Го посрал у дуел џандар со десет заглавени куршуми у глава....уше да не го посере и да иде да се фрли у Вардар.
Ај зборете за конкретни работи.
Да расчистиме околу заблудите што се некакви фундаменти на политичкиов хаос овде. Не секоја, поточно, нема во светот социјалдемократска партија која е тотален предавник и нема никаков однос кон државност и национална историја. Ако ја земеме формално политички како лева партија (на хартија), Левица би требала да е поблиска идеолошки до сдс. Не се работи за десничарство на Левица, туку ненормална забеганост на сдс, до толку забеганост да Левица изгледа десна.
Второ, дпне=сдс во смер на заштита на национални интереси. Нивни пратеници го овозможија клучното мнозинство, а претходно генерираа криза со која ги компромитираа сите државни интереси, ги спуштија гаќите на државава.
Покрај гнаси како сдс и дпне, многу е лесно човек да биде патриот.
Децата не ти ги коментирам....логично е млад човек да е заведен. Сакам да те потсетам на армијата млади кои (да ми извиниш) стап ги заболе и за Левица и за гласање, најмалку за државава и што гледаат прв авион да фатат од овде. Тие се најмногу, ама не може чоек да добие претстава пошо не се собираат нели....за жал добар дел од нив се интелигентни и ќе си најдат живот негде надвор.
Еве јас ќе се обидам понатаму афирмативно да пишувам за Левица, иако мој личен впечаток е дека не научија некои важни лекции од порано. Апасиев и порано се изживљаваше со разноразни балвани од нашава политичка сцена....може кај мене и тебе да пројде пошо ја гаѓа поентата, ама има и многу луѓе што не сакаат арогантност, што чинот на страсно коментирање, жолчно расправање, го толкуваат како немоќ, фрустрација, можност понатаму да прерасне у дрзок авторитет исл.
Треба светла кошула да облече бе....не ко за на парастос да искача...Србија го гласаше Тадиќ пошо жени се трескаа по него, ако пепел напраија со крадење...сакам да кажам дека кога веќе пресликува иконографија, ораторски техники, нека седне малку и тој психолошки дел да го разработи.