каков играч е само Бруно !!!!
секоја чест шо му го даде пеналов на Рашфорд...
е ова ти е капитен материјал !!!
Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Главен момент по мене, иако имавме лудо добра утакмица.Значи не знам што повеќе да речам за Бруно, сите комплименти и суперлативи ги потрошив.Човечиште, лидериште и играчиште!Не ми е верно што се дешава со човекот, мед и млеко е се со него поврзано.Голот што го даде е предобар!
Секоја чест за Гринвуд, што би рекле американците, дечкото е baller.Се надевам ќе продужи со исто темпо на напредок, има да биде икона.
Инаку дечки лудо-добра утакмица, одмана не сме гледале волку добро нешто.Одбраната тиња, пеналон на Баји везе си нема, Мегваер нешто не ми се бендусува што прави у последно, време ваљда е уморен.Зошто го извадија Линделоф на полувреме?
Инаку изгледа точен е муабетот за Шо, колку повише игра толку подобар станува.Ископа некоја зрелост во играта што дури ме чуди, доста мудри и паметни потези прави во последно време, ќе да е до поддршка и до гејм тајм, а можда и Мегваер што му чува грб и му се дере во секоја прилика коа ќе заебе.
Ко што рече
@Ve76, можеше да се стави Скот место Матич/Погба/Бруно и да ги затвори скроз Боурнемут, но мислам дека Оле ги користи утакмициве со вакви противници да ги искомбинира/ухода играчите или он како што преферира да каже "да го гелува тимот", да ги подмачка сите офанзивни единици зошто реално имаат страшен потенцијал.Башка мислам дека пробува да ги крене ментално т.е. да бидат по дрски и опасни зошто имаат реален квалитет, а не да се плашат и да бегаат од топка(Веројатно е останато психичка последица од Мурињо и ЛВГ). Страшно тимче склопи Оле капа доле, се надевам дека ќе продужи како што тргнал.Првпат после долго време, можам да речам дека клубот е тргант во права насока, има идеја која што вреди и кончено вродува со плод.Претходно имаше само продавање муда за бубрези со филошофи и 3 тајмс.
Марсијал морам да го пофалам, денеска имаше одлично учестово во играта со и без топка, трчаше во канали на прави места во право време.Дополнително ми е кејф што покажува заби и желба за голови, не е оној пасивен лик ко што беше.Истотака страшен гол даде.Во истава категорија би го ставил и Џејмс, иако изигра 20 минути, многу ми се допадна што влезе со инцијатива и голема желба да направи нешто т.е да проигра или шутне, а не само да трча ко мува без глава.Исто се гледа дека работел на off the ball movement.
ПС: Тимов сака крв, ми се свиѓа бааги тоа.Не им чуе што примија ран гол и Боурнемут им играше ко prime Barcelona, туку си се надиграа па им закачија уште три комада.Да беше Мурџово време, би се скриле ко пичиња сите од прв до последен.Примија втор гол од непостоечки пенал, ако - си продужуваат по старо и им закачуваат уште 2 комада и не прекинуваат.
Мнооооогу се надевам дека ќе изиграат паметно на пазаров, ќе го донесат Санчо, штопер и уште еден добар за во средина, конечно да се оправи работата.Ќе газат момциве ако продужат како што тргнале.