Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Не е паничење, критика вредна за размислување е. Ова му е втора сезона во Премиер Лига, патем.

Еве и Маунт горе-долу е во таква ситуација. Зошто него не го споменав? Денес да заврши сезоната, земајќи ги предвид сите овие околности, нов тренер, Премиер Лига, расштиман состав без Хазард и засилувања, доколку гледаш статистички, Абрахам е и повеќе од добар. Ама, ако направиме една кратка ретроспектива и ако анализираме подлабоко, Абрахам во 2020 има постигнато само два гола во сите конкуренции, а половина од головиве ги даде ,,во еден налет, набрзина". Хет-трик со Волвс, два Норич, уште два следната и толку, се угаси.

Уште еднаш, не му забележувам нему поради постот и лошата статистика во моментов, јас конкретно сега му забележувам за залагањето, односно незалагањето. Човекот изгледа незаинтересирано. Тоа е проблем. Уште еден на грб на Лампард. Во секој случај, дури и да се врати во нормала, ха, нормала, треба исто така да размисли клубот и за продолжувањето на договорот под тие услови кои тој ги бара.
Јас сакам да го гледам во Челзи уште долго. И него и останатите, ама вторпат преседан да се направи како за Одои, опасно е за голем клуб.
Мислев на тоа дека многу поразлично е да си главен напаѓач на Челзи, и да играч за тим кој пробува да остане во ПЛ.

Секако јас мислам дека е добро тоа што преговорите за нов договор се одложени, посебно сега поради трансферот на Вернер. Двете страни ќе имаат време за да видат на што се пред да донесат конечна одлука. И нормално, Челзи во никој случај не смее да стане клуб кој ќе чува и плаќа играчи само затоа што се нивни деца и имаат некаква надеж во нив. Мора секој сам да покаже дека може да игра на врвно ниво и да си го заслужи местото во тимот. Од друга страна мора и да им се остави доволно време за да го покажат тоа затоа што не созрева секој одма, уште во прва сезона.
 
B

Beginner

Гостин
Туку што правиме со одбраната Томори повреден има ли шанса за Лампард да извади ново дете од младите :D

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Ни треба комплетен ремонт на одбраната. Од моменталниве одбранбени играчи би ги оставил Азпи, Рис и можеби Томори ради тоа што е млад и има надеж за него. Рудигер, Кристенсен, Зума, Емерсон све тоа аут. Алонсо колку и да не го сакам, знае да изигра супер партија и да не извади од кал, знае копилето да даде гол.

Зума, Кристенсен и Рудигер воошто не ми даваат чувство на сигурност. Уште кога ќе ги видам Рудигер и Зума како се движат и како даваат пас, како епилепсија да имаат.

Сите овие дефанзивци се добри за ротација и ништо повеќе, џабе муабетите ако доведат класа дефанзивец ќе се подобрат и тие. Џабе ти е кд не те бива не те бива.

Вистината е дека ни требаат 2 централни бека и лев бек. Азпи и Џејмс се сосема солидни, иако сеуште не сум убеден во квалитето на Рис. Сфаќам дете на Челзи и се тоа ама треба да се докаже.

Средината и нападот со Зијех и Вернер се повеќе средени од одбраната.

Него што правиме со Кепа, платен е скапо и не верувам дека управата би го продала за половина цена или нешто слично, изгледа ќе си останеме со него на гол и ќе се надаме дека ќе почне да брани како што треба.
 
H

HoT _iCe

Гостин
@RATM Ја беше тј што викаше за Абрахама дека е нов Дрогба и гадамн изеде си ги гомна. Од декември навамо, не само што е у пад сас форму, него и забравија фудбал да игра. Не смее да помирише прв тим, Жиру е кока кола за њега. Жал ми е стварно, сакаше да успее, убава приказна ќе беше, наше дете ама менталан склоп му е аутистичан и пада под притисак, никад нема да биде прв избор.

За све друго се слажем, и мене ме интересира зашто Томори и Зума не играв како дефанзиван пар, посебно после онуј утакмицу сас Ајакс кд Томори и Зиеха и сви ги стави у џеб ама тој е. Мада мене и Зума не ми е никој сигуран играч, што знам, додуше кд размислу освен Азпиликуету, ниедн не ми унаса довербу и ниедн не е за прв тим гарантирано место. Уалени смо сас Терита, Карваљу, Ивановича и слични, неможу да ги гледам какви паничари су и колко немав мозак, посебно Рудигер, треба да га биде срамота да реагира панично и исфрља у корну како ичера што направи.
 
Томори е повреден.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

Не си ги изел гомната, има време пред него. Можеби ќе се поправи, добро е што има таков ментор и што имаме таков тренер, па штетата би се санирала.

Не зборувам за тоа каков играч би станал, не прогнозирам. Сега конкретно зборував за неговиот пристап и однесување на терен. Мене не ми е разбирливо како Вилиан дава максимум, а за 14 дена ќе го напушти Челзи, а Абрахам нема волја за живот. Што се случува со него, тоа ме интересира и во таа насока е критиката.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
За добар дефанзивец треба ментална јачина. Секој играч има киксови. Сетете се што му правеше Торес на Видич ама тоа било еднаш двапати во сезона, толку заборавено. Нашиве после грешка автоматски одат во друга од што ги фаќа паника. Пишав за Томори неможам да се сетам кој натпревар беше, направи неколку кикса после тоа се гледаше дека е уплашен баш го прикажаа во голем кадар. Рудигер вчера исто делуваше. Кристенсен што се вика грешката против Барселона му ја бутна кариерата.
Од такви играчи не можеш да очекуваш титули и да се носат со притисок.
Фали лидер во одбрана ама таков на пазарот нема.
Џабе и да се купи Чивел ако штоперите ни останат како што се сега.

Го гледам Абрахам си танцува на тренинзи, си го живее сонот како да има освоено 5 златни топки.
Не сакам да коментирам за младиве се уште, бидејќи никој од нас не очекуваше дека ќе бидеме на овој дел од табелата, ама како влегоа со фитнес после паузава гледам дека многу брзо ќе му прават друштво на Мекехрен

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Од младиве играчи од академијава само Маунт ми дава позитивно мислење со неговото залагање и мајндсетот.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Трансфер апдејти...

Хаверц утре го игра последниот натпревар за Леверкузен. Следна недела би требало Челзи сериозно да почне со поагресивен пристап и да влезе во преговори. Интересна е ситуацијата затоа што има доста интерес за играчот, но според пишувањата за сега Челзи е најсериозен за да искешира и да го донесе ова лето. И Баерн е тука нормално, ама они тешко дека би го договарале за ова лето, се збори дека би сакале да го договорат за следно. Тука на Челзи им оди во прилог тоа што Леверкузен не влегоа во ЛШ, и играчот сака да го напушти клубот ова лето. Исто така ова би можело да влијае на цената и да ја намали малце.

Можно е сепак да се оди на нов голман уште летово. Јас уште имам некое добро мислење за Кепа, ама се потешко станува да го браниш. Ако Лампард смета дека не е голман за него и не е доволно добар, тогаш подобро е што побрзо клубот да прифати дека ќе има голема загуба за него и да премине преку тоа. Негова продажба одма тешко да се случи, па ќе треба да се праќа на позајмица и да му плаќа Челзи дел од платата. Јбг, последица од претходното работење на клубот затоа што решија ете да инвестираат многу во голман погоден за стилот на моменталниот тренер, а тренерот си отиде после една сезона. Баш ме интересира што ќе испадне од ова, и кој би бил голманот кој ќе се донесе.

Од друга страна со Интер започнале преговори за Емерсон и би требало наскоро да има и официјална понуда. Не знам дали тука пишав претходно, ама повеќе логика ми има продажба на Емерсон. Веројатно можат да извадат повеќе пари за него затоа што е помлад, плус Алонсо би требало да е ок со седење на клупа, а и може да се најде доколку сака од време на време да игра со тројца назад. Ова би требало да значи и дека ќе треба Челзи да го убрза процесот на купување нов бек, па да го реши тоа побрзо.

Околу Хаверц претходно пишував дека повеќе би сакал да се фокусираат на дефанзивци, ама сега веќе мислам дека Челзи лесно може летово да потроши 200 милиони на нови играчи. Зијех и Вернер се трансфери од изминатава финансиска година, од први јули почнуваат од нула за следнава сезона. Ќе земат 50 милиони за Мората, би требало еве околу 30 за Емерсон, плус има уште 3-4 играчи кои треба да се продадат, лесно би земале 100+ милиони од продажби. Па дури и да се оди на 80 за Хаверц и 60 за Чилвел, пак би требало да има доволно пари и за еден централен од 40-50 и голман за 20-30. Нормално, ова само мои претпоставки, не сум експерт и може и ептен да грешам :D
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.042
Поени од реакции
652
Рисе од Вест хем го имат пишане во една од страниве на Челзи и како Цб, добро е да се гризне за него , дали може ЦБ е друга приказна , него знам дека е глупаво и нема да реши многу проблеми но овој од Бурнлау Tарковски мног го фалаа , не знам зашто не пробат и со него
 
Брату мој, не знам низ што си поминал изминатата вечер, ама целосна поддршка имаш од мене.

Патем, Рајс е добра опција.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Брату мој, не знам низ што си поминал изминатата вечер, ама целосна поддршка имаш од мене.

Патем, Рајс е добра опција.
И мене ми требаше половина минута да сфатам за кои играчи и екипи зборува.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.388
Јбг, последица од претходното работење на клубот затоа што решија ете да инвестираат многу во голман погоден за стилот на моменталниот тренер, а тренерот си отиде после една сезона.
Што го прави Кепа уникатен за стилот на Сари? Пас игра, долги топки свипер?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom