Работникот кај нас не може да го сфати она што го зборува Апасиев.Голем дел од нив се подклекнати под фирмите и газдите и за мало покачување на платата, за еден платен празник се благодарни како да не го заслужиле тоа.Кај нас луѓето само сакаат поголема плата а да не мрднат со прст ништо да се смени, ќе дојде Апасиев и ќе им зборува но јас мислам дека нема ништо да добие плус од тоа.Кој работник кај нас би тргнал со човек кој вели дека ќе фрла солзавец во собрание.Според мене баш со тие дебатни емисии и преку социјалните мрежи ќе добива гласови, ќе добие гласови од млади луѓе кои сруште не се влезени во тој меур на послушен работник, гласови од бунтовни луѓе кои следат што се случува а не од луѓе кои се шпионираат едни со други на шефови и газди, работникот во Македонија тешко дека може нешто да го смени во иднина.
Познавам дете од Скопје, моја генерација, кое во средно исто како и јас беше националист, мразеше комунисти и левичарство, но дете бунтовник пред се, во борба за правда и подобар живот.Веќе некое време не сум во контакт и гледам дека истово дете станало член на Левица.Се е тоа поради Апасиев и неговото говорење, исто така многу луѓе, родољуби кои во минатото биле десничарски настроени еве денеска се дел од Левица.Како ќе заврши сето тоа не знам, ќе разочара ли Апасиев или не не знам но поентата ми е дека Левица не треба да биде работничка партија туку партија на секој нормален и чесен човек во РМ.Многумина од нашите работници гласаат и прават идоли од Бранко, Грујо, Мијалков, и на крај Заев кој мислам дека баш Стојанче убаво кажа вчера Заев е човек на народот и тоа е точно, Заев преставува многу голем дел(барем една третина ако не и повеќе) од нашиот народ кој е полн со злоба, омраза, завист, љубомора, среброљубие итн.Само јас можам да набројам неколку луѓе кои се неоткирени Заевици.Денешниот македонски работник за жал е нешто слично налик на црнците во Америка, тешко дека така лесно со неколку говори ќе ги преобрати Апасиев или било кој.
ПС:Да не биде дека некој омаловажувам или навредувам, јас сум дете на работници и знам како размислуваат моите, скоро сите другари и познаници ми се деца на работници и знам како размислуваат и тие, сум работел во Македонија на 2 места 2 пати по половина година и знам како размислува обичниот работник, еве работам и тука со неколку наши, работев и лани и знам како размислува македонскиот работник.