Левица - Политичка партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack NolanProf.19
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Баскија и Јужна Кореа???? :vozbud: :pos: Па има ли воопшто некоја држава со признаена Баскија? Тие и самите дали се имаат прогласено за автономни и независни :pos:
 
Баскија и Јужна Кореа???? :vozbud: :pos: Па има ли воопшто некоја држава со признаена Баскија? Тие и самите дали се имаат прогласено за автономни и независни :pos:
Тоа веројатно е поради соработката со структури, партии, движења од Баскија, Каталонија и сл. А ова со Е Мајта и поништување на двојазичност ептен погрешно го перцепирате и едно со едно немаат врска.
 
Тоа веројатно е поради соработката со структури, партии, движења од Баскија, Каталонија и сл. А ова со Е Мајта и поништување на двојазичност ептен погрешно го перцепирате и едно со едно немаат врска.

Тоа е зошто не разбираат дека има разлика помеѓу организација на партија и држава. Тоа за нив е исто и затоа ги збунува.
 
А ова со Е Мајта и поништување на двојазичност ептен погрешно го перцепирате и едно со едно немаат врска.
Ако се работи за принципиелни ставови кај партијата да ја користи двојазичноста без законска обврска за истото е ок,нивна партиска работа.
 
Баскија и Јужна Кореа???? :vozbud: :pos: Па има ли воопшто некоја држава со признаена Баскија? Тие и самите дали се имаат прогласено за автономни и независни :pos:
Без исмевање да не им текне во нервоза да го реобноват Советскиот Сојуз. Па после наебавме.
 
Левица имаат многу проблеми, на сите нивоа. Зборат работи кои кога би дошле на власт, гарант не би ги напраиле.
Ја сум верник и никако не сум левичар, а Стаљин баш не го мирисам и се серам на сиот тој ревизионистички обид да му се испере газот.

Сепак, пак би гласал за Левица*, како некаков обид за трета страна, која "ќе го скрши тркалото"**. Ете до толку се штетни и лоши ВМРО и СДСМ.

Левица највеќе што може да се надева, е да се искичми од работа у наредниве циклуси и се повеќе да добива гласови, па ако ептен све е у реду, за едно три-четири циклуса, да победи.

* - кога би излегол да гласам
** - во случајов, пригоден израз од Game of Тhrones

Не би се сложил дека Левица треба највеќе да се надева дека за неколку циклуси ќе стане доминантна партија и ќе победи. Зависно од резултатите на овие парламентарни избори и на следните кои ќе бидат со сигурност одржани заедно со локалните целата политичка слика може да се смени комплетно.

СДС и ДПНЕ се во катастрофална внатрешна ситуација. Која и партија да изгуби на изборите ќе има милион преврирања на внатрешно поле ( од финансиски и желба за власт побуди) и прашање е што и ќе остане од нив. СДС веќе долго не ни функционира како партија внатрешно тоа е се повеќе збир на полтрони на различни центри на моќ.

Ако СДС тепа, иако сум уверен дека немаат шанса , тоа ќе биде комплетен пораз на морално ниво. После се што направија пак да победат на избори ќе биде комплетна деморализација за секој нормален човек.

Ако тепаат ДПНЕ, и третите партии ( Левица, Глас, Интегра(???)) успеат да откинат некој пратеник кој ќе биде потребен за формирање на влада тоа ќе биде многу лоша ситуација за ДПНЕ. Ако заедно јавно им ги објават барањата за да влезат во влада ( поништување на Преспански договор, двојазичноста и Тиранската платформа) а ДПНЕ не ги прифати и оформи некаква влада со купени пратеници од СДС и ДУИ тоа ќе им биде крстот во гробот. Ќе пукнат како тиква. Со тоа и комплетно ќе се отвори политичката сцена каде што овие две монолитни структури не се веќе семоќни.

Левица ако се паметни малку би знаеле дека они во влада немаат што да бараат освен за некој мали места. Го немаат кадарот и машинеријата ќе ги изеде. Мислам дека и Апасиев кажа на "дебатата" дека влегување во влада не им е цел и дека не се сеуште стигнати до тоа ниво, туку дека целта им е да станат како ДУИ каде што со нивните неколку пратеници ќе можат да уценуваат.

Околу кадарот и дека во моментов третите партии немаат капацитети да владеат се сложувам целосно ( Глас може имаат некој капацитет али и на нив им треба време), али ако освојат пратеници и си го одржат зборот од предизборието дека нема да продолжат со предавствата како СДС И ДПНЕ тогаш верувам дека членството ќе им експлодира. Има огромен број на способни луѓе кои не сакаат да се мешаат во политика зошто од една страна го гледаат како место каде што има само прљавштини а од друга страна Македонскиот народ е станат комплетно циничен и во се гледа само уште од истото. Мора првин да се докажат па потоа ќе стигнат наградите.

И тогаш на пролет на локалните + парламентарни ситуацијата би била доста интересна.
 
Последно уредено:
Ако СДС тепа, иако сум уверен дека немаат шанса , тоа ќе биде комплетен пораз на морално ниво. После се што направија пак да победат на избори ќе биде комплетна деморализација за секој нормален човек.

Нема такво ниво тука.

Автоматски споено мислење:

Левица ако се паметни малку би знаеле дека они во влада немаат што да бараат освен за некој мали места. Го немаат кадарот и машинеријата ќе ги изеде. Мислам дека и Апасиев кажа на тоа "дебата" дека влегување во влада не им е цел, туку да станат како ДУИ каде што со нивните неколку пратеници ќе можат да уценуваат.
И ја би играл така, да сум на нивно место.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ski
Дали е ова оксиморон или тролање кон рајата кога си против двојазичност а истовремено доброволно ја применуваш?

Untitled-3-640x387.jpg

Eb1ps_4X0AETFSI.jpg
Мора некако да се излажи за да се добијаат гласој.
 
Тоа веројатно е поради соработката со структури, партии, движења од Баскија, Каталонија и сл. А ова со Е Мајта и поништување на двојазичност ептен погрешно го перцепирате и едно со едно немаат врска.

Те молам објасни ми како сериозна партија која претендира да влезе во Собрание и да биде фактор на политичката сцена смее да си дозволи да напише во програмата дека ќе го повлече признавањето на Израел?

Тоа е дебелизам левел максимум.
 
СДС и ДПНЕ не продадоа со се гаќи овој се грижи за повлекување на признавањето на Израел :facepalm: . Ако ти се толку важни односите со Израел ене ти ја Интегра, гледам и возови имаат ќе ти се свиѓаат.
 
Тркало, веројатноста Левица да дојде на власт и да го отповика признавањето на Израел е помала дури и од веројатноста ти да напишеш нешто паметно. Работата е за впечатокот што се остава врз електоратот со вакви баснословни глупости.

Кој сериозен човек би гласал за ликови кои ставаат вакви небулози во програмата?
 
Тркало, веројатноста Левица да дојде на власт и да го отповика признавањето на Израел е помала дури и од шанста ти да напишеш нешто паметно. Работата е за впечатокот што се остава врз електоратот со вакви баснословни глупости.

Кој сериозен човек би гласал за ликови кои ставаат вакви небулози во програмата?

Кој нормален човек би гласал за СДС и ДПНЕ? Во секој случај човеку гледам дека си напнат, знам дека внатрешните анкети не изгледаат воопшто добро и дека си под огромен притисок али мора да се опуштиш. Земи малку прошетај се по планини, пробај јога, некој чаеви. И секс би препорачал али ене го Богоевски изјави дека лош бил, воопшто не се осеќал изебано па што да ти правам.

Лошо е вака од стрес може некој нервен слом да ти се случи и тоа баш сега пред избори и за џабе целото измеќарство ќе ти беше.
 
Партијата Левица едно време и навистина беше левица и така делуваше до пред некоја година, а оваа сегашна партија наречена Левица на чело со нејзиниот врховен поглавар Апасија повеќе ми наликува како некој тип, некоја филијала на ДПМНЕ само што немаат симбол лавчина туку петокрака ... па затоа и некои луѓе со право ги нарекуваат ДПМНЕ со петокрака т.е. ДПМНЕ - Комунистичка ! :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom