Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Како тргнале овие од Сава, ќе ја купат цела Уни банка... Со многу помал ризик, подобар годишен поврат и со подобра позиција у капиталната структура можеле да ги купат обврзниците со 9/11% камата што ги издадоа Бугарите
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.120
Поени од реакции
715
Dali mislite deka vo segasnite ceni na akciite e presmetan ocekuvaniot negativen vtor kvartal ?
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Dali mislite deka vo segasnite ceni na akciite e presmetan ocekuvaniot negativen vtor kvartal ?
Најверојатно не. Истото се случува и на сите светски берзи. Прост пример се нафтените компании. Едно што цел април не се возеше, друго авиони не летаа па да имаат кому да продаваат керозин (тие и сега не летаат со ист интензитет како во нормални времиња) , трето немаше долг период тендери за снабдување на државните институции. А и сега откако се нормализира движењето, голем број на луѓе нема да се решат да одат на летување, а со тоа и да ги наполнат резервоарите. Конечно, веројатно ќе има и многу помалку транзитни туристи низ нашата држава кои обично точеле гориво пред да преминат грчка граница или во обратен правец кон Србија, бидејќи имаме најевтино гориво. Така да ова е мое согледување за овој тип на компании.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Како тргнале овие од Сава, ќе ја купат цела Уни банка... Со многу помал ризик, подобар годишен поврат и со подобра позиција у капиталната структура можеле да ги купат обврзниците со 9/11% камата што ги издадоа Бугарите
Штета што си зафатен со пишувањето по форуми, па не можеш да најдеш време, инаку сигурно ќе те ангажираа за да им предлагаш вакви одлични идеи.

Штета што иако си меѓу ретките што ги читаш извештаите, сепак не читаш доволно детално или само читаш она што ти одговара, па еве дел од кварталните извештаите кај Сава што си го пропуштил:

1593366722948.png
1593366749551.png

П.С. Штета што не можат да ја купат цела банка, па да им носи секоја година по 5 милиони евра добивка на идните пензионери.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Штета што си зафатен со пишувањето по форуми, па не можеш да најдеш време, инаку сигурно ќе те ангажираа за да им предлагаш вакви одлични идеи.

Штета што иако си меѓу ретките што ги читаш извештаите, сепак не читаш доволно детално или само читаш она што ти одговара, па еве дел од кварталните извештаите кај Сава што си го пропуштил:

Прегледај го приврзокот 257011
Прегледај го приврзокот 257012

П.С. Штета што не можат да ја купат цела банка, па да им носи секоја година по 5 милиони евра добивка на идните пензионери.
Јас колку се сеќавам, Сава не беше меѓу купувачите на УНИПО туку таму имаше Бугари од мајката, инсајдери од УНИ, бугарашки газди од Источна Македонија, па дури и мојот омилен КБ Публикум :shok2: Не разбирам зошто не ги купиле у примарна емисија по номинала него на секундарен пазар по повисока цена плус провизии.

Што се однесува на фондот, за некое платиче од 200-300.000 денари скроз би си ја напуштил сегашнава банална професија за да им проберам првокласни акции за 5-6 миљони евра на коишто ќе заработуваат колку што вадат сега плус десетпати повеќе од што би ме плаќале мене. Еве не знам кога имаат конкурси, како се влегува таму, како се вработувале досега луѓето?
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714

Kakvi konkursi ,zaebancii...Garant citaat i ke ti pishat u dm:)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Kakvi konkursi ,zaebancii...Garant citaat i ke ti pishat u dm:)
Абе наместо тој сарказам, дај напиши некој конструктивен пост како се вработува у тој Сава фонд?? :vozbud:Еве можеш да напишеш и ти колку си имал просечен годишен поврат и за кој период па можеби и тебе ќе те вработат.

Не би требало да биде тешко да бидеш подобар од луѓе што на пензионерите им заработувале одвај над 5% у период кога инфлацијата била 2,5-3%, а просечниот раст дури и на скапанава северџанска берза бил 6-7%, и тоа без вклучени дивиденди. Директорот Штериев зема околу 4.000 евра плата, а на сајтот јас не гледам статистика колку растел индексот со сѐ дивиденди.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Јас колку се сеќавам, Сава не беше меѓу купувачите на УНИПО туку таму имаше Бугари од мајката, инсајдери од УНИ, бугарашки газди од Источна Македонија, па дури и мојот омилен КБ Публикум :shok2: Не разбирам зошто не ги купиле у примарна емисија по номинала него на секундарен пазар по повисока цена плус провизии.

Што се однесува на фондот, за некое платиче од 200-300.000 денари скроз би си ја напуштил сегашнава банална професија за да им проберам првокласни акции за 5-6 миљони евра на коишто ќе заработуваат колку што вадат сега плус десетпати повеќе од што би ме плаќале мене. Еве не знам кога имаат конкурси, како се влегува таму, како се вработувале досега луѓето?
Епа има пак некоја забрана што не можат да учествуваат во примарната емисија на инструментите.
Што би значело дека не можат да учествуваат и кога би се правело некое IPO кај нас (Тинекс), а мислам и општо во светот.
 
До каде е работата со IPO-то на Тинекс?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
До каде е работата со IPO-то на Тинекс?
До нигде. Мислам дека долго време го убедуваа и изгледа не го убедија.
Изгледа сепак човекот сака да си плаќа 30 годишни кредити на банките. Како иначе тие ќе имаат толку добри резултати и профити.
Автоматски споено мислење:

Инаку бев на Собрание на Фабрика Карпош во четвртокот.
Генерално ниту во извештаите, ниту за време на собранието не забележав некој амонизитет во односот кон малцинските акционери. Генерално беше кажано дека тешка е парата во градежна индустрија, но ветуваат дека ќе исплатат дивиденда во првата пригода кога ќе имаат прилика. Мада сепак забележав дека се уште не им се баш најјасни работите во акционерското работење.

Најпозитивната вест беше што кажаа дека планираат откуп на сопствени акции и во тековната година и дека тоа ќе биде во рамките околу 500-600 денари. (во одлуката им стои од 300 - 700 денари. )
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Еве една работа во врска со ситуацијата во Република Северна Македонија што посебно помладите членови и читатели би требало да ја имаат предвид кога размислуваат за купување акции на (зачудо сѐ уште) Македонската берза. Во нормални држави, би се очекувало дека луѓето што се наоѓаат на врвот во општеството како функционери или директори се најпаметните, најобразованите, највредните и најчесните луѓе што живеат во таа држава. Сосема е природно едно општество да изгради таков меритократски систем, односно своите најголеми ресурси да им ги довери на управување на своите најкомпетентни поединци затоа што тие најмногу би можеле да ги зголемат, па од тоа зголемување сите да имаат економска корист и побогат живот.

Еве нпр. една изјава од Мила Царовска:

Screen Shot 2020-06-29 at 07.30.20.png

Оваа жена е факин' ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА, т.е. најважната политичка фигура за економија во државава, а само во оваа изјава дури и некој со елементарни економски познавања ќе препознае барем 3-4 апсолутно неточни клучни информации! Ова се случува кога во вакви кловновски Бутебешенге коалиции, странците ќе доведат невладино милениче директ на министерска функција да управува со економија од 11 милијарди евра!

Или пак изјавата на кандидатот за прв Албанец премиер:

Screen Shot 2020-06-29 at 07.33.46.png

Според предизборните анкети, коалицијата СДС+Беса води пред ВМРО, што значи дека дури и да не победи, таа ќе биде најверојатниот партнер којшто заедно со ДУИ ќе состави влада, односно ДУИ ќе избоксува навистина овој човек да дојде за премиер. Во таква ситуација, може да очекуваме банките и фондовите (кајшто реално Албанците не се пропорционално застапени) да се наполнат со Албанци полакомени за високи просечни плати од 50-100.000 денари, плус можност да ги стават рацете во медот и да вршат проневери. Ќе биде интересно да се гледа како тогаш ќе се движат веќе намалените банкарски профити и катастрофалните фондовски поврати!

Зборот ми е дека воопшто не треба да ги возвеличувате тие што се наоѓаат на врвот или да мислите дека се подобри од вас, затоа што тоа нивните резултати јасно го покажуваат. Тие доспеале на високи општествени позиции поради непотизам, клиентелизам, партократија, корупција и негативна селекција, па кога на врвот ќе имате такви дилетанти и медиокритети, воопшто не треба да ве чуди како тоа сме меѓу трите најсиромашни држави на најбогатиот континент!
 
Последно уредено:
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
Па бидејки си финансиски Гуру, дај им финансиска понуда што не би можеле да ја одбијат...
Пример по примамливо би било:
Ќе работам за 0 плата 12 месеци - по истекот на тие 12м ветувам 10% принос ( на 5м€ фонд) а сакам 10% од профитот. Ако не ги остварам резултатите договорот да не ми се продолжи! Ете ти ги тие 50к€ што ги сакаш како плата, па покажи муда и направи 30% поврат ...

а не за 300к, Ќе направам ова, Ќе направам она...

Јас колку се сеќавам, Сава не беше меѓу купувачите на УНИПО туку таму имаше Бугари од мајката, инсајдери од УНИ, бугарашки газди од Источна Македонија, па дури и мојот омилен КБ Публикум :shok2: Не разбирам зошто не ги купиле у примарна емисија по номинала него на секундарен пазар по повисока цена плус провизии.

Што се однесува на фондот, за некое платиче од 200-300.000 денари скроз би си ја напуштил сегашнава банална професија за да им проберам првокласни акции за 5-6 миљони евра на коишто ќе заработуваат колку што вадат сега плус десетпати повеќе од што би ме плаќале мене. Еве не знам кога имаат конкурси, како се влегува таму, како се вработувале досега луѓето?
Автоматски споено мислење:

Па бидејки си финансиски Гуру, дај им финансиска понуда што не би можеле да ја одбијат...
Пример по примамливо би било:
Ќе работам за 0 плата 12 месеци - по истекот на тие 12м ветувам 10% принос ( на 5м€ фонд) а сакам 10% од профитот. Ако не ги остварам резултатите договорот да не ми се продолжи! Ете ти ги тие 50к€ што ги сакаш како плата, па покажи муда и направи 30% поврат ...

а не за 300к, Ќе направам ова, Ќе направам она...

Јас колку се сеќавам, Сава не беше меѓу купувачите на УНИПО туку таму имаше Бугари од мајката, инсајдери од УНИ, бугарашки газди од Источна Македонија, па дури и мојот омилен КБ Публикум :shok2: Не разбирам зошто не ги купиле у примарна емисија по номинала него на секундарен пазар по повисока цена плус провизии.

Што се однесува на фондот, за некое платиче од 200-300.000 денари скроз би си ја напуштил сегашнава банална професија за да им проберам првокласни акции за 5-6 миљони евра на коишто ќе заработуваат колку што вадат сега плус десетпати повеќе од што би ме плаќале мене. Еве не знам кога имаат конкурси, како се влегува таму, како се вработувале досега луѓето?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Па бидејки си финансиски Гуру, дај им финансиска понуда што не би можеле да ја одбијат...
Пример по примамливо би било:
Ќе работам за 0 плата 12 месеци - по истекот на тие 12м ветувам 10% принос ( на 5м€ фонд) а сакам 10% од профитот. Ако не ги остварам резултатите договорот да не ми се продолжи! Ете ти ги тие 50к€ што ги сакаш како плата, па покажи муда и направи 30% поврат ...

а не за 300к, Ќе направам ова, Ќе направам она...

Автоматски споено мислење:

Па бидејки си финансиски Гуру, дај им финансиска понуда што не би можеле да ја одбијат...
Пример по примамливо би било:
Ќе работам за 0 плата 12 месеци - по истекот на тие 12м ветувам 10% принос ( на 5м€ фонд) а сакам 10% од профитот. Ако не ги остварам резултатите договорот да не ми се продолжи! Ете ти ги тие 50к€ што ги сакаш како плата, па покажи муда и направи 30% поврат ...

а не за 300к, Ќе направам ова, Ќе направам она...
Јас немам намера да ставам слики од куповни и продажни налози за да докажувам дека навистина сум го остварил повратот што сум го навел. Меѓутоа, веројатно на форумов имам испишано најмногу материјал од сите членови, имам многу пишувано на МојНовац за акции што сум ги купувал во одредени периоди, многумина ме познаваат лично, а некои дури и на собранија виделе во кои компании и колку акции имам, такашто голем број луѓе имаат доволно материјал врз основа на кој можат да проценат колку ми сече црпката и да извлечат разумен заклучок дали тоа што го пишувам е вистина или лага.

Е сега, инвестициската единица на тој Сава задолжителен пензиски фонд за 15 години пораснала од 100 на 211,43, односно остварувал годишен поврат од 5,12%. За истиот период, индексот МБИ10 пораснал од 1.000 на 4.100, т.е. просечниот македонски инвеститор остварувал просечен поврат од 9,86%, БЕЗ дивиденди. С&П 500 со дивиденди имал поврат од 8,72%. Веројатно и најобично инвестирање во македонски обврзници или орочување пари во банка би донело поголем просечен поврат него купување удели во фондот. Тоа значи дека фондот за период од 15 години конзистентно имал 5% ПОНИЗОК поврат од реперот МБИ10, а јас за период од 12 години конзистентно сум имал 20% ПОВИСОК поврат од МБИ10, односно споредлива разлика од дури 25% годишно :shok2: :shok2: :shok2:

Дополнително, во тој Сава фонд има триесетина вработени со просечна плата од 100.000 денари, што значи дека постојат барем 5-10 луѓе со плати во опсегот од 200-300.000 денари. Ако сакаат да видат некого што не заслужува плата од 300.000 денари, само треба да разгледаат наоколу по колегите или да се погледнат во огледало!

А што се однесува на понуда - еве понуда! Пошто немам никакви пороци ниту скапи прохтеви, мене пари воопшто не ми ни требаат. За поминување осум саати дневно на работа и давање на најдобрите инвестициски идеи на фондот би побарал едно платиче од 300.000 денари чисто колку да биде поголемо од платите на дилетантите што деценија ипол паразитираат во фондовската индустрија благодарејќи на финансиската неписменост на нивните клиенти и „инвеститори“ за коишто не заработиле ни делче од она што го земале за себе. А таа таква плата од курч и чалам како Кочо Анѓушев или Нина Групер секој месец ќе ја ДОНИРАМ во фонд за социјално загрозени пензионери, такашто јас лично не би имал НИКАКВА финансиска корист од работењето за фондот туку ќе имаат едино пензионерите коишто се социјално загрозени меѓудругото и затоа што плаќаат огромни „управувачки“ провизии на фондовите од вториот столб.

Се разбира, во ваквите „институции“ кајшто се ќути и се дупи не се влегува според способности и резултати туку исклучиво врз основа на непотизам, клиентелизам, партократија, корупција и негативна селекција, такашто нема да има ништо од бизнисот, ама тоа барем нема да ме спречи цело време јавно да ги осветлувам со рефлектор и цело време да укажувам на нивното катастрофално работење на штета на обичниот граѓанин во државава.
 
Член од
6 октомври 2017
Мислења
240
Поени од реакции
150
Нов Закон за Јавно Обвинителство Алооооо до претставникот или застапникот на владата на форумов професоре "Ј" до кај сте со невидениот криминал во ТЕТО и БЕГ и штетата на илјадниците македонски граѓани, акционери и десетина македонски фирми направени од офшор бандити заедно со, зарем не се знае со кого ?!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.432
Поени од реакции
7.811
Нов Закон за Јавно Обвинителство Алооооо до претставникот или застапникот на владата на форумов професоре "Ј" до кај сте со невидениот криминал во ТЕТО и БЕГ и штетата на илјадниците македонски граѓани, акционери и десетина македонски фирми направени од офшор бандити заедно со, зарем не се знае со кого ?!
Па ти бе кажи до каде сте, ти со години ни ги отече мадињава, дека само што не се решил криминалот, дека ТПЛФ за неколку месеци ќе си наплати милионите.
Ја искрено не те разбирам, сам ги откриваше криминалите кои се направени, сам се усра со тие информации, т.е. излезе дека Хаџимишев исто е вклучен, а очекуваш позитивни вести.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

Kajgana Shop

На врв Bottom