Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
10% за тебе малце е? За човечки животи зборуваме, не за компири.
Се сложувам со ова што го пиша.
Само треба и друго нешто да не заборавиме, доколку е само 10% повеќе ние треба да се подмочкаме од среќа. Доколку, короната, што предизвика пандемија на светско ниво, во рок од 1 година во држава, вукојебина како нашата го зголеми морталитетот за САМО 10% ние сме добиле ЏекПот.
Цитирам
„Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.6 % во однос на претходната година и изнесува 20 446 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 616 или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 112, a нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 0.5 % на 100 умрени лица.“
10% повеќе ќе му дојде одприлика 2044 лица. Да, не е малце, воопшто не е малце 2044 смртни случаи повеќе, но со оглед на тоа со каков вирус имаме работа, поточно со оглед на тоа како сите го претставуваат овој вирус и колку само паника се крена и каков ХАОС се направи насекаде во светот, покачување на морталитетот за 10% спаѓа во тоа САМО 10%.
Не сакам да ме сфати некој погрешно, и 1 живот да е + сепак е трагично.
И 1 живот плус е сепак ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ а не само бројка на екран. Но со оглед на тоа каква квази држава сме, со колку лошо здраство, во предизборен период без асална владеачка гарнитура.... 10% воопшто не е најлошото сценарио.
Да се разбереме, доколку коронава е стварно до толку „Страшен“ вирус, цел свет што го стаи „под клуч“ и направи општ хаос, некои и ја споредуваат со многу по страшни болести како „Шпанскиот грип“ којшто бај д веј зема 1/3 од заболените, ако поминеме со под 10% покачување на морталитетот треба да бидеме задоволни. Сепак, вирусов не е заебанција, а 10% за ваков ХАОС што се дешава на светско ниво не е голема цифра...
 
Ова не можам да го сфатам како ги оставаат луѓево со други здравствени проблеми да умираат, зарем нема никакви опции за нив?? Страшно и прежално...

Ова е втор случај ( колку што знам ) што одбиле да примат повреден што го носат од Велес.
 
Ова не можам да го сфатам како ги оставаат луѓево со други здравствени проблеми да умираат, зарем нема никакви опции за нив?? Страшно и прежално...
најстрашно е, што и пред ковид оваа работа не идеше баш најдобро
 
Во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19.

- Скопје 57
- Куманово 13

- Дебар 1
- Штип 3
- Тетово 19
- Струга 1
- Велес 1
- Битола 2
- Охрид 1
- Гостивар 1
- Ресен 2

Починати се 5 лица
, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти.
- Скопје 11
- Тетово 10
- Велес 1
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.
 
Има еден куп на болести каде што таа бројка од 10% би можеле да ја намалиме. Од тие околу 22к починати годишно што ги имаме веројатно добри 40% се директна или индиректна последица на сиромаштија (нередовна, нездрава, неправилна исхрана, живот со субстандардни услови). Ама не, ние сме се фатиле за овие 10% што во моментов за нас се виша сила, која не можеме никако да ја контролираме. И се опседнуваме со тоа.
Види, јас се слагам дека ова со вирусов повлекува ред други проблеми, економски, социјални, политички, итн..., ама глупо некако звучеше кога ги напиша тие 10%, божем ај што се рецимо +10 мртви на 100 луѓе, пичкин дим, што и не е баш океј.

И не се слагам дека овие 10% (иако се дадени од ракав, од твоја страна, ама ај кога веќе почнавме муабет да тераме со таа бројка) се виша сила, иако сфаќам што сакаш да кажеш. Ако ние ко граѓани се однесуваме одговорно, ако не одиме по ифтарски вечери, ако не правиме мекици и не славиме родендени, тие 10% може да бидат 5% (и ова е од ракав бројка за да доловам) зашо ќе биде спречено ширењето на вирусот и формирањето на нови кластери, барем во добар дел пошо нели невозможно е да исчезне вирусот, нема да има пренатрупани болници и ќе може колку толку и останатите клиники да ги извршуваат редовните работи, нема да има стравување за дали некој ќе биде хоспитализиран со било каква болест итн итн, да не набројувам, сфаќаш што сакам да кажам. Јбг, ние се одлучивме за она другото сценарио, поцрното.

Имаше мислам Берик пишано, добро почнавме, али од оној проклет викенд на крајот на мај кога беше Рамазан и Кирил и Методиј си еба мајката и вирус и ситуација и све. Почнаа да излегуваат болните од ифтарските вечери, а бидејќи мерките се пуштија тој период народот си тераше нормално, почнаа скоро сите на работа и еве го епилогот моментално, хорор.
 
Да, ама ова што ти го збориш се вика просветителска акција. И не може да трае 3 дена, или 3 спота, или 3 повици. Тоа се случува константно, и треба да трае со децении и генерации. Значи во моментов, таа бројка (без разлика дали 10, 5, 3, 30%) е виша сила. И не може да ја смениме во толку краток период. Тоа е работа на образовна стратегија.
 
Повреден од сообраќајка не го примиле во 8-ми и на клиника оти не бил ковид, починал од внатрешно крварење...
Дезинформации. Здравството не е пренатрупано, има доволно персонал, се е под контрола.
 
300 се пријавиле да донираат плазма за лек за ковид?

личи неверојатно за Македонија, толкава грижа за општото добро, но кога ќе ти текне дека министерот рече оти кластерите се у две семејства, онда и не е толку чудно што сакаат да си ги спасат своите членови
 
И ифтари и се помина, бројкиве си тераат по старо. Во Аеродром, општина која има доста повеќе жители од Чаир за 24 часа има само еден нов случај, во Чаир 20... И не е само Аеродром таков случај, другиве општини имаат горе-долу стабилна ситуација.

Еве и ова:
104760101_3056729111070294_737160007510509837_o.png
 
Тоа што не се до крај разјаснети механизмите по кои делува вирусот, односно зошто некои луѓе го прележуваат како да е пи*кин дим а кај други од досега еден куп Х фактори состојбата се комплицира и настапува смрт, е баш оваа сива зона е страшна, оти не може точно да се утврди уделот на вирусот во смртта и оној на човечкиот фактор, односно дали здавствениот систем ги презел сите опции што му стојат на располагање. Многу лесно некако смртноста барем кај нас се припишува исклучиво на вирусот а надвор од равенката се исфрлаат другите фактори, се некако се сведува на ,,почина од корона" и толку. Мене барем отсекогаш ме загрижувал повеќе здавствениот систем отколку самиот вирус. Кога се ова ќе заврши, некаде во светот ќе се испитаат буквално сите фактори, и во равенката ќе се вметне и коефициент со оценка за здравствениот систем, па ќе се излезе со точна проценка. Кај нас тоа тешко дека ќе се случи. Тргнувајќи од овој заклучок не ми е јасна ноншалантноста на населениево. Па кај нас и пред вирусот се случуваа мноштво смртни случаи под сомнителни околности каде здравството излегуваше со штури објасненија, не пак сега. После ова ќе излезе некој политичар, ќе изрелативизира, ќе направи спин, ќе рече - што сакате, во цел свет е така. Работава е што не е баш така ни во регионов, не пак во светот.
 
И ифтари и се помина, бројкиве си тераат по старо. Во Аеродром, општина која има доста повеќе жители од Чаир за 24 часа има само еден нов случај, во Чаир 20... И не е само Аеродром таков случај, другиве општини имаат горе-долу стабилна ситуација.

Еве и ова:
104760101_3056729111070294_737160007510509837_o.png
кога и да идам у црква, 95% од времето нема жив човек унутра
8-мица е пресмешно, најобективно е нула
сериозен сум

е сега, ко ќе видиш има и друга една религија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom