Баче, да не бидеме оффтопик во другата тема, па тука подобро.
Гледав од овој Михаил некои видеа со англиски превод што беа. Типот јасно му е на каде иде целата работа, има реални објаснувања, ама многу манипулира, т.е. причините за проблемите ги препишува на капитализмот без потврда, а претходно ги обвинува властите.
Видеото што му го гледав (во телевизија некоја сам беше) за капитализмот што збори, од една страна кажуваше дека сите мерки Русите што ги имале биле лоши за нив, контрапродуктивни, нели фактички во право е. Ама како за тоа го обвинува капитализмот, знаеме Русите никогаш немале капитализам, плус едно време кажува дека СССР биле пред САД па после почнале да губат трката.
Исто и Америка, тие одамна немаат капитализам како што имале да речеме пред 60год, сега е хибрид на социјализам со олигархија, кој дефинитивно нема шанси да опстане, па затоа неизбежно е западот да крахира.
Исто кажува дека Путин на почеток бил со либералите, на почеток, елитата морал да ја смирува, т.е. да воспостават правила на игра (ама не ги уништил или земал парите, освен тие што не прифатиле).
Е сега прогнозира индустриски дека ќе се вратиме во 60те, што нема логика, технологијата е тука, без разлика што потрошувачката ќе се намали, сепак до толку назад не ми е веројатно. Два напред, еден назад, (сега моментално сме на почеток од тој назад

)
Проблемите произлегуваат како што и самиот тој кажа од државните институции.
Хазин лаже

, но тоа не е важно, за дел од проблемите е доста посветен, не верувам дека е од само себеси, а за решението што го предлага е на Родшилската група и не е баш правилно

.
Дугин дава не лоша алтернатива.
Зашто да се смета Канибализамот за нешто правилно или целиот Постмодерн?
Една од тезите на древните филозофи е дека било која ствар можеш да ја докажеш, во смисол градиш цела конструкција околу неа и на крај краишта ја докажуваш, истото важи и за постмодернот.
Што е толпоелитаризам, до каде води, од тука потекнува се. Дел сакат да имат слуги, јахти, 77 девици... како и да вртиш доаѓа до ропство, капиталистичко, феудално, робовладелско /и во социализмот имало црвена буржоазија/ .
Од таа алчност еден дел се групира, презема власт и тоа се предава во наследство, произволен систем со над 500 члена има веројатност да премине во толпоелитарен.
Денеска, 7% произведуваат храна за сите, и околу 20% важни потреби за живот и производство. Останатите се клатику*, ку* се тресе професии, седиш на пешачки и помагаш децата да поминуваат тоа ти е тип работа - собраќаец, или дула - психолошки советник на бремени жени...
Целата оваа консумација, не е нормална, како ќе расте БВП вечно, по 3 кила месо ли треба да јадеме на ден, секој ден нов фрижидер, телефон да купуваме. Нормалната консумација била 50-и години, ова денеска е форсирано, само некој превари, прво е во главата дека треба да си модерен да купиш од супер новиот модел, башка и со замисла го намалуваат експлоатациониот рок на се, од кола, шпорет, куќа, патики ..., те уценуваат со резервни делови, или се скапи или не се поддржуваат.
Може и поинаков тип на општество да биде, тип идила, место да идам у теретана петпати неделно, со разни вмирисани и со тетоважи сомнителни типови, ја би орал нива, онака рачно со два вола, би косел...
Големо чудо ако сум инженер, пишувам софтвер и фримвер, што има големо и интересно во тоа, ниту сум го фатил бог за муда, ниту пак така се осеќам. Она курчење, да си ги мериме алиштата или колите, чија била поголема, нема потреба од тоа, да има здраво општество, за тебе и за децата, убава медицина, еднаш годишно на одмор да отидеш, и кола не ми треба, можеш и со коњ отидеш до селската коперација да си купиш брашно...
Еве едно култово видео на Александар Дугин, не е баш се по КОБ-ДОТУ но е во правилна насока.