ново лисиче) имам патувано 45 минути. Секаде имаш гужва во шпицот. Сеа ти ако земеш во Дебар Маало стан или во Центар ќе бидеш на 10 мин пешки од Плоштад ама мир ќе имаш Никад :) Ако така гледаш боље земи си во Кулите во ГТЦ што се стан, искачаш од влез у центар си, ни кола ти треба ни ништо :)
На 7.9 Км сум точно од плоштад, од Двор до паркинг место зборам :D Почнаа да ги преценуваат Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Карпош 2,3,4 итн. Гужва имаш Нон стоп, поблиску е , повеќе работи имаш у близина и слично ама исто време патуваш.Кратко време често идев накај хотел парк, повеќе време ми требаше да „паркирам“ или да искочам од Хотел Парк до Влада него што ми требаше од Влада да стигнам до другата локација (што беше дупло по далеку)...Мали Улици на Огромни згради имаме брат, тоа не кочи.
Бтњ сеа чаирчанка има помалце гужва, само 2 чепа има ама ја поминуваш за 5 минути највише. А и Радишани е Огромен поим, имаш ти и 7 км од центар а е радишани а имаш и 15-20 км од центар а е радишани, со тесни улични и стрмни угорници :) Тоа е ко да каеш живеам у Аеродром одма после железничка и живеам у Аеродром одма до Џевахир... :D
 
Во шпицот (од 15:40 до 16:30) имам патувано од крај на Радишани до Центар, затоа и ти го спомнав.
Во поглед на далечината јас не би живеел толку далеку (премногу изгубено време од животот за патување, ај да си во некои мега метрополи па да мора да живееш таму, ама тука да се газам по автобуси или да се пцујам со лудаци со колата - не благодарам), на јавен превоз не сум љубител (и пред короната влегував ако морам), преферирам точак или евентуално автомобил и од таа гледна точка не би одел подалеку од 4км од центарот на градот, сепак ова е субјективно мислење и секој со своја математика.

Инаку добри станови беа овие што ги градат кај Рамстор, пред да почнат со градба имаше за околу 1200 евра (за 2 години мислам дека по договор се обврзувале дека ќе ги дигнат), таму ако дојде за продажба ќе го продадеш секогаш, ако не живееш се одлични за издавање на airbnb и слични сајтови на странци, буквално се центар и ако работиш во тој дел не ти треба воопшто возило (мислам дека и стандардите за градба ќе им бидат повисоки).
 
Тоа е више друго. Последна 57ца ти е 16км минимум. Јас барем и кај мене е доста специфична локација. Пред 1 година беше 17-18 евра квадрат плац, сега 50 евра е најефтино, а како што се гради со куќи и до 100 ќе дое за мн брзо. А пак ќе ти кажам, на 7.9 км од плоштад локација, дур на последна 57 пред 1 година беше 25-30 евра... #Лоџик

А за точак, и ако преферираш да се движиш со точак а не со кола, не ти се исплати градски превоз не ни рачунам, ептен треба да неам кола, неам за такси и да морам да отидам некаде па да се качам у бус. Ако си со кола/моторче тогаш си е топ локацијата сега, особено со новата улица и 5 те семафори до центар :D
 
Член од
11 декември 2019
Мислења
44
Поени од реакции
34
Od moe licno ISKUSTVO - najbitno e LOKACIJA I KVALITET NA GRADBA.

Lokacija- jas preferiram blisku do Centar. Da mozes peski da prosetas do Centar, Trgovski, Ul. Makedonija... Vo idnina lesno se prodava, lesno se izdava, utre deca da mozat peski da se vratat navecer... Znaci, Karpos 1 I 2, Kisela Voda, Aerodrom... Cena 1000 - 1200 evra

Kvalitet - mnogu e napumpana prikaznata deka starite gradbi se pokvalitetni. Sum kupil 2 strana (Novi) vo poslednite 10 godini, sum gledal 100-tici...Fakt e deka I kaj novite ima skart firmi sto gradat, ama ne e pravilo. Ke odberes salam firma, ke prosetas vo veke napravena nivna zgrada... Kakvi zidovi od gips karton, ne deka nekade nema, ama toa ne e pravilo... I prviot stan sto go kupiv imase pregradni zidovi od cigla (tamu imase opcija da biram, dali sakam gips ili cigla), a primer vtoriot stan ima pregraden zid od cigla 20 cm + zvucna izolacija 5cm tervol + protivpozarna gips ploca.
Sum gledal I firmi sto gradat pregradni so 2 reda cigli + izolacija 5 cm vo sredina. Taka da zaboravete deka site novi zgradi imaat gips zidovi...

Okulu golemina, moj izbor e podobro namesto pogolem stan da se kupi pomal I + mala vikendica
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.764
Поени од реакции
29.026
Појма неам дали е тоа некоја изолација или не, ама на вакви мислев.
,,,ovie "blokovi" cigli odamna se zabraneti, toa e takanarechen -lesen beton- a ustvari se od zgura, koja dokazhano e radioaitivna i so nus pojavi na dolg vremenski period,,,
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Кај баба ми станот знам дека кога тие до нас слушаја вести, и ние слушавме. :)
Зборувам за стара зграда со дебели зидови изградена околу 1970 та, а во новите згради не ни би сакал да знам што ке слушам.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Тоа што го зборите за куќи, тие што се разбираат малце повеќе (цел живот сум у стан, ништо не знам за куќа), колку би коштала куќа од 70 квадрати на пример (нормално со мало дворче и земјиштето да се купи плус) ?
Куќа за исти пари на мин 30 мин со кола од Центар (читај Ѓорче, Геге, Кисела Јабука, Волково, Марино, Мралино, Петровец, JAKA, Драчево), блиските населби се изгор, реално во Скопје за на ок локација и барем 70тина квадрати корисен простор не те оправаат 100 000ки (само плацовите се од старт преку 20 000 (300м2 x min 70 evra po 1m2), проекти, комуналии, градба....
Втора работа куќата е скапа за одржување, едноставно нема крај тоа чудо, постојано има нешто за поправање, постојано нешто треба да се доправа, потешка за затоплување, потешка за ладење, еден куп глупости (огради, тенди, визби и тн што вака изгледаат едноставни, ама си тргаат доста пари за да ги направиш).
500 квадрати плац Х50 еура = 25 000 евра.
Куќа да ја градиш ти е 250-300 евра комплет - кључ на рака.
300 Х 100 = 30 000 еура. + мебел само ти фали.
55 000 еура ќе те кошта 100 квадрати куќа со ламинати, прозори, врати, тоалети, кујна... Се фирма ако ти праи ти за ништо да не се замараш. + тука додади и 20 000 еура да треба давачки и останати ситни трошоци ќе ти дојде 100 квадрати куќа со 400 квадрати двор за 75 000 еура. А стан 70 квадрати ќе ти биде 70 000 (на добра локација)... Иако не верувам дека 20 000 ќе ти треба за додатни трошоци ама сепак, стај ги 20...
Иначе сега има плацеви на 8-9 км од Плоштад за 50 евра квадрат. Се зависи локацијата за куќа ако гледаш. Ако имаш некој од „локалците“ во „приградскиве“ населби убаво да ти каже што и како стојат работите тогаш е по исплатливо куќа да земеш, ама на ново се да праиш, пошо реновирањето кошта колку пола куќа минимум. (паталец, 15 000 евра за мењање кров и дигање на 4 цигли поткровје ми побараа, мамата лоповска.)
Значи вака, за куќа од 70 квадрати (еден спрат) ти требаат околу 10к евра да ја направиш карабина со солидни материјали со твоја работна рака, проекти имаше бесплатни од владата, па и таму заштеда, комуналиите варираат од општина до општина, Аеродром, Центар сигурно е изгор, ама во Илинден колку што знам беше 2 евра за квадрат, а пред некоја година кога имаше акуции за населбата Јака (мислам дека така се викаше) имаше и цени од 120+ денари за квадрат, во Р'жаничино на аукциите цените одеа уште помалку 61 денар +10 качување, во Кисела Вода имам видено аукција од 210 денари за парцела на која треба/ло да се гради ПР+2+ПК, начекаш аукција на која нема други и ќе лапнеш ефтино.

Да не ме прашувате што и како, на постарата верзија се гледаше постигнатата цена
http://www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx
на оваа поновата изгледа имаат некаков проблем гледам ставиле тест ама не се гледаше колку е последната цена.
http://www.test.gradezno-zemjiste.mk/eauctions/ListaNaAukcii.aspx

Исто така плаќаш и приклучок за струја кој е 400 евра и приклучок за вода кој сигурно е повеќе од 100-200 евра, тоа дека многу ќе си потрошел за ограда, визби и сл. не држи вода, можеш да ставеш ограда од 50 денари/метар, можеш и ковано железо ако ти се фрлат при за да ги нервираш комшиите, гража или шупа да направиш ти е поефтино од терасата на некој стан.

За 70к евра без проблем можеш да направиш двоспратна куќа без да мрднеш со прст (иако јас би снашол и за помалку од 50), мебелот во станот да си знаеш дека мораш ти да си го купиш не го дават гратис со станот (добро во некој стар може и со мебел да ти го продадат).

Се на се за 30к евра без проблем се прави еден спрат на куќа, кумуналиите се различни во Илинден 140 евра, некаде дека се 70е, 4900 евра ќе те фати, за приклучоци, одобрение за градба помалку од 1000е, за проект како ќе се снајдеш, познавам еден имаше проект 700 евра за двоспратна куќа, тие владата шо ги беше објавила имаше еден 80 и нешто квадрати што ми се допадна на мене,
најголемиот трошок всушност може да ти биде купувањето на плацот, во центарот на Скопје сигурно е изгор, на периферијата можеби ќе се најде нешто поефтино, а ако купуваш на аукција можеби ќе имаш среќа и поефтино.

За далечината не може на сите да се угоди, ама па излегува дека сите работите во влада и собрание па сакате работата да ви е преку патот и да одете на кафе секој ден на плоштад, е нема мораш да се откажеш од нешто, дали да ти е поефтино и далеку или скапо и блуску.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom