Од пред месец и пол кога искачам надвор носам кн95 маска и визир што за голем дел од рајата е смешно но бројкиве на мртви од ковидот што ги слушаме секој ден уопште не се смешни денес 12 семејства изгубиле свој близок од вирусов.Ако може да се превенира да не го закачиш вирусов а со тоа да го заштитиш семејството зашто да не се носат маски и визири кога се искача надвор?
А дали некој на улица ке врти мајтап поради визирот ми е тотално неважно.
...што подразбираш под „ носам маска кога искачам надвор“ ако си во гужвата, на пазар, а си на отворено, ај да речеме држи вода, ама да си сам да пешачиш, а околу тебе да нема никој, а ти да имаш маска КН95 па и визир не само што нема да се заштитиш од нешто што нема околу тебе, туку ќе си наштетиш полека но сигурно на сопствено здравје, затоа што заштитни маски како при оператива сакаш како астронаут, мајстор фарбара итн, маските се носат кога човекот статично работи и ги применува, не е во движење, за разлика кога се пешачи кога веќе имаме забрзана циркулација потреба од кислород и ширење целосно на белодробието да вдишиме и издишиме ...и ти во тие моменти ставаш „затка“ околу нос и уста, а околу тебе жив човек нема, а најмалку коронавирус, важно ти ги носиш маската и визирот???
...ај размисли колку време треба да почне пореметувањето на работата и функцијата на витални орагни затоа што не добиваат доволно кислород токму во моментот кога си ги активирал мускулите и целото тело во активно дејство- пешачење!?
заштитна маска во гужва во маркет- ДА! ...5 минути и се трга кога се излегува и поради заштитни мерки на отворено но во гужва за да бидеме во законски рамки една прозирна марама околу уста и нос и кога доаѓаш во делот на широк тротоар со растојание од тебе 2 метри нема човек нема да носиш ништо со длабоко дишење на потребниот кислород...ете тоа е правилно!
... еве вака, имаш заштитна маска, визир наместо наочари, што со косата? што со целото тело? коронавирус се „лепи“ само во висина на лице, на уста, нос, око? на глава коса не застанува? па после да се зачешаш и раката на нос или око што мислиш не се пренесува така?