Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Не си ме разбрал. Нема тука никакво правило. Крива Паланка има безмалку 20 000 гласачи. 15 000 ќе гласаат за еден пратеник, што со другите 5 000? Ќе ги припоиме кон општина Ранковце, но треба да додадеме уште гласачи од Нагоричане или Кратово за да дојдеме до 15 000. Кој и од каде да биде претставникот на оваа комбинација?
Автоматски споено мислење:

Не зборувам за цензус. Изборен праг е (на пример) ако некој освоил помалку од 3% од гласовите, не влегува во распределбата. Мислам дека го има на парламентарните избори.
Инаку знам како функционира Донтовиот модел.
Те разбрав јас уште претходно, ама нејасно ми е што мешаш општини. Немаат врска општини и број на гласачи по општини тука.
Да, тие 5К од К.Паланка би оделе во соседните ИЕ.
Не е спорно и не е невообичаено и сега тоа, Битола е пример поделена меѓу 2 ИЕ со сегашниот модел.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.195
Поени од реакции
4.041
interesni ste mi vie sho se palite deka go istepal Stojance :D

znaete deka dimce nema shansa vo kombinacija so sekerinska pa i so nikola dimitrov?

mada ne im e ni dorasnat na dvajcata, da ne pravime muabet deka pripaga na partija koja osvojuva edvaj 8000-9000 glasaci, pa zatoa ne go stavaat vo kombinacija so niv, za da ne mu davaat na znacenje.

baska ima pozadina od UMS, pa poradi toa sho ne go reckaa deka e zabegan si napravi svoja partija.

apasiev ti e od tie likovite sho se imaat posrano od bubanje na fax, 10.0 prosek imal i toa mu e svetinja, gospod za jajca go fanal so toj muabet. si zivee vo nekoja negova prikazna, vo glava se pretstavuva kako nekoja velicina a ustvari e usran lik.
А мене на пример па не ми се верува како луѓево на избориве, и со кој образ, ќе гласаат за СДСМ или за ВМРО-ДПМНЕ. 30 години двете партии ја срозаа државата и уште се желни да крадат, да се пикаат кај ќе стигнат, да распродаваат од национални интереси до парцели како да е грав и кромид на Кванташки пазар.
Кога гледам една споредба Киро Глигоров и Никола Кљусев од почеток на 90-тите со Заев, Груевски, Иванов и Пендаровски сега, па Глигоров и Кљусев се Норвешка за овие бе. Едно сто класи подобри - понародни, поприродни, поискусни, понормални и со поголеми знаења. Едни видео записи од Македонија во 90-тите покажуваше како другите лидерии имаа голема почит према Глигоров, во Франција, во Германија.
И да, подобро е тоа што Апасиев е таков лик што се има "посрано" од бубање на факс, отколку оваа багра на СДСМ и ДПМНЕ со 2-3 книги прочитани вкупно. Од големиве интелектуалци што ја водеа државава се стигна до оној стадиум на 5Г и короната, па креми против 5Г од Украина, рамна Земја ала Миленко, кладилници и коцкарници на секои 100 метри.
Заев со неговиот англиски ќе ја претставува Македонија на светска сцена? Да, тоа проаѓа во кафана во Ново Село кај што една од Кратово со големи цицки пее нешто народно, нешто турбо фолк. Тој што ебел мајки после 2 ракии во истата кафна? Или Мицкоски што трчи по кафани за време на корона и праќа полициски баталјон за да му ги тргнеле снимките дури гнетел сарми и пилешки прсти во Чардак? Мицкоски, кој горе-долу со истите луѓе од време грујово што правеа 'ршум сега демек добри се? Што истиот Мицкоски не се огради од Груевски? Заев што за се што вети и кажа - а излажа и направи контра? За неспособниот Наќе, за неспособната Нина Групер, за вртикапата Димитров? За Тодоров кој ги погреба и образованието и здравството во краток период? За Иванов космодискот со англиски што му парира на Заев? За Стево "љубави кај си - седи бе браааааааат" Пендаровски? За кој? Апасиев бубал на факс? Е па да не треба да се фали Мицкоски со тоа што бил татин асистент и со крадените му хидроцентрали, или со парите на Орце? Или Заев со Глобал и со тоа што ја има обрано цела Струмица ко бостан во август?
И немал харизма Апасиев? Океј, нека нема. А овие двата имаат харизма сигурно препоплни се со харизма. Заев со осмехот личи на сериски убиец во амерички филм како ја брка Сигурни Вивер да ја убие и да ја врзи со некое јаже во некое ВЦ во аудиториум. А овој Мицкоски изгледа како теле со запек напикано во газот на некој нилски коњ. Едни харизми - неверојатно нешто! Леб да не им земеш од рака.
И да, овие не биле на власт и не ја покрадоа државата како продавница на Најки во Минеаполис од пред еден месец. Сигурно се подобар избор од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не зборувам за цензус. Изборен праг е (на пример) ако некој освоил помалку од 3% од гласовите, не влегува во распределбата. Мислам дека го има на парламентарните избори.
Инаку знам како функционира Донтовиот модел.
Тоа што го болдирав е баш цензус :)
не постои кај нас.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Една изборна единица цела држава, праг 2% од излезените гласачи. Крај на прикаската и да можеш да бираш личност а не друг да ти ги подреди, по сервилност.
пример излезност 950,000 една партија за да влезе треба да освои најмалку 2% или 19.000 гласа. а за распоредот на пратеници има многу други комбинации
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.395
Поени од реакции
11.874
Да го ставиш Груевски со Заев, Димитров и Иванов, треба да си ептен слеп.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.353
Поени од реакции
26.360
Една изборна единица цела држава, праг 2% од излезените гласачи. Крај на прикаската и да можеш да бираш личност а не друг да ти ги подреди, по сервилност.
пример излезност 950,000 една партија за да влезе треба да освои најмалку 2% или 19.000 гласа. а за распоредот на пратеници има многу други комбинации
Што му фали на 120 изборни единици, first past post. Тогаш гласаш за име и презиме.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.360
Поени од реакции
21.790
Го гледав дуелот Апасиев - Стојанче Ангелов. За греота, кутар Стојанче на што спаднал.

Го вработија него и жена му во МВР, за плата од 400-500 евра и кило урда го купија како стока на пазар, и сега изиграва тоалетна хартија на Заев.

Колку треба да си мивка без самопочит и достоинство за да споредуваш и кажуваш дека Заев бил новиот Гоце Делчев, да величиш кловн како Заев кој е предмет на потсмев кај и да се појави, кловн кој година и пол разговараше на телефон со руски тинејџери мислејќи дека разговара со Порошенко, Столтенберг и Грета Тунберг.

Па уште и претседател е на партија која се вика Достоинство. :facepalm:
Партија која до пред некое време за залагаше за итно прекинување на преговорите за името со Грција, за да се зачувале државните интереси.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Го посрал у дуел џандар со десет заглавени куршуми у глава....уше да не го посере и да иде да се фрли у Вардар.

Ај зборете за конкретни работи.
Работникот кај нас не може да го сфати она што го зборува Апасиев.Голем дел од нив се подклекнати под фирмите и газдите и за мало покачување на платата, за еден платен празник се благодарни како да не го заслужиле тоа.Кај нас луѓето само сакаат поголема плата а да не мрднат со прст ништо да се смени, ќе дојде Апасиев и ќе им зборува но јас мислам дека нема ништо да добие плус од тоа.Кој работник кај нас би тргнал со човек кој вели дека ќе фрла солзавец во собрание.Според мене баш со тие дебатни емисии и преку социјалните мрежи ќе добива гласови, ќе добие гласови од млади луѓе кои сруште не се влезени во тој меур на послушен работник, гласови од бунтовни луѓе кои следат што се случува а не од луѓе кои се шпионираат едни со други на шефови и газди, работникот во Македонија тешко дека може нешто да го смени во иднина.

Познавам дете од Скопје, моја генерација, кое во средно исто како и јас беше националист, мразеше комунисти и левичарство, но дете бунтовник пред се, во борба за правда и подобар живот.Веќе некое време не сум во контакт и гледам дека истово дете станало член на Левица.Се е тоа поради Апасиев и неговото говорење, исто така многу луѓе, родољуби кои во минатото биле десничарски настроени еве денеска се дел од Левица.Како ќе заврши сето тоа не знам, ќе разочара ли Апасиев или не не знам но поентата ми е дека Левица не треба да биде работничка партија туку партија на секој нормален и чесен човек во РМ.Многумина од нашите работници гласаат и прават идоли од Бранко, Грујо, Мијалков, и на крај Заев кој мислам дека баш Стојанче убаво кажа вчера Заев е човек на народот и тоа е точно, Заев преставува многу голем дел(барем една третина ако не и повеќе) од нашиот народ кој е полн со злоба, омраза, завист, љубомора, среброљубие итн.Само јас можам да набројам неколку луѓе кои се неоткирени Заевици.Денешниот македонски работник за жал е нешто слично налик на црнците во Америка, тешко дека така лесно со неколку говори ќе ги преобрати Апасиев или било кој.

ПС:Да не биде дека некој омаловажувам или навредувам, јас сум дете на работници и знам како размислуваат моите, скоро сите другари и познаници ми се деца на работници и знам како размислуваат и тие, сум работел во Македонија на 2 места 2 пати по половина година и знам како размислува обичниот работник, еве работам и тука со неколку наши, работев и лани и знам како размислува македонскиот работник.
Да расчистиме околу заблудите што се некакви фундаменти на политичкиов хаос овде. Не секоја, поточно, нема во светот социјалдемократска партија која е тотален предавник и нема никаков однос кон државност и национална историја. Ако ја земеме формално политички како лева партија (на хартија), Левица би требала да е поблиска идеолошки до сдс. Не се работи за десничарство на Левица, туку ненормална забеганост на сдс, до толку забеганост да Левица изгледа десна.
Второ, дпне=сдс во смер на заштита на национални интереси. Нивни пратеници го овозможија клучното мнозинство, а претходно генерираа криза со која ги компромитираа сите државни интереси, ги спуштија гаќите на државава.
Покрај гнаси како сдс и дпне, многу е лесно човек да биде патриот.

Децата не ти ги коментирам....логично е млад човек да е заведен. Сакам да те потсетам на армијата млади кои (да ми извиниш) стап ги заболе и за Левица и за гласање, најмалку за државава и што гледаат прв авион да фатат од овде. Тие се најмногу, ама не може чоек да добие претстава пошо не се собираат нели....за жал добар дел од нив се интелигентни и ќе си најдат живот негде надвор.

Еве јас ќе се обидам понатаму афирмативно да пишувам за Левица, иако мој личен впечаток е дека не научија некои важни лекции од порано. Апасиев и порано се изживљаваше со разноразни балвани од нашава политичка сцена....може кај мене и тебе да пројде пошо ја гаѓа поентата, ама има и многу луѓе што не сакаат арогантност, што чинот на страсно коментирање, жолчно расправање, го толкуваат како немоќ, фрустрација, можност понатаму да прерасне у дрзок авторитет исл.
Треба светла кошула да облече бе....не ко за на парастос да искача...Србија го гласаше Тадиќ пошо жени се трескаа по него, ако пепел напраија со крадење...сакам да кажам дека кога веќе пресликува иконографија, ораторски техники, нека седне малку и тој психолошки дел да го разработи.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441

Одлична забелешка. Поради некоја причина има жени што коси корнат по Мицко и Зоки. За Димче никоја досега се нема потресено, а може многу лесно да се извади со Џон Сноу естетика.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Одлична забелешка. Поради некоја причина има жени што коси корнат по Мицко и Зоки. За Димче никоја досега се нема потресено, а може многу лесно да се извади со Џон Сноу естетика.
Па зборев понапред кои се методите на сдс и дпне: постоечка инфраструктура, власт, финансии.
За мои сфаќања може не, ама за просечен човек делуе како член на секта...објективно да збориме.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Што му фали на 120 изборни единици, first past post. Тогаш гласаш за име и презиме.
Мислам дека нема поидеалистички модел од тој за најблиска врска помеѓу гласачот и пратеникот т.е. за претставничка демократија. Буквално секој гласач би ја знаел цела историја на својот претставник и секое мало парче од државата би имало свој претставник. Но од друга страна стои опасноста за преголема шареноликост во собранискиот состав, што по дефиниција значи (хронична)нестабилност на владеачкото мнозинство. Нели логично е дека ќе се бира повеќе за личност отколку за партија па ќе има некои 5, 10 или 15 независни/од помали партии кои за да задржат мандат во иднина ќе бараат да испорачаат некои работи, па би имало многу шалтања од позиција во опозиција и обратно. Иако и ова во наши услови може и да не биде хроничен проблем, со оглед на тоа дека нашите собраниски претставници се многу ,,попрагматични", т.е. правилниот збор е поухлебени, па нашите влади се бетон стабилни наспрема западноевропските. :D
 
Да, за реалните слабости се согласувам. Ама ако парламентот е претставнички дом, и дел од народот е Амди Бајрам, Пато Масовно, Хипик Конопов, Ропак Сељаков или некој шизоиден поттип од групите, тогаш нека има повеќе такви во Парламент. И тие теоретски заслужуваат репрезентација. :D
 
Дефинитивно има многу повеќе позитивни работи отколку негативни. Плус тука е и факторот надворешна контрола кој е многу посилен кај нас отколку во З.Европа па владите би требало да бидат прилично стабилни со некој си договорен минимум од 2 години.
Е сега друга работа е што нема теорија да се изгласа ваков модел, од причина што ваков модел за ВМРО, СДСМ и ДУИ(а и олигарсите) е најлош возможен.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.964
Што му фали на 120 изборни единици, first past post. Тогаш гласаш за име и презиме.
Ја немаме ние таа политичка култура, бар мене така ми се чини. Тука се гласа строго по партиска линија не за име.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.353
Поени од реакции
26.360
Ја немаме ние таа политичка култура, бар мене така ми се чини. Тука се гласа строго по партиска линија не за име.
Еден, два изборни циклуси ќе се гласа така. И ќе добиеме власт со огромно апсолутно мнозинство. Ама после тоа луѓето ќе сфатат дека ако гласаат човек што ќе ги претставува стварно, тој може да уценува гласање на буџет со давање повеќе пари од истиот за неговото електорско место, без разлика од која партија доаѓа. И тоа ќе почне да се менува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom