Според мене албанскиот фактор е многу overrated кога станува збор за изборите во 2016 и еве сега на овие за 2 недели. Зборам за гласачите.
Не верувам дека СДС доби повеќе од 30-40 илјади албански гласови на последните парламентарни.
Македонците гласаа против Грујо и компанија, а тоа може да се види по фактот дека ДПНЕ изгуби 30к гласови во споредба со 2014 и тоа дека имаше поголем одзив на гласачи во 2016 (4-5%). Голем број Македонски општини станаа сини на тие избори иако беа црвени претходно и плус разликата беше тесна меѓу двете партии во доста општини. Што не беше случај претходно.
Она "тивко мнозинство" ја направи разликата според мене.
Албанскиот фактор направи ептен многу на изборите во 2016. Прво, СДСМ доби многу нивни гласови, се вртеа 70,000 гласови. Следен момент беше коалицирањето на ДУИ со СДСМ, а не со победникот ВМРО ДПМНЕ, а самите плачеа и демонстрираа за „победник со победник“.
Секако, лесно може да се елиминира уценувачкиот менталитет на ДУИ со гласање на СДСМ за ВМРО ДПМНЕ и обратно при формирање на влада. Јас тоа го заговарав во 2017 кога се појавија платформи и слични работи. Груевски исто така му нудеше на Заев да им гласаат влада, да се откажат од платформите.
Но... ние ова што го зборуваме е ептен „плитко“. Да не ги заборавиме моќните (од надвор) кои за свои потреби рушат и поставуваат влади. Очигледно беше 2016/2017. И ги видовме резултатите... Северни.