Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.578
- Поени од реакции
- 52.391
Мислев на тоа дека многу поразлично е да си главен напаѓач на Челзи, и да играч за тим кој пробува да остане во ПЛ.Не е паничење, критика вредна за размислување е. Ова му е втора сезона во Премиер Лига, патем.
Еве и Маунт горе-долу е во таква ситуација. Зошто него не го споменав? Денес да заврши сезоната, земајќи ги предвид сите овие околности, нов тренер, Премиер Лига, расштиман состав без Хазард и засилувања, доколку гледаш статистички, Абрахам е и повеќе од добар. Ама, ако направиме една кратка ретроспектива и ако анализираме подлабоко, Абрахам во 2020 има постигнато само два гола во сите конкуренции, а половина од головиве ги даде ,,во еден налет, набрзина". Хет-трик со Волвс, два Норич, уште два следната и толку, се угаси.
Уште еднаш, не му забележувам нему поради постот и лошата статистика во моментов, јас конкретно сега му забележувам за залагањето, односно незалагањето. Човекот изгледа незаинтересирано. Тоа е проблем. Уште еден на грб на Лампард. Во секој случај, дури и да се врати во нормала, ха, нормала, треба исто така да размисли клубот и за продолжувањето на договорот под тие услови кои тој ги бара.
Јас сакам да го гледам во Челзи уште долго. И него и останатите, ама вторпат преседан да се направи како за Одои, опасно е за голем клуб.
Секако јас мислам дека е добро тоа што преговорите за нов договор се одложени, посебно сега поради трансферот на Вернер. Двете страни ќе имаат време за да видат на што се пред да донесат конечна одлука. И нормално, Челзи во никој случај не смее да стане клуб кој ќе чува и плаќа играчи само затоа што се нивни деца и имаат некаква надеж во нив. Мора секој сам да покаже дека може да игра на врвно ниво и да си го заслужи местото во тимот. Од друга страна мора и да им се остави доволно време за да го покажат тоа затоа што не созрева секој одма, уште во прва сезона.