Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Додека да завршат изборите вирусот добро ќе се рашири. Никакви мерки потоа не ќе помогнат.

Ќе помогнат, цела недела карантин и амерички маринци да патролираат низ улициве :D
 
Noviot direktor na Centarot za javno zdravje prilicno iskreno prizna deka virusot e raširen nadvor od klasterite...

Ili so drugi zborovi....izlezeno e od kontrola

А што беше под контрола па до сега.
За колку утнаа филип4е и тој ко куче што работел, викаа до 2000 ќе иде, сега пута 3 е од тоа. Или мислеа 2000 месечно можда...
 
Noviot direktor na Centarot za javno zdravje prilicno iskreno prizna deka virusot e raširen nadvor od klasterite...

Ili so drugi zborovi....izlezeno e od kontrola
Па се знаеше крајниот епилог од сето ова.
Во секоја нормална држава на овие бројки ќе имаше зајакнување на мерките а кај нас отвораат кафани, граници без карантини и тестови, буквално се понашаме како да не постои вирусот.
 
Колку до сега мртви од корона вирусот во Македонија од почетокот на пандемијата?
 
Дај нека завршат ебениве избори и нека се почне со вистински мерки без калкулации, срамота е ова што се случува со ковидов у државава. Од ден на ден бетер е.
Вистински мерки без калкулации не можеш да очекуваш по изборите. По изборите следува Курбан Бајрам, а Курабан Бајрам и вистински мерки без калкулации, не идат заедно.
 
Вистински мерки без калкулации не можеш да очекуваш по изборите. По изборите следува Курбан Бајрам, а Курабан Бајрам и вистински мерки без калкулации, не идат заедно.
Ама затоа на Илинден и Богородица ќе има мерки за #заштита #на #граѓаните #од #собири
 
А каде јас тоа кажувам дека порачува маска да не се носи :toe: ... Таа докторка кажува има позитивен резултат, иако била екстремно внимателна и не кажува дека се заразила ваму или онаму, дека некој друг е виновен, туку истоштеноста си го направила своето. Најверојатно е и асимптоматски случај, па за неколку дена ќе се врати назад. А за позитивни и негативни резултати од квази тестови, тоа не ни вреди да се збори.
... само ќе беше коректно дотичната директорка, да додадеше на сета таа нејзина пожртвувана професионална „замореност“ (демек, ептен тешко да директорува) и своето присуство на партиски состаноци (питање дали таму носела заштитна маска?), оти колку се сеќавам таа веќе била два пати во самоизолација (еднашка поради патување во странство на почетокот на пандемија, дали тогаш била преморена и со паднат имунитет? не знам :toe:)
и втор пат во самоизолација, токму поради присуство на партискиот состанок и контакт со директорката на УЈП која била позитивна, па испаднала негативна, можеби сега се детектирало вирусот во тестот, ова во контекс што „носела секогаш заштитна маска“ освен дома, е па трет пат нема спас, ако не се чувала!

и кога ќе се додаде на тоа дека и нејзиниот син како претседател на подмладокот на СДСМ во Куманово можеби презаморен „му паднал имунитетот“, па и нему брозпотезно му се направило тестирање имаме „колективен паднат имунитет“, ама за партиски цели! :facepalm:

...така, да не смее да се меша „партиска замореност“ или приватен личен контакт- инфицирање, со медицинска професионална замореност, барем да се има почит према тие кои се на прва борбена линија и кои ја вршаат својата професионална работа, а не партиска!(y)
 
Последно уредено:
Најчесто умираат стари и хронично болни. Ништо се нема сменето. Случаи на 30годишни умрени имаше и кога вирусот беше само во кина проширен.
Не знам колку си во тек. Ова не е рекла казала муабет, ова е изјава од лекар. Кажаа и на вестите.

Се почест е бројот на млади луѓе кои завршуваат на респиратор и млади луѓе со тешка клиничка слика, што се отсликува преку бројката. Се поголем е бројот на луѓе што умираат на 30/40/50 години. Тоа не е старост!
 
Колку се умрени на 30, колку на 50, 60?
Нормално дека ќе има и такви, никој не може 100 посто да знае секој организам како ќе реагира. Меѓутоа фактот е тој, генерално помладите се каде каде посигурни од вирусот.
Тоа што кај нас умираат 50 годишни а у германија на 70 нема врска со вирусот, туку со општиот квалитет на живот тука.
 
... само ќе беше коректно дотичната директорка, да додадеше на сета таа нејзина пожртвувана професионална „замореност“ (демек, ептен тешко да директорува) и своето присуство на партиски состаноци (питање дали таму носела заштитна маска?), оти колку се сеќавам таа веќе била два пати во самоизолација (еднашка поради патување во странство на почетокот на пандемија, дали тогаш била преморена и со паднат имунитет? не знам :toe:)
и втор пат во самоизолација, токму поради присуство на партискиот состанок и контакт со директорката на УЈП која била позитивна, па испаднала негативна, можеби сега се детектирало вирусот во тестот, ова во контекс што „носела секогаш заштитна маска“ освен дома, е па трет пат нема спас, ако не се чувала!

и кога ќе се додаде на тоа дека и нејзиниот син како претседател на подмладокот на СДСМ во Куманово можеби презаморен „му паднал имунитетот“, па и нему брозпотезно му се направило тестирање имаме „колективен паднат имунитет“, ама за партиски цели! :facepalm:

...така, да не смее да се меша „партиска замореност“ или приватен личен контакт инфицирање со медицинска професионална замореност, барем да се има почит према тие кои се на прва борбена линија и кои ја вршаат својата професионална работа, а не партиска!(y)

Аман бе се знаеш за неа и кога треба да добие да не знаеш :D. Пишав, не кажува каде и како се заразила, туку стресот си го направил своето (што за мене е поточно).
Туку кога политичарите и овие медицинариве (ај за дел од нив оправдано) ќе се позитивни, народ не ги осудува, не бара казни. Димитров иако забрането се поздравува, Мицко кафана и теретана за него, Милошевски за мала температура одма и кревет доби, место храбар да биде, тој лигле, Шеќерка најавува втор бран, а во меѓувреме нема мерки :toe:
 
... центарот за јавно здравје не излегле навремено до сендвичара за да докаже тровање на толку граѓани, а ние сакаме тие истите да бидат ажурни со проблематиката околу пандемија со коронавирус, тие не можат бре една салмонела да детектираат, а не пак ќе се справаат со епидемилошки совети и тестирање :facepalm:
 
Колку се умрени на 30, колку на 50, 60?
Нормално дека ќе има и такви, никој не може 100 посто да знае секој организам како ќе реагира. Меѓутоа фактот е тој, генерално помладите се каде каде посигурни од вирусот.
Тоа што кај нас умираат 50 годишни а у германија на 70 нема врска со вирусот, туку со општиот квалитет на живот тука.
Дечко, има ли поента твоето цитирање?! Не е поентата да ме цитираш за глупост, поентата да го сфатиш тоа што го пишувам.

Никаде не пишав дека не умирале на почетокот млади, туку го пишав тоа што го слушнав. Тоа што го слушнав е изјава од лекар. Лекарот изјави дека вирусот во Македонија мутирал, се поголем е бројот на млади со полоша клиничка слика кои завршуваат на респиратор, што во моментот ги прави најризична категорија на граѓани. И сега дали имаш нешто нејасно да ти објаснам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom