Ние гледаме од една перспектива, србите од друга, зашто нив им е побитно целокупното здравје во земјата, не она на тенисери, или естрада. 95% од коментарите конкретно кај Вишко замеруваат што воопшто не се ни обидел да го внесе муабетот зашто побогу во Србија се организираат вакви настани, односно, зашто е тоа дозволено од владата на таа земја, односно, се дистанцирал целосно од политичкот момент у цел овој случај.
Новак не е проблем, зашто ако не е Новак, ќе се најде некој друг а и немаше ни потреба за тоа со оглед дека веќе се организираа настани со преку 20 000 луѓе, и тој тренд продолжува и понатака ( вечер преку 10к ќе има во Ниш ), приоритет им се други работи, а не здравјето. Исто е и кај хрватите, зашто во организацијата на турнирот кај нив голем удел имале од тамошниот тениски сојуз а и доста политичари, од Колинда до Пелинкович ова го искористија за себе промоција и отидоа во Задар да се сликаат со Новак и да ги има по весници и телевизии.
Хрватска важеше за една од земјите кои најдобро се справуваа со вирусот у регионот а искрено од тоа што го читам кај нивните медиуми парашање е колку им се точни бројките што ги вадат, моментално имаат нови жаришта али ако кај србите изборите беа приоритет, кај хрватите битен им е туризмот и доаѓањето на Новак и останати тениски ѕвезди гледаа да го искористат ко дополнителен буст на истиот.
Малце е чудно за земја која тврдеше дека најдобро се справува со вирусот од регионот да дозволи ова да им се дешава во град како Задар, да не ги тестираат играчите што дошле јер немало потреба за тоа, да не се замарале со поставување на средства за дезинфекција на место каде се одржувал турнирот, да му веруваат на Гришо кој тврдел цело време дека има сончаница и воопшто да не инсистираат за социјална дистанца помеѓу играчите и присутните на турнирот.
За Новак веќе се изјаснив и само ќе се повторувам, али он е спотлајт тука и вметнувањето на неговото име носи повеќе кликови, нарочито на западните медиуми кои кур ги боли за Србија ко земја или Хрватска, а проблемот за овие 2 земји е многу поголем од Џокович, нешто слично ко кај нас и тие што дозволија посета на верски објекти во ситуација кога бројките стагнираа и имаа тренд на намалување. Проблем за Србија конкретно е што Новак го одовлекува вниманието од вистинскиот проблем за нив, барем кај хрватите тоа не е случај, вчера и денес сите нивни релевантни весници виновникот веќе го лоцираа каде е, и сите пишуваат за тоа.
Претставници од Адрија турот им се обратиле, овие им рекле вака и вака ќе праите, и истиве си се поставиле според тој наметнат стандард, кој бил многу лош. Не може да очекувате од некој кој за прв пат воопшто и огранизира ваков турнир, истиот да го префекционизира за моменталните потребни пандемиски стандарди, и тоа повеќе од јасно им беше и на србите и на хрватите, и пак им дозволија. Тоа е она што Вишко во својата колумна целосно го игнорираше, ко и фактот дека во една таква ситуација НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРА турнир, нит од некој кој веќе има големо искуство зад себе на тој план, бидејќи и тој исто има 0 искуство во ек на пандемија, а најмалце од некој кој дебитира на тој план ко Џорџе Џокович на пример. За него имам високо мислење ко новинар, и разбирам зашто е субјективен на тема Новак, али кога глумиш политички коректен, или неутрален, ке навлечеш голема критика и гнев.