Снукер

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Турнеја на најуспешни снукер играчи 2020
од 20 јуни 2020 до 26 јуни 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

24 јуни 2020
Петти ден - Полуфинале:

Стифен Мегваер 9:6 Џад Трамп;

Утре, четврток, 25 јуни 2020, треба да се одигра вториот меч од полуфиналето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2020, каде што силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Марк Ален.
Не гледав...Што му се деси на Трамп? Не му беше денот? Или Мегваер пак имаше еден од оние денови кога бриљира?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Не гледав...Што му се деси на Трамп? Не му беше денот? Или Мегваер пак имаше еден од оние денови кога бриљира?
И двајцата беа под просекот и се виде тоа во играта...Брејковите им беа по 40 до 50 поени...Побитни грешки направи Трамп и тоа го искористи Мегваер...Имаше доста одбрамбена игра...Делува гарант корона карантинот и кај нив.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Турнеја на најуспешни снукер играчи 2020
од 20 јуни 2020 до 26 јуни 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

25 јуни 2020
Шести ден - Полуфинале:

Марк Селби 2:9 Марк Ален;

Утре, сабота, 26 јуни 2020, во финалето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2020 силите ќе си ги измерат:

Стифен Мегваер - Марк Ален.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129

Кој со кого може да се сретне на Светското првенство во Шефилд.
Пример актуелниот светски шампион Трамп во 1/16 финале ( прво коло) игра со квалификант, потоа проекција е потенцијално 1/8 финале со Јан Бинтао, 1/4 финале со Карен Вилсон/ Шон Марфи, 1/2 полуфинале со Џон Хигинс/ Мегвајер/ Марк Ален или Џек Лисовски.

Во другата половина на ждрепката се Рони О' Саливен, Нил Робертсон, Марк Селби, Марк Вилијамс, Динг, Стујарт Бингам, Дејвид Гилберт и со овие Трамп само во финале може да се сретне.

Тоа ако е во прво квалификант, ќе има врвни играчи во квалификациите, лани во прво коло Трамп едвај победи со 10-9 во прва рунда против оној играчот од Тајланд Тепчаја Уну некако се изговара тоа име.

И двајцата беа под просекот и се виде тоа во играта...Брејковите им беа по 40 до 50 поени...Побитни грешки направи Трамп и тоа го искористи Мегваер...Имаше доста одбрамбена игра...Делува гарант корона карантинот и кај нив.

Не може постојано да се победува, а и не би било интересно постојано во снукерот еден ист играч да победува секогаш.
Трамп ми е меѓу омилените играчи, но воопшто не му требаше после поразот да се жали на условите во салата и дека му било многу жешко да игра. Сигурно има клима уреди во салата, не му требаат ефтини изговори на Трамп туку и да биде голем во поразите и да им честита на противниците.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Кој со кого може да се сретне на Светското првенство во Шефилд.
Пример актуелниот светски шампион Трамп во 1/16 финале ( прво коло) игра со квалификант, потоа проекција е потенцијално 1/8 финале со Јан Бинтао, 1/4 финале со Карен Вилсон/ Шон Марфи, 1/2 полуфинале со Џон Хигинс/ Мегвајер/ Марк Ален или Џек Лисовски.

Во другата половина на ждрепката се Рони О' Саливен, Нил Робертсон, Марк Селби, Марк Вилијамс, Динг, Стујарт Бингам, Дејвид Гилберт и со овие Трамп само во финале може да се сретне.

Тоа ако е во прво квалификант, ќе има врвни играчи во квалификациите, лани во прво коло Трамп едвај победи со 10-9 во прва рунда против оној играчот од Тајланд Тепчаја Уну некако се изговара тоа име.

Не може постојано да се победува, а и не би било интересно постојано во снукерот еден ист играч да победува секогаш.
Трамп ми е меѓу омилените играчи, но воопшто не му требаше после поразот да се жали на условите во салата и дека му било многу жешко да игра. Сигурно има клима уреди во салата, не му требаат ефтини изговори на Трамп туку и да биде голем во поразите и да им честита на противниците.
И мене ме нервираат кога се жалат, многу ми е ниско ама има и еден факт: читав дека поради короната се препорачува да не се користат климатизации. Тоа може да е точно.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Турнеја на најуспешни снукер играчи 2020
од 20 јуни 2020 до 26 јуни 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

26 јуни 2020
Седми ден - Финале:

Стифен Мегваер 10:6 Марк Ален;

На 39 годишна возраст, Шкотланѓанецот Стифен Мегваер ја освои 6-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Турнејата на најуспешни снукер играчи 2020 извојува победа над 34 годишниот Северноирец Марк Ален со резултат 10:6 .

Нареден и последен професионален турнир во снукер од сезоната 2019/2020 е Светскиот Шампионат во Снукер 2020, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 31 јули 2020 до 16 август 2020 во англискиот театар Крусибл во Шефилд.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Од утре 21 Јули до 28 Јули се одржуваат квалификации за Светското првенство, преноси од квалификациите секој ден од 14:30 до 18:00 на Еуроспорт, и после од 20:00 навечер продолжуваат преносите.
И секој нареден ден на Еуроспорт 2 од 10:30 до 13:30 репризи од преносите од претходниот ден.

Од 31 Јули до 16 Август е главниот дел од турнирот исто со преноси на Еуроспорт.

Еве линк во кој има и податоци за учесници во квалификациите

https://www.eurosport.com/snooker/world-championship/2019-2020/world-snooker-championship-dates-draw-venue-odds-o-sullivan-trump-robertson-ding-allen_sto7799253/story.shtml

Доколку некој на главниот дел од турнирот од 31 Јули до 16 Август направи максимален брејк од 147 поени ќе добие награда од 40.000 фунти, а за максимален брејк од 147 поени во текот на квалификациите наградата е помала и изнесува 10.000 фунти.

Додека наградата за најголем брејк на турнирот изнесува 15.000 фунти и во овој дел ќе се сметаат и квалификациите.

Список на досегашните максимуми на Светските првенства во Шефилд во Крусибл театарот:

Crucible 147s
1983 – Cliff Thorburn
1992 – Jimmy White
1995 – Stephen Hendry
1997 – Ronnie O’Sullivan
2003 – Ronnie O’Sullivan
2005 – Mark Williams
2008 – Ronnie O’Sullivan
2008 – Ali Carter
2009 – Stephen Hendry
2012 – Stephen Hendry
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Утре, петок, 31 јули 2020, започнува Светскиот Шампионат во Снукер 2020 - последниот и најголемиот професионален турнир во снукер од сезоната 2019/2020.

Бранител на титулата Светски Шампион во Снукер е 30 годишниот Англичанец Џад Трамп, кој извојува победа над Шкотланѓанецот Џон Хигинс во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2019 со резултат 18:9 .

Денес, четврток, 30 јули 2020, три дена откако во понеделникот, 27 јули 2020, успешно се квалификуваше за учество во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 со извојување на победа против 26 годишниот Шкотланѓанец Скот Доналдсон со резултат 10:5, на само еден ден пред почетокот на 16-на финалето, 49 годишниот Англичанец Антони Хамилтон најави дека поради астмата од која боледува и истовремено поради одлуката на Светската Снукер Асоцијација да дозволи публика од 300 посетители на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 за време на пандемијата на корона вирус, одлучи да се повлече од турнирот, поради што неговиот сонародник и противник во 16-на финалето, 28 годишниот Кајрен Вилсон, продолжува во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020.

Во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 се игра до максимални 19 фрејмови, односно во осмина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 10 фрејмови.

Утре, петок, 31 јули 2020, во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Џад Трамп - Том Форд;
11:00. Стјуарт Бингам - Ешли Карти;
15:30. Кајрен Вилсон-продолжува во осмина финале - Антони Хамилтон-се повлекол;
15:30. Динг Џунхуи - Марк Кинг;
20:00. Марк Вилијамс - Алан МекМанус;

Временските термини се според македонска временска зона.

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

31 јули 2020
Прв ден - 16-на финале:

Џад Трамп 10:8 Том Форд;
Стјуарт Бингам 5:4 Ешли Карти;
Кајрен Вилсон-продолжува во осмина финале : Антони Хамилтон-се повлекол;
Динг Џунхуи 5:4 Марк Кинг;
Марк Вилијамс 4:5 Алан МекМанус;

Денес, петок, 31 јули 2020, владата на Велика Британија на чело со Борис Џонсон одлучи да воведе целосна забрана за присуство на навивачи и посетители на спортски настани во наредните две недели, поради што до 15 август 2020 кога треба да започне финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, турнирот ќе се одвива без публика.

Претседателот на Светската Снукер Асоцијација, Бери Херн, изјави дека е разочаран од одлуката на британската влада, исто како и обожавателите на спортот, но сепак останува горд на сите луѓе ангажирани за безбедно одржување на турнирот за време на пандемијата на корона вирус, и истовремено изјави дека Светската Снукер Асоцијација и снукерот како спорт ќе ја надживеат пандемијата и од истата ќе излезат уште посилни.

Херн исто така изрази благодарност до спонзорот на турнирот Бетфред, кој денес најави дека за секој одигран три цифрен брејк на турнирот ќе донира 200 британски фунти за домот за тешко заболени деца Џеси Меј во Бристол, југозападна Англија.

Утре, сабота, 1 август 2020, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00. Дејвид Гилберт - Курт Мафлин;
15:30. Џон Хигинс - Метју Стивенс.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

1 август 2020
Втор ден - 16-на финале:

Дејвид Гилберт 4:5 Курт Мафлин;
Стјуарт Бингам 10:7 Ешли Карти;
Џон Хигинс 6:3 Метју Стивенс;
Динг Џунхуи 10:9 Марк Кинг;
Марк Вилијамс 10:5 Алан МекМанус;

Веќе се познати учесниците во првиот меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, каде што силите ќе си ги измерат:

Стјуарт Бингам - Марк Вилијамс;

Утре, недела, 2 август 2020, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00. Јан Бингтао - Елиот Слесор;
11:00; 20:00. Нил Робертсон - Лианг Венбо;
15:30. Рони О'Саливен - Тепчаја Ан-Нух.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Овој Ентони Хамилтон знаеше уште пред да почнат квалификациите дека на главниот дел од турнирот ќе има публика и кога се знаеше дека ќе има публика, а самиот Хамилтон има проблеми со астма и кога тој самиот не сакаше да ризикува со настап на турнир со присуство на публика, тогаш тој и не требаше да учествува во квалификации и така на негово место ќе играше некој играч кој ќе ја почувствуваше магијата на Крусибл и воедно и ќе освоеше некоја пара тој некој играч.

Се знаеше пред 1 месец дека на стартот на турнирот ќе има присуство на публика.

Вака баш себично од Ентони Хамилтон е оваа негова постапка. Ова и Џад Трамп го изјави дека Хамилтон со неговата себичност одзеде можност на други играчи да се појават во Крусибл.

Никогаш и не ми беше омилен лик за гледање тој играч.
Вака ми е уште повеќе одбивен.

Лично за мене и беше изненадување што во тоа последно 4 коло од квалификации Скот Доналдсон загуби од Ентони Хамилтон, Скот Доналдсон имаше солидна сезона и очекував да се квалификува за во Крусибл.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

2 август 2020
Трет ден - 16-на финале:

Јан Бингтао 7:1 Елиот Слесор;
Џон Хигинс 10:5 Метју Стивенс;
Рони О'Саливен 8:1 Тепчаја Ан-Нух;
Нил Робертсон 10:5 Лианг Венбо;
Дејвид Гилберт 8:10 Курт Мафлин;

Познати се учесниците и во вториот меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, каде што силите ќе си ги измерат:

Џон Хигинс - Курт Мафлин;

Утре, понеделник, 3 август 2020, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Џек Лисовски - Антони МекГил;
15:30. Шон Марфи - Нопон Саенгкам;
20:00. Марк Селби - Џордан Браун.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Светски Шампионат во Снукер 2020
од 31 јули 2020 до 16 август 2020
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

3 август 2020
Четврт ден - 16-на финале:

Рони О'Саливен 10:1 Тепчаја Ан-Нух;
Јан Бингтао 10:7 Елиот Слесор;
Шон Марфи 3:6 Нопон Саенгкам;
Џек Лисовски 9:10 Антони МекГил;
Марк Селби 5:4 Џордан Браун;

Вчера, понеделник, 3 август 2020, 44 годишниот Англичанец Рони О'Саливен воспостави нов рекорд за најбрзо одигран меч во англискиот театар Крусибл во Шефилд, откако извојува победа во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020 над 35 годишниот Тајланѓанец Тепчаја Ан-Нух со резултат 10:1 во временски период од само 108 минути.

Досегашниот рекорд го држеше Англичанецот Шон Марфи, кој во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2019 извојува победа над Кинезот Луо Хонгхао со резултат 10:0 во временски период од 149 минути.

Денес, вторник, 4 август 2020, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Марк Ален - Џејми Кларк;
15:30. Стифен Мегваер - Мартин Гоулд;
20:00. Бери Хокинс - Александер Урсенбахер.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461

Страшен Рони првово коло..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom