- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.578
- Поени од реакции
- 5.622
Се сложувам со ова што го пиша.10% за тебе малце е? За човечки животи зборуваме, не за компири.
Само треба и друго нешто да не заборавиме, доколку е само 10% повеќе ние треба да се подмочкаме од среќа. Доколку, короната, што предизвика пандемија на светско ниво, во рок од 1 година во држава, вукојебина како нашата го зголеми морталитетот за САМО 10% ние сме добиле ЏекПот.
Цитирам
„Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.6 % во однос на претходната година и изнесува 20 446 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 616 или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 112, a нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 0.5 % на 100 умрени лица.“
10% повеќе ќе му дојде одприлика 2044 лица. Да, не е малце, воопшто не е малце 2044 смртни случаи повеќе, но со оглед на тоа со каков вирус имаме работа, поточно со оглед на тоа како сите го претставуваат овој вирус и колку само паника се крена и каков ХАОС се направи насекаде во светот, покачување на морталитетот за 10% спаѓа во тоа САМО 10%.
Не сакам да ме сфати некој погрешно, и 1 живот да е + сепак е трагично.
И 1 живот плус е сепак ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ а не само бројка на екран. Но со оглед на тоа каква квази држава сме, со колку лошо здраство, во предизборен период без асална владеачка гарнитура.... 10% воопшто не е најлошото сценарио.
Да се разбереме, доколку коронава е стварно до толку „Страшен“ вирус, цел свет што го стаи „под клуч“ и направи општ хаос, некои и ја споредуваат со многу по страшни болести како „Шпанскиот грип“ којшто бај д веј зема 1/3 од заболените, ако поминеме со под 10% покачување на морталитетот треба да бидеме задоволни. Сепак, вирусов не е заебанција, а 10% за ваков ХАОС што се дешава на светско ниво не е голема цифра...