Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
3000 активни случаеви, па Македонија нема толку полиција или каков и да треба друг кадар за да спроведи нивно анкетирање или изолирање....незнам зошто сеуште немаат побарано помош од Европа, не пари, луѓе ни требаат.
Во Битола почнаа да пренаменуваат други одделенија за Ковидовци, Охрид и Струга се веќе полни...а тек почна да крева Преспанско-пелагонискиот регион.
 
Чудно ми е ова тестирањето.
Преку ден се менуваат бројките пример во Куманово и Дебар.
Еден ден Куманово 11, другиот 1.
Истото и со Дебар.

11 починати, навистина многу. :(
Автоматски споено мислење:


И за Пекинг читав, дека прават брзи тестови на наслението.

Ние на 185 заболени, ги разлабавуваме мерките, Кина на 30 заболени, воведува карантин.
Ние требаше уште на почеток Април некаде да тестираме масовно.
Ене читам Србија размислувале за враќање на полицискиот час , колкави дебили испаднаа тие мајко мила, отворија дискотеки, на натпревари по 15 000 публика и сега видоа дека направија глупост ајде пак полициски.
Треба да одговара некој за ова.
Се такмичиме со Србите кој поголема глупост ќе направи за време на пандемијата.
 
Ако против нешто сум највеќе, тоа е дефинитивно полициски час!
Или целосен лок даун две недели, па и три ако е неопходно и масивно тестирање на населението или целосно распуштање и толку.
 
Ако против нешто сум највеќе, тоа е дефинитивно полициски час!
Или целосен лок даун две недели, па и три ако е неопходно и масивно тестирање на населението или целосно распуштање и толку.
Кога ке се откажеш од плата наредни три месеци,тогаш "лок даун"
 
Како бе словенциве изиграа добро, не ми е јасно?

Што им даваат на болниве, ц витаминче???? Многу умрени за милион и пол народ. Срамота е ова

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Приметувате како еден ден во Куманово има 1, а во Тетово 20 па другиот ден обратно. Исто се случува и со Штип, Струга, Охрид, Ресе, Гостивар. Немаат капацитет да извршат тестирања во повеќе градови од еднаш.
 
Приметувате како еден ден во Куманово има 1, а во Тетово 20 па другиот ден обратно. Исто се случува и со Штип, Струга, Охрид, Ресе, Гостивар. Немаат капацитет да извршат тестирања во повеќе градови од еднаш.
Тоа го пишав и јас погоре...!
Во реалноста бројката е многу поголема.
 
И не, министер без собрание тешко дека може да се смени.
Кога може без Собрание да донесуваат 85 часа карантин за Велигден и Духовден, а 42 за Рамазан, така може и министер да сменат ако сакаат.

Ама не, полесно им е да имаат дежурен кривец. Градоначалници вадеа луѓе од станица, делеа флаери по улици дека сме го победиле вирусот, на 15 заразени дневно воведуваат рестриктивни мерки и полициски часови, а на 1200 заразени неделно ги укинуваат сите мерки, не било страшно, сѐ било под контрола, состојбата се нормализирала, познати кластери биле, бла бла бла... го опуштија народот до степен и најголемите падавичари да станат скептици, и после народот им бил крив, не почитувал мерки и препораки.
 
Тоа го пишав и јас погоре...!
Во реалноста бројката е многу поголема.
Тури ваму - тури таму, по потреба!
Така ми стои ова.
Господ само знае колку има.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Многу ми е интересно како бројкава секој ден е горе-доле иста. Како да им има некој кажано, правете што ќе правите, бројка со над 200+ не објавувајте. Сега не викам дека кријат, можеби стварно во еден ден не изброиле 200+, ама трендот со 185,186,197,196 итн.. е во најмала рака сумљив.
Маркетиншки трикови. 199 денари не е 200 туку е сто и нешто xD
 
Кафичи отворени, пазари отворени, ресторанчиња. Вчера во Кубанскиот конги рокале, во понеделник Синеплекс со состанок за да почнат со работа, економијата прејака не смее да трпи. Луѓево, вака или онака, ќе си умрат.

Казна за неносење маска 20 евра, 10 евра ако ја платиш во рок од недела дена или десет дена, колку и да е :pos:

20 евра.....
 

Македонска работа, направено, недоправено. Паркингот и патеките супер изгледаат, ми ги покажаа ама ова...
i koja e poentata mvr da sankcionira koga gradonacalnici na sdsm gi osloboduvaat? nemozes da vikas mvr e kriva koga odredeni drzavni moknici si se postavuvaat nad niv i toa proaga. neka gi apsi sega gradonacalnikot, nema sto mvr i nake da go mesate.
А Наќе зошто е таму во МВР, да дава прес конференции, да се слика со 10 маски донации од Кина или пак да преземе нешто? И напротив, ако гледам дека ги ослободуваат, уште повеќе ќе давам наредби за апсење за да се бламираат и да го свртам народов против нив, подобра предизборна кампања од себебламирање - амин. Само, сите знаеме дека слечени им се гаќите на двете страни и не мора да се релативизира на оваа тема.

Барем онаа Мизрахи ги нервираше малокуревциве, овој се претопи во нив.
Многу ми е интересно како бројкава секој ден е горе-доле иста. Како да им има некој кажано, правете што ќе правите, бројка со над 200+ не објавувајте. Сега не викам дека кријат, можеби стварно во еден ден не изброиле 200+, ама трендот со 185,186,197,196 итн.. е во најмала рака сумљив.
Не е сумљиво, тоа е тоа, бројот на контакти кој се дава горе доле е ист, со 100+- на дневна база тестирани. Само што како што кажа Сабја, може да се деси да ги поделат по денови :)
Како бе словенциве изиграа добро, не ми е јасно?

Што им даваат на болниве, ц витаминче???? Многу умрени за милион и пол народ. Срамота е ова

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk

Сериозно не споредуваш со Словенците? :pos:

Абе овие се штракнати, дури и јас што сум по спортот ви кажувам. И старо и младо фаќање точакот и возење до Алпите, пентарење натака, скијање на зима по Крањска гора или Италија, на лето фудбал/баскет секој ден после работа... Задолжително занимавање со спорт додека си во гимназија, бесплатен јавен превоз за секој регистриран спортист, контролирана дистрибуција на лекови/антибиотици (не како кај нас мавај Амоксиклав за секој случај) , за чист воздух, звучно загадување да не правам муабет и се чудиш како имаат мала смртност? :)
Не дека не се по чашката, скраја да е ама немаат како кај нас excuse секој божји ден за да ја тргаат. Кога се кренаа мерките немаше статуси - Добивме датум за кафана. :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom