Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.238
Да бидеме реални. Проблемот е што Баји е неконстантен лик. Може да нанижи 5 партии топ и после да биде катастрофа. Факт е дека му треба минутажа за да биде поконстантен, но тука кај него улога играат повредите и затоа е непредвидлив. Очекував многу од Туанзебе оваа сезона, но дечкото исто е често изложен на повреди. Не знам што да очекувам од него на подолг рок, но доколку и следната сезона вака мака мачи со повремени повреди нема да биде ништо и од него. Заради тоа и Линделоф е изложен постојано да биде првотимец, затоа што колку и да е Баји подбобар, неговите чести повреди му дозволуваат на Линделоф да биде стартер, а со тоа и да има подолг период на развивање на партнерство со Мегваер.

Мегваер ни е најдобар во одбраната, тоа е факт и затоа е доведен и искеширавме сериозен износ. Го крена нивото на игра во одбраната, се гледа дека физички е поспремен од сите. Но, тоа не треба да биде оправдување за низа киксови кои што ги нареди во мечот вчера, а и наназад. Со тоа не сакам да ги извалкам неговите позитивни страни и го гледам како прв стопер на тимов на подолг рок, но како што ќе го креваме нивото на игра и резултати, ваквите киксови ќе треба да бидат сведени на минимум. Јас сум сигурен дека со покомпактен партнер Мегваер ќе го крени неговото ниво на игра за неколку нивоа и со продажба на Рохо, Џонс и Смолинг би требало да размислиме за сериозна аквизиција во одбраната. Па Баји и Линделоф нека бидат бекап опции после, немам против.

Оле создава одлична основа на тимов. Продажбата на Лукаку од сегашна гледна точка е одлична работа со тоа што Рашфорд, Марсиал и Гринвуд качија некое ниво погоре и ќе напредуваат уште повеќе.
За да се заокружи целиот процес и да се качиме скалило погоре ќе мора да ги чистиме просеците кои се гледа дека немаат мотив да се подобрат и да се борат за своите места и на нивни места донесеме гладни играчи кои ќе гризат по своите минути со квалитетни настапи. Значи не гледам кај Лингард и Переира со нешто да гризат и да заслужат минутажа, а не пак да ни бидат опција на која ќе треба да се ослониме во случај на повреда на некој од првотимците.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.506
Поени од реакции
6.140
За каков замор зборувате кога одмараа 3 месеци? Се случува, го начека Станислас и тоа е тоа. Си има Мегваер повремени киксови, лабав е на моменти. Секако ни е најдобар штопер и меѓу подобрите во лигата. Со соодветен партнер киксовите ќе се сведат на минимум.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.576
Поени од реакции
62.630
Најверојатно ке се купува штопер, дали летово или наредното останува да видиме. Вчера у пост меч и Рио кажа.

Ке бараат мобилен и брз штопер кој ке може да ја покрие слабата страна на Мегваер, а тоа е бавноста, и кој ке дозволи игра на задниот ред да биде поставена уште повеќе нанапред.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
За каков замор зборувате кога одмараа 3 месеци? Се случува, го начека Станислас и тоа е тоа. Си има Мегваер повремени киксови, лабав е на моменти. Секако ни е најдобар штопер и меѓу подобрите во лигата. Со соодветен партнер киксовите ќе се сведат на минимум.
Колку минути ги одмори Мегваер во последните 5-6 утакмици ? Имај во предвид изигра 120 минути со Норвич.Ова темпо ти е буквално ко да се настегаш прејако на гладно срце, може да го пресече јако.

Искрено не знам зошто толку сте запнале за Баји и уште имате надеж дека ќе биде фудбалер од него.Немам расистички погледи ниту некогаш ќе имам, ама за почеток му фали малце памет на човекот(и тоа не малку) за да може да се дискутира за некоја посериозна улога.Тежок телетабис е, во ситуации кај што нема апсолутно никава потреба, он прави велеслалом или се џитка ко парада да прави и фала богу дека ќе се повреди.Со Норвич имаше една ситауција, топката иде во аут се што треба да направи е да се загради и за пола секунда топката да искочи од терен, овој да ти прави брејкденс некој си и паѓа го шизофреничар.Зошто бе такви ескиважи бе другар?

Мал милион вакви глупи реакции има.

Втор проблем се повредите.Едноставно не може да конкурира за толку сериозна позиција, ако не е од доверба, физички и психички.По дебилизам, се рамни тука негде со Рохо и Џонс.Дури Смолинг личи попаметен и педантен покрај нив.Очигледно е дека Оле ич не му верува и е сосема во право.

Инаку Линделоф влече некоја гадна повреда на грбот изгледа, уште пред сезона две му се појави и игра долго време со истата.Така да не е на арно баш работава и со него.Можда ради повредата е нестабилен сезонава.По се изгледа очајно ќе треба партнер на Мегваер, мој пик е Данк од Брајтон.Доста стабилен е, игра со топка, добар е и во воздух, а не би требало да е скап.Лестер пробаа да го земат како замена за Мегваер, ама не им се даваше 40м.Ќе биде штета да не го земат.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.295
Луѓе,муабетот на @vidooq беше дека Мегваер не смее да прави такви дебилни работи,истрча до играчот и безвезе прави расчекор во обид да ја нападне топката,а е предалеку од неа.Јас така во маало ги чекам да се излажат за да им ја протнам.
Мораше да застане еден чекор пред тоа и ЗЗ,ќе се враќаше назад Станислас,кај ќе идеше?
Тоа и е целиот муабет,а не дека Мегваер е лош играч.
Во дадената ситуација направи глупост,што нема врска со замор или нешто слично,едноставно лоша одлука.

Sent from my SM-A920F using Tapatalk
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263

Ќе договорат 60м унапред + 20/30м у бонуси (у фунти).Алтернативи се Феран Торес и Леон Баји за 30-40милиони.

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Ќе договорат 60м унапред + 20/30м у бонуси (у фунти).Алтернативи се Феран Торес и Леон Баји за 30-40милиони.

Тоо батка, барем Стамбол не е далеку да идам да го гледам у живо :)
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
Како бе во твитот пишува 120 фиксна, и викаш ќе договорат 60+20/30? :D
1593962536342.png

60+30m фунти ти е 100 милиони евра.Бонусите ќе се лесно остварливи, а сумата од 60м ќе помогне за двете страни да соработуваат т.е. да склопат договор.Меѓу редови ќе се обидат да ја платат целата сума покасно т.е. пост-пандемијата да ја исплатат.Веројатно до последно ќе се натегаат дали да бидат 60 или 70 унапред.
И да, она што го навеле Дортмунд е чиста преговарачка тактика.Прехотдно се вртеа цени до 120-130м ФУНТИ, сега е друг муабетот.Кога ќе се земат сите фактори во игра, светска и пазарна ситуација, договорот на Санчо, евентуална повреда итн, нај реален договор е.Реално се појавија некои црвени знаменца околу Санчо и свесни се дека подобро е сега да го искешираат.

Очигледно е дека ќе го продадат, играчот сам не е психички таму, него не го играа на крајот + не бил на промоција на новиот дрес + Дортмунд се врткаат околу Феран Торес што е потенцијална замена за Санчо.Е сеа малце ќе се играат повуци-потегни, па што биде нека биде.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Прегледај го приврзокот 257940

Дури и договорот да е фиксна 120 милиони цена, нормално дека нема одма да исплатат се. Мислам дека ти е ова повеќе wishful thinking него реалност, ама останува да видиме. Дортмунд ако во нешто се константни цело време, тоа е дека или ќе земат 100+ милиони, или играчот ќе си остане и следна сезона.

Нормално, не викам дека сум во право. Само мое мислење.
 
Поучен од досегашните искуства за водење и слични трансфери од страна на клубот (и бруно како најсвеж пример), така ќе одиграат.За него платија 55м евра чисти од старт, 10м евра во бонуси кои се лесно остварливи и уште 15м евра кои се малце потешко остварливи (ако освои ЛШ, тим на година на лига, прв стрелец во лига и нешто слично).Така да, слично вака ќе изиграат е сега во кој форма.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.506
Поени од реакции
6.140
Колку минути ги одмори Мегваер во последните 5-6 утакмици ? Имај во предвид изигра 120 минути со Норвич.Ова темпо ти е буквално ко да се настегаш прејако на гладно срце, може да го пресече јако.

Искрено не знам зошто толку сте запнале за Баји и уште имате надеж дека ќе биде фудбалер од него.Немам расистички погледи ниту некогаш ќе имам, ама за почеток му фали малце памет на човекот(и тоа не малку) за да може да се дискутира за некоја посериозна улога.Тежок телетабис е, во ситуации кај што нема апсолутно никава потреба, он прави велеслалом или се џитка ко парада да прави и фала богу дека ќе се повреди.Со Норвич имаше една ситауција, топката иде во аут се што треба да направи е да се загради и за пола секунда топката да искочи од терен, овој да ти прави брејкденс некој си и паѓа го шизофреничар.Зошто бе такви ескиважи бе другар?

Мал милион вакви глупи реакции има.

Втор проблем се повредите.Едноставно не може да конкурира за толку сериозна позиција, ако не е од доверба, физички и психички.По дебилизам, се рамни тука негде со Рохо и Џонс.Дури Смолинг личи попаметен и педантен покрај нив.Очигледно е дека Оле ич не му верува и е сосема во право.

Инаку Линделоф влече некоја гадна повреда на грбот изгледа, уште пред сезона две му се појави и игра долго време со истата.Така да не е на арно баш работава и со него.Можда ради повредата е нестабилен сезонава.По се изгледа очајно ќе треба партнер на Мегваер, мој пик е Данк од Брајтон.Доста стабилен е, игра со топка, добар е и во воздух, а не би требало да е скап.Лестер пробаа да го земат како замена за Мегваер, ама не им се даваше 40м.Ќе биде штета да не го земат.
Изиграл 5-6 утакмици во серија, озбилно? Има фудбалери што имаат играно по 50-60 натпревари во серија особено дефанзивци. Не е заморот причина за "возењето" кое го доби, не мора да бараме оправдување за секоја грешка.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
Изиграл 5-6 утакмици во серија, озбилно? Има фудбалери што имаат играно по 50-60 натпревари во серија особено дефанзивци. Не е заморот причина за "возењето" кое го доби, не мора да бараме оправдување за секоја грешка.
Сите 50-60 утакмици биле на 3 дена, без никакви припреми?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom