Секој што ќе рече оти нема корона во најмала рака ги навредува и починатите и нивните семејства, оние што се болни и поминале низ агонија заедно со нивните фамилии. Една работа е да дискутираме за степенот на вирулентност, да вергламе со статистики, да шпекулираме со ефикасност на третмани...ама некој да излезе и да рече оти се ова е измислица, да пласира ирационални теории на заговор, во најмала рака треба да се исклучи од дискусија.
Еве скоро половина година откако официјално се знае за вирусот и оттогаш сме сведоци исклучиво на низа контрадикторности, и кога станува збор за ефикасност на третмани, превенција, протоколи за заштита...значи на светско ниво впечатокот е дека владее една општа некоординираност, неконзистентност во мерките и политиките. Овие условно кажано модерни времиња, колкави и предности да ни овозможија истовремено креираа една лажна илузија за човековата безбедност и вредноста на човечкот живот, впрочем колку истиот малку се вреднува, едноставно се претвора во статистика, бизнис политичка калкулација, пречка кон остварување на индивидуалните интереси на поединци.