Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.530
C

CoolIris

Гостин
Србите ги местат резултатите бетер него нашиве партии избори што местат, чекај да видиш што ќе им се случи сеа после избори

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Па на нашиве му одговараат високи бројки. На Заев и компанија.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
356
Поени од реакции
207
Па на нашиве му одговараат високи бројки. На Заев и компанија.
После избори веданш во србија ќе се врати полицискиот час така да и македонија го чека истото
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Па на нашиве му одговараат високи бројки. На Заев и компанија.
На никого не му одговараат високите бројки. Лошото е што ова многу сигурно не се точните бројки туку се многу полоши.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Заради ваква некоја багра го јадевме стапот цел свет. И на овие ќе им објасниш да не гнетат свашта, ебате тоа забеганите. Само со сила може да се сузбие ова, никако на друг начин.

 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Па на нашиве му одговараат високи бројки. На Заев и компанија.
Доволно високи за да намали излезност, ама сепак и доволно ниски за да може да ги менаџира, и да не му излезат од контрола предизборно.
 
Член од
31 мај 2020
Мислења
92
Поени од реакции
128
Пазете го црвениот underline. Задоволство и луксузирање!
Така бато, хедонизам и баханалии уште фалат у оваа јебена реченица пошо до тоа ни е дојдено скроз. :ojeaa:
 

Attachments

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Доволно високи за да намали излезност, ама сепак и доволно ниски за да може да ги менаџира, и да не му излезат од контрола предизборно.
како згодно му се погодија баш толку да се
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
како згодно му се погодија баш толку да се
Ко на Вучиќ што му се погоди да истребат корона, зошто му требаше висока излезност заради легитимитет.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Луксузирање е да прошеташ еден саат после втора смена на работа а да леташ со пари од народот до Бразил и да јадеш лешници и бадеми е потреба. :pos:
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.089
Поени од реакции
6.456
Дали тоа значи дека 1.херојот наш Филипче со своите постапки и укинувањето на рестриктивните мерки (чија цел беше, според него, да се спречи ширењето и да не се оптовари здравствениот систем), свесно, заради партиски интереси, дозволува оптоварување на здравствениот систем, и како последица на тоа многу откажани прегледи и смрт?

Дали тоа него го прави 2.министер за смрт, можеби, чим свесно дозволува оптоварување на здравствениот систем заради избори? :unsure:

3.Плус, Филипче никаде не спомна дека избори се причина за укинување и разлабавување на мерките, туку дека разлабавувањето се должело на "анализа на бројките", познати биле кластерите, не било страшно, сѐ било под контрола.

Зарем е можно еден херој да лаже и да го прави будала цел народ? Еднаш едно да кажува и прави, а другпат друго?
1.Незнаев дека филипчето станал херој, веру најс (y)
2. Веќе имавме еден министер со тој надимак, дајте нешто ново.
3. Комисијата за заразни болести мислам дека беше против укинување на рестриктивните мерки и за да има полициски час за време на цел викенд кога беше бајрам, но за пусти гласови на заев дојдовме до тоа.
И незнам дали сте приметиле дека заев пред време ги кажува одлукуте на комисијата, 24 часа пред тие да бидат предложени. Тој рече дека за време а бајрам неморало цел викенд полициски и тоа беше потврдено од владата, заев рече дека нема потреба од вонредна состојба наредниот ден претседателот ја укина истата, заев рече дека ќе нема веке ограничувае во движењето тоа и го средија за 2 дена се укина. Заев рече дека ќе изготват овие план за избори во рок од 3 дена истиот беше направен и изгласан. Поентата ми е дека се се прави за да има едни избори а едно е јасно во нашата држава најдобро функционира кога има ТЕХНИЧКА ВЛАДА.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.788
Поени од реакции
30.647
Со самото тоа дека ќе има избори уште еднаш покажаа дека не им е гајле за народот туку фотељата, какви бранови и пикови нема такво нешто, граници ќе се отворат, мртви ќе воскреснат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
@bijons
Шо знам, лани имаше епидемија на морбили. Значаен дел не биле вакцинирани. Во регионот бројот на вакцинирано население опаѓало, бар така викаа. Државен испит, во најголем дел од случаите се полага за државна работа. Партиска книшка ти е побитна од картонот за вакцинација. Башка никој не те условува да се вработиш во приватен сектор.Гледам уште не ти е јасна разликата помеѓу вакцинацијата и задолжително земање крв. Ај доктор си, ќе ти текне.
...токму за тој период зборувам, доказ за примена вакцина против морбили (МРП) за да пријави испит, конкретно зборувам за државен испит за медицински лица и со високо и со виша и со средно образование, требаше да приложи доказ инаку нема полагање!

... не е точно дека државен испит се полага во најголем дел за вработување во „државна работа“, државен испит полагаат СИТЕ со медицински, па и други професии кога ќе дипломираат со високо, или со средно, без разлика во кој сектор (приватен/државен) во иднина ќе работаат, како услов да можат да ја работаат своја професионалната работа, но ако сакаат да работаат како келнери, продавачи, диЏеј не му треба лиценца од домен на медицината!

...за да може тие со високо образование да основаат приватна здравствена дејнсост треба да полагаат државен испит, при што ако положат добиваат „Лиценца за работа“ од соодветните комори, тука спаѓаат сите приватни матични лекари, педијатри, стоматолози, гинеколози од примарно здравство за да работаат во своите приватни ординации.

... за тие што имаат средно медицинско образование, више или високо за медицинска сестра исто и тие полагаат државен испит при што тие добиваат Сертификат или Уверение за положен државен испит (тие не можат да добијат лиценца, оти не можат да основат самостојна дејност од областа на медицината т.е. самостојно да работат, туку само покрај тие со високо образование што имаат лиценца за таква дејност),

... ако си медицинско лице мора ова да го знаеш, ама како што се земаат денес потписи при стажирање и не се знае што како се зема и зошто се зема и што е тоа државен испит, не ме чуди, а можеби не си ни медицинско лице,

...како за инфо, исто важи и за други профили, правник да може самостојно да работа како нотар или адвокат мора да полага државен испит да добие лиценца за самостојна правна дејност, архитект да отвори проектанско биро т.е. самостојно да работи треба да положи исто државен испит да добие лиценца за самостојна работа... тоа значи „гаранција“ за државата дека истите тие ќе работат според законски прописи, а доколку ќе ги прекршат законските нормативи во нивната професионална работа им се одзема таа лиценца за со високо кадри или Уверение за со средно кадри и со тоа тие не можат да работаат, било во приватна, било во државна установа!

... и не само тука е важен тој документ, туку на пример, медицинска сестра или било кој медицински техничар заминува во ЕУ и го примаат веднаш на работа поради дефицит на медицински кадар и ако покрај другите документи не приложи Сертификат- Уверение за положен државен испит не може да се вработи!

...и на крај разликата од задолжителна вакцинација личен и колективен имунитет и новонастанатата ситуација со нова подмолна болест КОВИД19 која како пандемија за шест месеци не најдоа решение токму поразлично размислувам од другите кои под инерција имаат само една линија до тука и толку, освен д-р Жан Митрев со дело т.е. успешен обид со хемофилтрација успеа да го острани вирусот од крвта на пациентот, а со тоа и од телото... другите со што лечат? парацетамол и азитромицин се лекови против вирус, напротив уште повеќе се намалува имунолошкиот одговор на телото со антибиотик, каде се тука експертите имунолози да дебатираат околу имунолошкиот одбранбен систем кај моментален инфициран со коронавирус и антителата од конвалесцентната плазма од здрав со прележан КОВИД19?
... ама ај тоа е друга тема, мора по шема, по протокол и тоа е тоа...на жалост!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom