Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Во вонредна состојба владата може да носи уредби со кои ја превзема улогата на Собранието. Значи, не мора да го поднесе до никој, туку да донесе уредба со која го разрешува Чулев и назначува некој друг.
Ама по заврашување на вонредната состојба ќе мора да се врати Наќе, но имаат заменичка, но исто така го имаат и БЈБ кој може да делува без наредба од Наќе, ако се сеќавате Чавков е единствениот одговорен без разлика што министерот знаел однапред што ќе се случи.
 
104879811_10158590186266532_1668436242363932849_n.png

важно почнавте со кампања, па имате во програма освен интернетот и од врата на врата да одите ?? ќе ве маваме со трули патлиџани, на каква врата ќе доваѓате...
 
Vreme e da se otpišat izborite.....najrano do 30 Avgust koga i Crna Gora ke pravi izbori

Sve drugo e glupiranje
 
Хаос........битно копитава кампања тераат.....на избори ќе се одело.
На никој не му е гајле за нас обичните смртници.....за нашето здравје. За нив единствено битно е да им удоволат што повеќе на албанците и да се сместат во функционерските фотељи и да продолжат да дрпаат. Ако јас искочам да гласам на избори, името повеќе да не си го слушнам.......вукојебина гадна сме :facepalm:
 
Дебар 18. Нема крај ова

Исто и Струга 20 денес.Нема што се опуштија максимално луѓето видоа дека власта отвара се живо и диво дали ради политички дали ради економски причини не е битно веќе тоа,работава е веќе далеку далеку отидена надвор од контрола.Да му ебам мајката денес во 17 града имаме нови случаи кој се најдени.А кај се тие што ке се наоѓаат деновиве.
Имаме денес и рекорд на умрени чак 11.....Ама најбитно е дека пијаницата бил позитивен или мајка му на станко и петко била позитивна.Нема ама нема минута ситуација момент кај нас работата да не се политизира и да се гледа прво од политичка а после од друг многу побитен аспект.
После ова не знам како уште искача Филипче на прес па остај тоа ни дава и утеха дека и во другите земји околу нас бројките иделе нагоре.Алооо не ме интересира за нив гледај си своја тераса остај го комшијата.Ама џабе е се.Ако почнавме со ифтарите сега продолжуваме со полуматури со матурски со планинарски и рибарски друштва и да го слушам Обиџуко како се фали дека се е под контрола....СРАМОТА
 
Чудно ми е ова тестирањето.
Преку ден се менуваат бројките пример во Куманово и Дебар.
Еден ден Куманово 11, другиот 1.
Истото и со Дебар.

11 починати, навистина многу. :(
Автоматски споено мислење:

Луксембург ќе го тестира целото население, во ред 600 000 жители се ама сепак правилен потег.
И за Пекинг читав, дека прават брзи тестови на наслението.

Ние на 185 заболени, ги разлабавуваме мерките, Кина на 30 заболени, воведува карантин.
 
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 363
• Аеродром – 129
• Бутел – 133
• Гази Баба – 148
• Центар – 126
• Карпош – 115
• Сарај – 125
• Кисела Вода – 86
• Ѓорче Петров – 69
• Студеничани – 78
• Шуто Оризари – 65
• Арачиново – 52
• Илинден – 25
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 12
• Зелениково-1
• Странец – 4
• Нераспределен-6
 
Нешто Штип намали, ама овие 14 дена имавме и имаме сигурно над 600 во самоизолација.
 
Страшно......
Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 96
- Куманово 2
- Дебар 18
- Штип 4
- Прилеп 1
- Тетово 14
- Струга 20

- Велес 2
- Битола 2
- Охрид 7
- Кавадарци 2
- Гостивар 2
- Крива Паланка 1
- Пробиштип 1
- Свети Николе 2
- Кичево 3
- Ресен 8

Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).
Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.
- Скопје 29
- Куманово 1
- Штип 4
- Тетово 2
- Велес 4
- Гостивар 1
Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид-19. Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.

Многу ми е интересно како бројкава секој ден е горе-доле иста. Како да им има некој кажано, правете што ќе правите, бројка со над 200+ не објавувајте. Сега не викам дека кријат, можеби стварно во еден ден не изброиле 200+, ама трендот со 185,186,197,196 итн.. е во најмала рака сумљив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom