Една многу реална ситуација што загрижува.....се лупаат во гради имаме капацитети, Козле нов ковид центар и сл. Можат уште десет монтажни болници да направат, но кој ќе работи таму......факт е дека немаме медицински кадар.....автоматски им паѓаат во вода сите тие "слободни" кревети што ги набројуваат. Со овој тренд на секојдневно новозаболени за кратко време се ќе биде преполно, и што тогаш......тотален колапс.
Друга работа што крајно иритира....што е со сите останати кои веќе подолг период имаат потреба да стигнат до специјалистички преглед....но безуспешно.....не сите имаат пари да одат по приватни болници. Човек да "не смее" од ништо друго да се разболи....лудило.
Па срамота е за луѓето кои имаат хронични заболувања, сами на своја рака да ја регулираат редовната терапија или во телефонски консултации со матични лекари.....потребен им е специјалист од одередена област.